Бразилските близнаци кои беа споени на врвот на главата беа успешно разделени со помош на виртуелна реалност.
Тригодишните Бернардо и Артур Лима беа деновиве оперирани во Рио де Жанеиро, под водство на експерти од болница во Лондон. Тимовите поминаа месеци тестирајќи ги техниките користејќи проекции за виртуелна реалност, врз основа на КТ и МРИ скенови.
Девојчиња близначки кпои претходно беа оперирани за раздвојување сега се вреќе во дом во Пакистан Споените близначки, кои беа споени со челата, се вратија во Пакистан дури десет месеци по операцијата во Лондон. Се работи за Сафа и Марва Биби кои имале три големи операции, а вкупно поминале повеќе од 50 часа во операционата сала. Зајнаб Биби, нивната мајка, изјави за Би-Би-Си дека е пресреќна што ќерките можат повторно да се обединат со остатокот од семејството. „На девојките им оди многу добро. Марва добро напредуваше и само треба малку помош“, вели таа. „Ќе следиме што ќе се случи со Сафа и добро е да се биде внимателен. Господ ќе им дозволи да почнат да одат“, додаде таа.
Што се случи? Споените близнаци се многу ретка појава, а уште поретко е – еден од 20 пара – да им се спојат главите. Во овој случај, близнаците обично умираат во детството. Тим од 100 луѓе во болницата Great Ormond (GOH) во Лондон се грижеа за близнаците. Тие се разделија во февруари 2019 година и оттогаш живеат во Лондон со нивната мајка и уште еден член на семејството. Сите медицински трошоци – повеќе од еден милион фунти (околу 75.000.000 денари) – ги плати пакистанскиот бизнисмен Муртаза Лахани.
Девојчињата, кои сега имаат три и пол години, одат на редовна физикална терапија за да им помогнат да напредуваат. Сепак, и двете имаат развојни проблеми.Нивната мајка и тимот што ги оперирал нејзините ќерки го нарекува херои, додавајќи дека другите седум деца во Пакистан едвај чекаат да се грижат за Сафа и Марва.
Главниот хирург Овасе Џилани вели дека тој и тимот се многу среќни за семејството, но тој не е толку убеден во среќен исход. „Ми се чини дека на Марва и оди навистина добро и продолжува да бележи голем напредок“, вели тој. „Кога ќе го погледнам целото семејство… Да, веројатно беше вистинската одлука да се направи операцијата, но не сум толку сигурен за Сафа“, додава тој.
Џилани, високо искусен неврохирург, сè уште е вознемирен од многу тешкиот избор што тој и неговиот тим мораа да го направат. Близнаците делеле цел лавиринт од крвни садови кои ги хранат двата мозоци, а само еден од нив можел да ги прими најважните. Тие крвни садови и беа дадени на Марва, која беше послабата близначка.
Меѓутоа, поради тоа Сафа доживеа мозочен удар, оставајќи ја со трајно оштетување на мозокот и можеби никогаш нема да може да оди. Џилани вели дека тоа веројатно секогаш ќе му тежи. „Тоа е одлука што ја донесов како хирург, што ја донесовме како тим. Тоа е одлука со која ќе треба да научам да живеам“, вели тој.
Тој смета дека веројатно ќе беше подобро за Сафа и Марва ако беа разделени порано. Но, тоа не беше можно бидејќи наплатата на финансиските средства траеше неколку месеци.
Гилани и професорот Дејвид Данавеј, исто така хирург, подоцна ја основаа добротворната организација Gemini Untwined за да го истакнат проблемот и да соберат пари за понатамошни операции на други деца.
Во јануари 2020 година, истиот тим успешно одвои близнаци кои исто така беа споени на чело. Џигит и Дерман Евренсел имаа и три големи операции, но сè беше многу побрзо отколку со Сафа и Марва. Близнаците се вратија во Турција пред нивниот втор роденден и лекарите веруваат дека брзо ќе напредуваат.
Во еден мал град во Индија се раѓаат исклучително голем број близнаци, а никој со сигурност не може да каже зошто.