Глобус-Неделен весник

  • Македонија
  • Свет
  • Ревија
  • Архива
  • Контакт
  • Фељтон
  • Колумни

БРАЗИЛ, АМ,АЗОМ И КОВИДОТ: СО ДЕНОВИ ГО НОСЕЛ ТАТКА СИ НА ГРБ НИЗ ЏУНГЛАТА ЗА ДА ПРИМИ ВАКЦИНА

January 19, 2022 Filed Under: Свет

Наспроти оекувањата дивите изолирани племиња не останаа имун и на ковидот! Болести ги убива и последните припдници на луѓето од дождовните шуми

ПАТ НИЗ ЏУНГЛА Тави го довел својот татко до вакциналниот пункт – снимил лекарот

Тави го носел долго својот татко на грб до местото за вакцинација

Фотографијата на двајцата е снимена во амазонската прашума, додека Тави, освен што е вирална, стана симбол и на комплицираните организациски проблеми за дистрибуција на вакцината во оддалечените делови на светот. Тави има 24години а татко му е 67-годишниот Ваху. И обајцата примиле вакцината.

Според официјалните податоци, 853 староседелци од нивното племе починале како последица на Ковид-19. Но, членовите на оваа заедница велат дека таа бројка е многу поголема. Истражувањето на една бразилска невладина организација покажува дека само 1.000 домородци починале помеѓу март 2020 и март 2021 година.

Тави и Ваху се членови на заедницата Зои, која сега има околу 325 членови. Тие живеат во релативна изолација, живеат во села расфрлани на површина еднаква на 1,2 милиони фудбалски игралишта во јужната држава Пара.

Ерик Џенингс Симо, докторот кој ги фотографирал, вели дека Ваху едвај гледал прст пред очите и дека тешко одел, поради хронични уринарни проблеми. Неговата проценка е дека Тави го носел својот татко на грб многу време. „Тоа е добар пример за прекрасната врска што ја имаат двајцата“, изјави докторот за Би-Би-Си Бразил.

Фотографијата е направена во јануари 2021 година – на почетокот на вакцинацијата во Бразил, една од земјите најтешко погодени од пандемијата. Но, д-р Симо ја сподели сликата на 1 јануари оваа година на Инстаграм со цел да „испрати позитивна порака на почетокот на новата година“.

Кога започна вакцинацијата против Ковид-19 во Бразил, домородните народи не се сметаа за ризична група. Здравствениот тим кој се грижи за заедницата Зои сега се соочува со предизвик: не би било изводливо да се посети секое село, бидејќи вакцинацијата ќе трае со недели, поради тоа колку селата се оддалечени едно од друго. Затоа поставија пунктови во шумите, а системот за вакцинација беше договорен со заедниците преку радио комуникација. „Ние усвоивме практика со почитување која ги зема предвид културата и знаењето на народот Зои“, вели д-р Симо.

Ваху починал во септември минатата година, од засега непознати причини. Тави остана со своето семејство и неодамна ја прими третата доза од вакцината.

„Претседателот Жаир Болсонар треба да биде обвинет за голем број злосторства поради одлуката за пандемијата Ковид-19“, се вели во нацртот на големиот истражен извештај на бразилскиот Сенат.

ВАКЦИНАЛЕН ПУНКТ Лекарите се стационирани помеѓу неколку племиња заради разционалност

Извештајот е кулминација на шестмесечната истрага која откри скандали и корупција во владата.

Болсонаро е обвинет дека не успеал да го контролира вирусот, кој, според официјалните податоци, убил повеќе од 600.000 Бразилци.

Извадоците што протекоа во медиумите укажуваат дека Болсонаро треба да одговори на девет точки.

Во првиот нацрт на извештајот се препорачува претседателот да биде обвинет за „убиство и геноцид врз домородните групи“.

Но, овие препораки сега очигледно се исфрлени од извештајот на 1.200 страници, кој повикува на обвинувања за злосторства против човештвото, фалсификување документи и поттикнување криминал.

Америка

И покрај сериозните обвинувања, не е јасно што значи тоа за Болсонар, вели дописничката на Би-Би-Си од Јужна Америка, Кејти Вотсон.

Нацрт-извештајот допрва треба да го изгласа Сенатската комисија, а постои можност да стави вето и да го измени извештајот, па не е сигурно дека документот ќе доведе до кривична пријава.

Претседателот на Бразил ја отфрли истрагата како политички мотивирана.

Тој често зборуваше против карантин, носење маски и вакцини.

Во март, тој им рече на Бразилците да „престанат да лелекаат“ за Ковид, еден ден откако беше забележан рекорден број смртни случаи во земјата за еден ден.

Сепак, популарноста на Болсонар веќе е ослабена за време на пандемијата, а овој извештај би можел да му отежне да се кандидира за втор мандат на изборите во Бразил во 2022 година.

Бразил потврди дека има втор најголем број смртни случаи во светот.

Само во Америка има повеќе смртни случаи од коронавирус.

ПОСЛЕДНИОТ АМАЗОНСКИ ВОЈНИК Починапоследниот маж од племето Џума – старецот Арука имал близу 90 години

Во изјава за Би-Би-Си пред објавувањето на извештајот, известувачот за истрагата, сенаторот Ренан Калеирос, рече дека идејата е да се казнат оние кои придонеле за „овој масакр врз Бразилците“.

Инаку, во меѓувреме состојбата е лоша во многу други племиња. И последниот машки член на домородното население на Џума од бразилскиот Амазон почина откако се разболе од Ковид-19.

Смртта на Арук беше последниот удар за групата чиј број падна од околу 15.000 на почетокот на 20 век на само шестмина во 1990-тите.

Арука беше последниот преживеан машки член на таа група, но како што објави Џулијана Грањани од бразилскиот Би-Би-Си Њуз, неговите внуци презеле необичен чекор за да се погрижат неговото наследство да биде зачувано.

Точната возраст на Арука не е позната, но се проценува дека имал помеѓу 86 и 90 години. За време на неговиот живот, Арука беше сведок на смртта на илјадници членови на заедницата Џума, која некогаш ловела риба, ловела и сееле на копно во јужниот дел на Амазон.

По серијата масакри извршени од собирачите на гума и ширењето на смртоносните болести, бројот на членовите на Јума опадна се додека не остана само семејството на Арука.

Filed Under: Свет

ЕВРОПСКА УНИЈА ДО ЗАПАДЕН БАЛКАН – НЕМА ВЕЌЕ ПАРИ „НА ЖИМИ МАЈКА“
ЕВРОПА ДА СЕ ОБЕДИНИ, РЕФОРМИТЕ СЕ ТЕШКИ
ОБВИНЕТИ ЗА НАПАДОТ ВО БАЊСКА ВО „ЌАЦИЛЕНД“ ВО БЕЛГРАД
ЦАНЕ АНДРЕЕВСКИ: НЕ ЗНАМ ЗОШТО СЕ ПЛАШИМЕ?
НОВО ОБМИСЛУВАЊЕ ЗА ФИНАНСИРАЊЕТО НА РАЗВОЈОТ ОД ПЕРИФЕРИЈАТА

Најново

  • ЕВРОПСКА УНИЈА ДО ЗАПАДЕН БАЛКАН – НЕМА ВЕЌЕ ПАРИ „НА ЖИМИ МАЈКА“
  • ЕВРОПА ДА СЕ ОБЕДИНИ, РЕФОРМИТЕ СЕ ТЕШКИ
  • ОБВИНЕТИ ЗА НАПАДОТ ВО БАЊСКА ВО „ЌАЦИЛЕНД“ ВО БЕЛГРАД

Импресум

Издавач - Здружение за нови политики и слобода на медиуми "Јавност" - Скопје,

Партизански одреди 23/1/3 Скопје

globus@globusmagazin.com.mk

Барај

Сите права задржани© 2025 · ГЛОБУС · Log in

Developed by Unet