Социјалистичка Југославија својата најсилна ерозија ја имаше во мигот кога дојдоа за наплата странските долгови во висина од 20 милијарди долари. Денес, според стручни анализи, Русија на дневна основа губи 20 милијарди долари само по основ на воени триошоци, без да се сметаат тука економските штети по државата, но и штетите кои ги трпат нејзините граѓани, меѓу нив и мултимилијардерите
ЉУБОМИР КОСТОВСКИ
Кога се рабноти за Украина и војната која ги привлекува сите погледи на планетата сега се е врзано за дилемата – ќе има ли мир? Кога би започнале преговорите? Оваа загатка има две катети – дали Москва ќе може економски да ги издржи трошоците на целата операција која чини ѓаволски многу, покрај големиот блам со големиот пад на угледот на Руусија како велесила, и тоа би била едната катета. Втората катета е врзана за она што значи трпеливиост на западното јавно мислење кое едноставно не може да ги гледа сликите кои доаѓаат од разурнатите градови во една самостојна држава и пред се храбра и обердинета во отпорот земја, па нема да ги притиска своите лидерти да го натераат Путин да седне на преговарачка маса. При тоа е се’ појасно дека целта на Путин е да има преговори бидејќи е свесен декј ја изгуби војната пред се во однос на намерата тенковите да му ја доенсат на чинија бараната цел: да воспостави квинслишка влада која би била неоколопнијален приврзок; Киев треба да признае дека Донбас и Крим се составен дел од Русија а идниот политички лидер – квислинг нека се соочи со сите можни последици кои ќе останат на украинско тло (разрушената земја, земјоделие без никаква поддршка, веројатна глад и огромна маса социјални случаи…).
Гледано преку другата катета западните ставови кон ова прашање засега се цврсто врзани за победа на Зеленски, останува на избраните институции во политичка кондиција, особено по лавовската борба во првиот месец од агресијата кон нив.
Прашањето на одржливоста на таа определба, која си има своја политичка и етичка оправданост, секако зависи и од шансите на воено поле и од потенцијалот кој го дава Западот во одржливоста на сторијата „до последниот Украинец“!
Сосема е јасно дека Кремљ нема да се согласи да преговара со било кој политиички чинител на Украина. Самиот факт што руските лидери би седнале на маса со врвните колеги од НАТО или ЕУ би биле во голема мерка некаква сатисфакција за суетата на Путин, бидејќи, би ја одржала во кондиција неговата вообразена престава за „освета на моќниот Исток кон трулиот и алав Запад“.
Империјалната логика со која се води рускиот шеф на државата, која веќе е општо прифатена како дефиниција, го води кон некогашните поделби на трајни сфери, кои се подразбирале и кога поранешниот СССР и претходно царска Русија ја делел Европа по должина и широчина. Позната е бољшевичката поговорка дека „за судбината на Полска нема да разговараме во Варшава, туку во Берлин“ а тоа сака да го демонстрира пред камерите и Путин сега, сугерирајќи дека за иднината на статусот на Украина би разговарала со помоќните сили, секако надвор од Киев и веројатно тоа би бил основниот услов со чие исполнување би се закочувале воените дејствие на неговата армија.
Ете го крокито на едната (руската) катета – константа која веќе се оформува појасно. Гостувајќи неодамна во Брисел, претседателот на Турција Ердоган ги замоли западните лидери да остават простор за достоинствено повлекување на Путин!
При тоа и Путин игра со времето! Откако не успеа бо својот блиц-криг тој тоне, сликовито, со тенковите во украинските ниви кои годинава нема да се посеат, туку и во трошоците кои се огромни со секој ден на траење на војната. Да направиме паралела – социјалистичка Југославија својата најсилна ерозија ја имаше во мигот кога дојдоа за наплата странските долгови во висина од 20 милијарди долари. Денес, според стручни анализи, Русија на дневна основа губи 20 милијарди долари само по основ на воени триошоци, без да се сметаат тука економските штети по државата, но и штетите кои ги трпат нејзините граѓани, меѓу нив и мултимилијардерите
Во веста што ја објави онлајн консултантската компанија „Консалтанси“ отстапен е простор за истражувањето спроведено од тинк-тенк организациите „Центер фор икономик риковери“ и „ИзиБизнис“ и консултантската компанија „Цивита“. Во истражувањето што врз нивните наоди ги направи Агенцијата Анадолија трошоците за војната што Русија ја започна против Украина на 24 февруари може да ја чинат московската администрација над 20 милијарди долари дневно. Покрај тоа, во истражувањето се вели дека обемот на мобилизацијата, кое вклучува логистика, персонал, муниција, гориво, лансирање ракети, ќе чини повеќе пари секој нареден ден и се истакнува дека со зголемувањето на обемот на инвазијата, дневните трошоци на Русија за војната може да надминат постојната дневна сума од 20 милијарди долари.
Од друга страна, вредноста на рубљата падна на историски ниски нивоа поради санкциите воведени од меѓународната заедница со цел да се дестабилизира руската економија и земјата да се одврати од агресијата.
Се истакнува дека додека руските компании забележуваат брз пад на пазарната вредност, московската администрација има потешкотии да ја одржи макростабилноста поради новите ограничувања на тргувањето со државни обврзници и замрзнувањето на средствата на Централната банка (најмалку 370 милијарди долари само во трите најмоќни европски држави).
Еден од обидите во спротивна насока е продавањето на нафта и гас само во рубљи што веднаш ја подигна вредноста на руската валута. Тука сега има карташка игра на нерви, бидејќи, ЕУ веднаш одби да се согласи на такво „кршење на договорите“ кои предвидуваат пазарење во конвертибилни валути. Впрочем, трговските ограничувања се очекува да предизвикаат голема штета на руската енергетски зависна економија, во истражувањето се истакнува дека забраната за увоз на високотехнолошки производи ќе влијае и врз синџирите на вредност на среден и долг рок.