Глобус-Неделен весник

  • Македонија
  • Свет
  • Ревија
  • Архива
  • Контакт
  • Фељтон
  • Колумни

БОЈМАНЦАЛИЕВ: ЕДНА ГОДИНА ФРОНТЕКС – ПРВ ДОГОВОР ПОТПИШАН НА МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК ВО ЕУ

April 22, 2024 Filed Under: Македонија

Македонската полиција заедно со ФРОНТЕКС ги брани нашит и границите на ЕУ од прилив на мигранти. Тоа успешно се прави од 2015 до денес

СРЕДБА Одбележување на заедничката работа во просториите на МВР

На 19 април дополнителниот заменик министер за внатрешни работи Митко Бојмацалиев, заедно со директорот на Бирото за јавна безбедност, Сашо Тасевски и државната секретарка, Магдалена Несторовска, остварија работна средба со раководството на Регионалниот центар за гранични работи ЈУГ, по повод одбележување на една година. Цел на средбата е потсетување на почетокот на мисијата на ФРОНТЕКС во Република Северна Македонија, како мотив за промоција на соработката помеѓу претставниците на ФРОНТЕКС во локалниот координативен центар и одговорните старешини од РЦ за ГР ЈУГ, како и промовирање на европскиот пристап на координирање на сите заеднички активности и справување со предизвиците.
„Одбележуваме една година од работата на макеоднската полиција заедно со ФРОНТЕКС, со целд а ги одбраниме нашит еи границите на ЕУ од прилив на мигранти. Тоа успешно го правиме од 2015 до денеска. Договорот е од историска важност,  тогашниот министер Оливер Спасовски ја имаше честа да го потпише со Европската Унија, и ја отвори вратата за поинтензивна оперативна соработка заснована на доверба и меѓусебно почитување”, истана Бојмацалиев во изјава за медиумите, заблагодарувајќи се до Тасевски и Несторовска за напорите кои ги направија Договорот да биде на македонски јазик и успешно да функционира во нашата држава.
„Со тоа уште еднаш покажуваме дека македонската полиција е рамо до рамо со европските полиции, заедно работиме,  и од пред некое време имаме барање од други полиции да вршиме обуки на нивните службеници како се справување со миграцијата. Од земја која бараше помош од другите држави за справување со миграција, сега нудиме помош”, рече Бојмацалиев

ЛАНИ Фотографија од минатата година кога македонската полиција и Фронтекс заеднички ја започнаа работата

Европската агенција за гранична и крајбрежна стража, позната и како Фронтекс (од француски: Frontières extérieures за „надворешни граници“), е агенција на Европската Унија со седиште во Варшава, Полска, која во координација со граничните и крајбрежните стражи на земјите-членки учествува во граничната контрола на европската Шенген-зона.

Македонски и француски полициски службеници на церемонија на официјалното започнување на заедничката операција на Фронтекс во Македонија на 20 април 2023 година

Да се потсетиме дека Фронтекс била основана во 2004 како Европска агенција за управување со оперативната соработка на надворешните граници и била првенствено одговорна за координирање на напорите за гранична контрола. Како одговор на Европската мигрантска криза од 2015–2016, Европската комисија на 15 декември 2015 предложила да се продолжи мандатот на Фронтекс и да се трансформира во полноправна Европска агенција за гранична и крајбрежна стража. На 18 декември 2015, Европскиот совет целосно го поддржал предлогот и по гласањето во Европскиот парламент, Европската гранична и крајбрежна стража официјално започнала со работа на 6 октомври 2016 на надворешната граница на Бугарија со Турција.

СЕДИШТЕ Ова е зградата во Варшава каде е сместено седиштето на Фронтекст

Буџетот на Фронтекс се зголемил од €143 милиони за 2015 на €543 милиони за 2021 и се планира персоналот на агенцијата да достигне до 10,000 во 2027.

 

Filed Under: Македонија

ЕВРОПСКА УНИЈА ДО ЗАПАДЕН БАЛКАН – НЕМА ВЕЌЕ ПАРИ „НА ЖИМИ МАЈКА“
ЕВРОПА ДА СЕ ОБЕДИНИ, РЕФОРМИТЕ СЕ ТЕШКИ
ОБВИНЕТИ ЗА НАПАДОТ ВО БАЊСКА ВО „ЌАЦИЛЕНД“ ВО БЕЛГРАД
ЦАНЕ АНДРЕЕВСКИ: НЕ ЗНАМ ЗОШТО СЕ ПЛАШИМЕ?
НОВО ОБМИСЛУВАЊЕ ЗА ФИНАНСИРАЊЕТО НА РАЗВОЈОТ ОД ПЕРИФЕРИЈАТА

Најново

  • ЕВРОПСКА УНИЈА ДО ЗАПАДЕН БАЛКАН – НЕМА ВЕЌЕ ПАРИ „НА ЖИМИ МАЈКА“
  • ЕВРОПА ДА СЕ ОБЕДИНИ, РЕФОРМИТЕ СЕ ТЕШКИ
  • ОБВИНЕТИ ЗА НАПАДОТ ВО БАЊСКА ВО „ЌАЦИЛЕНД“ ВО БЕЛГРАД

Импресум

Издавач - Здружение за нови политики и слобода на медиуми "Јавност" - Скопје,

Партизански одреди 23/1/3 Скопје

globus@globusmagazin.com.mk

Барај

Сите права задржани© 2025 · ГЛОБУС · Log in

Developed by Unet