Сликата за невестата пред една деценија би ги вџашила конзервативните Брити – таа е разведена, обоена девојка (од мешан брак), згора Американка, актерка и така натаму. Но таа е позитивно прифатена во Лондон
Церемонијата на кралска свадба во Британија заврши. Во меѓувреме, историчарите, новинарите и експертите разговараат за кралските норми, и како поранешната актерка Меган Маркл се совпаѓа со нив.
„Меган е Американка и потекнува од мешан брак. Таа е разведена, активистка, феминистка и поранешна актерка. Ова можеше да биде добра причина да не стане дел од едно кралско семејство. Сепак, таа е позитивно прифатена“, вели историчарот Ричард Фицвилијамс. Сепак, вели тој, карактеристично е што Меган и Хари имаат сличен хуманитарен ангажман. „Маркл е активистка поголемиот дел од животот. Во Руанда и Индија, како и во Обединетите нации за поголеми права на жените“, вели Фицвилијамс.
Но, некои критичари велат дека нејзината екстровертност, можеби и нема да оди рака под рака со монархијата, каде политиката е табу – тема.
„Кралското семејство работите ги врши тивко и достоинствено. За неа ќе биде тешко да ја намали гласноста на нејзиниот активизам. Ќе треба период на адаптација“, вели експертот Томас Милс. Меган го донесе калифорнискиот стил во Британија. А Хари, на нејзино инсистирање беше на диета и ослабе“, рече Милс.
Смртта на принцезата Дијана во Париз ја потресе нацијата, а децата, особено Хари, поминаа низ психолошка траума, вели Фицвилијамс.
„Беше неверојано искуство. Нема дилема дека поминувал низ тешко време, по што се сврте кон активности во Армијата. Особено е активен во хуманитарните цели“, вели тој.
Принцот Хари беше на служба во Авганистан, а со хуманитарната работа продолжи ширум целиот свет.
Но, зад оваа врска, има многу, многу компромис.
Милион наблудувачи на улиците на Лондон и милијарда крај малите екрани бе дел од минатиот спектакл. Имаше потреба од многу детали за свадбата за да се пополни програмата.
Некои беа зартени кон готвачите. Триесет готвачи во кујните на замокот Виндзор го подготвуваа менито, на кое се очекуваше дури да има и американски хот-дог, веројатно со сознанија за навиките на дојденците од Лос Анѓелес, односно од кај сватовите.
„Двојката проба се` што ќе се подготвува. Инволвирана е во секој детаљ“, вели главниот кралски готвач Марк Фленеген
Кралската свадба на Меган и Хари се очекува да донесе и големи трошоци за посетителите и за гостите во кафулињата, кои се подготвуваат да го гледаат овој историски настан на големи екрани низ целата држава. По некои проценки пофитот на угостителите би можел да биде 400 илјади евра, што е навистина многу за еден ден!
Церемонијата почне напладне во капелата Свети Џорџ во замокот Виндзор, каде бил крстен принзот Хари во 1984-та година.
Околу 600-тини гости беа поканети да влезат во капелата, главно оние што се во директна реалција со двојката, како резултат на недостиг на простор во капелата.
Дополнително, повеќе од 2.500 граѓани околу замокот, се поканети да ги гледаат гостите како доаѓаат и заминуваат.
„Ова е пријатно изненадување за мене. Ако се земе предвид колку кралското семејство е против медиумско присуство, овојпат ги покани јавноста и медиумите, за да го сподели овој специјален ден“, рече британскиот експерт Томас Милс.
Индиска невладина организација, донираше хигиенски производи во Мумбаи, во пресрет на кралската свадба, како дел од хуманитраните активности кои Хари и Меган ги побараа, наместо да добиваат подароци.
Основачката на организацијата Мајн Махила вели дека поканата за свадбата ја доживеала како вистински шок.
„Ќе ги претставуваме жениете од цела Индија“, задоволно рече Махила.
Повеќе од 100.000 луѓе се очекуваат да пристигнат на улиците околу Виндзор. Многумина од нив веќе беа таму претходниот ден.
Спојот на британската помпа и холивудскиот гламур се очекува да го следат милиони насекаде во светот.
Спротивно на традицијата, Меган Маркл немаше старосватица. Ќе ја придружуваат внукот на Хари, принцот Џорџ, заедно со неговата сестра, принцезата Шарлот, која имаше улога на деверица
Самодовербата и достоинството ја направија Меган да се издвои од другите, се сеќаваат во нејзиното родно место. Патот на Меган Маркл до кралското семејство почнува од соседство во Лос Анџелес, каде што завршила католичко средно училиште.
Една од нејзините професорки, Кристен Нудсен ја следел нејзината кариера. „Го покажував нејзиниот говор во Обединетите нации, уште пред таа да се вери со принцот Хари, бидејќи е наш ученик кој направи прекрасна кариера. Иако беше успешна, сепак го задржа чувството да возврати“, вели таа.
Сепак, според неа, самодовербата и достоинството ја направиле Маркл да се издвои од другите.
„Место да се жалиме, ајде да размислиме што може да сториме за да промениме нешто“, го објаснува Нудсен однесувањето на Меган.
За квалитетите на Маркл, зборува и друга нејзина професорка, која го споменува и принцот Хари.
„Мојата прва мисла беше дека тој навистина е многу среќен“, се смее професорката Мариа Полиа, која ја поттикнала Маркл да ја надмине нејзината срамежливост, и и` помогнала да волонтира во кујна за бездомници во сиромашно соседство..
Како се одвиваше церемонијата?
Во капелата на замокот Виндзор, принцот Хари и Меган Маркл го изговорија судбоносното „да“ во присуство на 600 гости.
Додека присутните во капелата ја пееја британската химна, единствено кралицата не го правеше тоа, бидејќи химната ѝ е посветена на неа.
Принцот Хари и Меган Маркл ги дадоа заклетвите. По песната „Stand by me“, изведена од црковниот хор, уследи давањето заклетви, потоа младенците си ги ставија бурмите еден на друг.
Меган Маркл носи велшки златен прстен, кој е подарок од британската кралица Елизабета. Венчалниот прстен на принцот е од платина. Двата прстена беа изработени од лондонската златарница „Клив енд компани“
Според сервисот за планирање свадби „Брајдбук“, свадбата чини околу 32 милиони фунти, плус 30 милиони фунти за обезбедување. Свадбата на принцот Вилијам и Кејт Мидлтон во 2011 година чинела 6,35 милиони фунти, според бројките добиени од Здружението на медиуми. Во оваа сум се вклучени и 2,8 милиони фунти во прекувремена работа на полицијата кои покривале терен со помош на дополнителна армија од околу 5.000 дополнителни полицајци на должност тој ден.
Претходни информации открија дека вкупните трошоци за безбедносната операција преземена од страна на Метрополитан полицијата биле речиси 7,2 милиони фунти. Меѓутоа, вистинската цена на целото обезбедување што било потребно за свадбата е проценета на некаде помеѓу 10 и 20 милиони фунти, што може да ги покрие и антитерористичките активности во периодот пред настанот.