Глобус-Неделен весник

  • Македонија
  • Свет
  • Ревија
  • Архива
  • Контакт
  • Фељтон
  • Колумни

БОСНА СТАНА ТОЧКА ЗА ПЕНЕТРАЦИЈА НА БЕГАЛЦИТЕ КОН ЕУ

June 4, 2018 Filed Under: Свет

Се раѓа нова балканска рута, предупредува австрискиот канцелар Себастијан Курц и најавува затворање на границите на неговата земја доколку бројот на бегалци продолжи да расте

БЕГАЛЕЦ ВО САРАЕВО Беше чудно што бегалците и до сега ги немаше крај Миљацка

Додека вниманието на европските земји е насочено кон Средоземното Море и бегалците кои доаѓаат од Африка, речиси незабележано минува новиот тренд на транзитирање на мигранти од Турција, преку земјите од Југоисточна Европа до централна и западна Европа.

Весникот „Цајт“ денеска пишува дека само во Босна и Херцеговина во моментов престојуваат 4.300 бегалци и мигранти, пет пати повеќе од целата мината година. Германското министерство за внатрешни работи ја нарекува БиХ „жешка точка во илегалната миграција“.
„Во Европа се мислеше дека балканската рута е затворена. Тоа е очигледно погрешно. Од германското министерство за внатрешни работи информираат дека нивните колеги во БиХ дневно регистрираат меѓу 100 и 150 мигранти кои незаконски влегуваат во земјата. Бројката е зголемена за 12 пати во однос на 2017 година. Една четвртина од бегалците и мигрантите се Сиријци, а по нив следуваат Пакистанци, Авганистанци, Ирачани и Либијци. И Црна Гора и Албанија пријавуваат двојно зголемување на бројот на бегалци на нивна територија“.

ЖЕШКА ТОЧКА Шатори крај железничката станица во Сараево – ноив бегалски епицентар

„(…) Три бегалски рути во моментов водат до границата на ЕУ. Првата води од Србија, каде голем број бегалци се заглавени уште од 2015 година. Втората и третата рута доаѓаат од Турција. И тоа, и покрај тврдењата дека по Договорот со ЕУ оттаму не доаѓаат речиси воопшто бегалци. И тоа е заблуда“, пишува „Цајт“.

Ваквиот развој на состојбата особено ја загрижи владата во Австрија. Канцеларот Себастијан Курц предупредува дека „се воспоставува нова балканска рута“. Швајцарскиот Ноје Цирхер Цајтунг истата ја нарекува „Албанска рута“, затоа што минува од Грција, преку Албанија, Црна Гора и Босна и Херцеговина се до Словенија. Весникот ја цитира и изјавата на австрискиот министер за внатрешни работи Херберт Кикл дека, доколку приливот на бегалци продолжи да расте, границата ќе биде херметички затворена.
„Во Австрија годинава, до крајот на март, според официјалните статистики, поднесени се 4.000 барања за азил. Тоа одговора на бројките кои беа вообичаени во времето пред бегалската криза. Во кризната 2015 година, азил во Австрија побараа 90.000 луѓе“.

РОДЕНО ВО БЕГСТВО Оваа слика на младата двојка е дел од поширока мелодрама

Канцеларот Курц во понеделникот претстави и реформа на социјалната помош, која предвидува помали исплати за бегалците.
„За да избегнат месечно одбивање од 300 евра на максималната сума од 863 евра, бегалците мора да поднесат доказ за доволно познавање на германскиот јазик. Целта е борба против доселување во нашите социјални системи“, како што ја пренесува изјавата на Курц, весникот Зидојче цајтунг.

 

 

Filed Under: Свет

СДСМ НА МЕЃУНАРОДНА СЦЕНА ГИ БРАНИ НАЦИОНАЛНИТЕ ИНТЕРЕСИ А ВЛАДАТА?
ОРДАНОСКИ: ВОЈНАТА ВО УКРАИНА ГОДИНАВА НЕМА ДА ЗАВРШИ, РУСИЈА НЕ Е ПРОБЛЕМ ЗА НАТО
ИСТОРИСКИ МОМЕНТ ЗА ДЕМОКРАТИТЕ ВО ЊУЈОРК: КОЈ Е ЗОХРАН МАМДАНИ
БЛАГОЈ МИЦЕВСКИ (2): ИДЕНТИТЕТИ – БУДЕЊЕ И УМЕТНИЧКАТА СОРАБОТКА СО РИСИМА РИСИМКИН
СТУДЕНТИТЕ И ГО ОДЗЕДОА ВИДОВДЕН НА ВЛАСТА

Најново

  • СДСМ НА МЕЃУНАРОДНА СЦЕНА ГИ БРАНИ НАЦИОНАЛНИТЕ ИНТЕРЕСИ А ВЛАДАТА?
  • ОРДАНОСКИ: ВОЈНАТА ВО УКРАИНА ГОДИНАВА НЕМА ДА ЗАВРШИ, РУСИЈА НЕ Е ПРОБЛЕМ ЗА НАТО
  • ИСТОРИСКИ МОМЕНТ ЗА ДЕМОКРАТИТЕ ВО ЊУЈОРК: КОЈ Е ЗОХРАН МАМДАНИ

Импресум

Издавач - Здружение за нови политики и слобода на медиуми "Јавност" - Скопје,

Партизански одреди 23/1/3 Скопје

globus@globusmagazin.com.mk

Барај

Сите права задржани© 2025 · ГЛОБУС · Log in

Developed by Unet