Дневниот весник „Ослобоѓење“ пишува дека Србија испратила во БиХ службеници на БИА и тоа они кои се сметаат за организатори на нападите во Македонија на 27 април минатата година
РЕДАКЦИЈА ГЛОБУС
Најмалку десет оператори на БИА и други безбедносни служби од Србија се во БиХ, каде што се обидуваат да влијаат врз изборните резултати, смета локалниот „Журнал“, пренесува „Ослобоѓење“ а основа се сознанија од неколку домашни и меѓународни извори. Тројца од оперативците имаат дипломатски статус во БиХ.
Според официјалната листа на српската амбасада во БиХ, дипломатските работи во БиХ ги врши Горан Живалевиќ, поранешен заменик-директор на БИА. Тој веќе неколку години ја вршеше истата работа во Македонија. Весниците се повикуваат на документите објавени од страна на македонските медиуми, по кои, знаеме, Живаљевиќ бил еден од организаторите на минатогодишниот напад во Собранието.
Управата за безбедност и контраразузнавање на Македонија (UMK) во нивните документи констатирала преку прислушување на Живаљевиќ дека неговата цел е „да се промовира руската политика и на Груевски, но, исто така, да се бори против влез на Македонија во НАТО“.
Македонските медиуми објавија дека Горан Живалевиќ бил во македонскиот парламент во времето на демонстрациите на 27 април минатата година. Тогаш маскираните луѓе го нападнаа прозападниот лидер на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ), Зоран Заев, кој подоцна беше избран во македонскиот премиер. Живаљевиќ тогаш потврди дека официјално бил во Собранието, за да види дали некои српски хулигани евентуално биле вклучени во македонскиот парламент – заклучува босанскиот медиум.
Кратко по нападот во Собранието, Живаљевиќ беше вратен во Белград, а потоа прераспределен во БиХ. Во последните денови тој беше во Србија, но тој се вратил на територијата на БиХ на 30 септември оваа година. Формално ги извршува должностите на „прв советник во српската амбасада во БиХ”. Како што претходно најави, српската влада во мај оваа година за амбасадор во БиХ го назначи Александар Ѓорѓевиќ, кој до средината на минатата година беше директор на Агенцијата за безбедност и разузнавање на Србија (БИА).
Ѓорѓевиќ беше директор на БИА кога неговиот вработен Горан Живаљевиќ учествуваше во акција во македонскиот парламент. И сега поранешниот директор на БИА е амбасадор на Србија во БиХ, а неговиот соработник и поранешен заменик-директор на БИА – првиот советник на амбасадорот.
Покрај Ѓорѓевиќ и Живаљевиќ во српската амбасада неодамна го ангажираше Горан Драговиќ, кој формално беше советник амбасадор и офицер за врска на полицијата. Драговиќ има ранг на полковник во српската полиција, а пред три месеци беше командант на жандармеријата на Србија. Од позицијата командант на жандармеријата, тој беше разрешен на 31 јули оваа година, по што беше назначен за дипломат во БиХ. Тој влезе на територијата на БиХ на 19 септември оваа година.
Горан Драговиќ учествуваше во воените активности на Косово. Паралелно со работните места во специјални единици, работеше на обезбедувањето на Дискотека на Гранд Хотел во Приштина, каде што имаше контакти со Жељко Ражнатовиќ Аркан. По доаѓањето на Александар Вучиќ на власт, Драговиќ, според разузнавачките извештаи, имаше директни врски со братот на српскиот претседател Андреја Вучиќ. Како шеф на жандармеријата, тој го посети департментот за специјални операции „Ѓержински”, најелитната единица на Националната гарда на Руската Федерација.
Покрај овие тројца високи разузнавачи и полицајци кои неодамна добија дипломатски статус во БиХ, најмалку седум други оперативци влегле во БиХ.
„Тие изнајмиле станови во пет градови, каде што работат против опозицијата во Република Српска”, се вели во документот во сопственост на „Журнал“. Оперативните лица на БИА се наоѓаат во Бијељина, Добој, Приједор, Бања Лука и Требиње. Под команда на тројца високи разузнавачи, сите активности треба да се преземат за да остане на власт Милорад Додик.
Се сеќаваме дека рускиот претседател Владимир Путин во изминатите седум дена се состана со Милорад Додик и со српскиот претседател Александар Вучиќ. Пред овие состаноци, Вучиќ ги обвини западните земји за мешање во изборниот процес на БиХ. Сепак, неговите оперативци во тоа време работат на територијата на друга држава
Претседателот на Србија Вучиќ во петокот изјави дека ја одложува посетата на БиХ (требаше да ја пушти новата болница „Србија“ во Сараво) наводно на молба на Додик. Изјави дека не сака да се мисли дека се меша во внатрешнит работи на соседите. Веројатно мислел и на поставувањето на Раде Булатовиќ за нов амбасадор во Скопје. Истиот, како што пишувавме опширно во Глобус од 2004. до 2008, во текот на двете влади на Воислав Коштуница, бил на челото на БИА.
Потоа стана амбасадор во Украина, земја во конфликт со Путин. Амбасадорот на Украина во Белград Олександер Александрович даде изјава за медиумите во почетокот на ноември лани со констатации дека Русија преку Белград спроведува политика која не е амо против Украина, туку и против БиХ и Македонија. Во ноември 2017 година Украина го повлече на консултации својот амбасадор од Белград во Киев, а во Србија без коментар се врати амбасадорот Раде Булатовиќ.И упатен е во Македонија, за која Вучиќ вели дека е пријателска, дури и братска земја.
Колку многу разузнувачи на метар квадратен?