Турски суд пред викендот донесе одлука да го осуди на тригодишна затворска казна американскиот пастор Ендрју Брансон, но тој се очекува во САД во следните 48 часа. Не е реализарана замената со Фетулах Ѓулен а пуштена е од затвор во Израел турската граѓанка Ебу Оган. Дали Анкара може да се надева на симнување на сите економски сакнкции?
Турскиот донесе одклука во предметот „Брансон американскиот шпион“.
Брансон е осуден на три години, еден месец и 15 дена во затвор, но судијата ги укина сите судски контроли – вклучувајќи ја и забраната за патување – што му овозможува веднаш да ја напушти Турција. Нему казната му е намалена поради добро однесување, а и со оглед на тоа дека веќе отслужил две години од казната, сметајќи го времето во притвор.
Тој ја напушти судницата со автомобил кратко време по објавувањето на одлуката, а американските официјални претставници велат дека тој заминал во неговиот дом во Измир, од каде во саботата се очекуваше да замине во САД, објави „Њујорк тајмс“.
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека неговите „мисли и молитви” се со американскиот пастор Брансон. „Се надеваме дека наскоро безбедно ќе се врати дома“, напиша Трамп на Твитер.
Во претходниот твит посочи дека неговата администрација напорно работела на случајот на Брунсон, но не наведе детали. Весникот „Вашингтон тајмс“ денеска објави дека Вашингтон и Анкара постигнале договор за ослободување на американскиот пастор Ендрју Брансон, кој е обвинет за тероризам во Турција, во замена за укинување на американските санкции кон Анкара.
Според весникот, договорот предвидува повлекување на дел од обвиненијата против Брансон, со тоа што тој би бил осуден на затворска казана во траење на периодот што тој веќе го мина во притвор или пак би му било дозволено остатокот од казната да го отслужи во САД.
„Вашингтон Пост“ тврди дека ваквиот договор бил постигнат на маргините на заседанието на Генералното собрание на ОН во Њујорк кон крајот на минатиот месец, на кое присуствуваа и претседателите на двете држави.
За Турција, уапсениот американски свештеник е шпион кој се обидел да ја собори Владата за време на обидот за државен удар од 2016 година. Но, за американските официјални лица, Брaнсон е невин христијански семеен човек, кој е погрешно задржан.
Случајот што ги залади американско- турските односи Брансон (50) е роден во Северна Каролина и евангелистички презвитериjански свештеник кој работел во Измир, каде што бил пастoр во црквата Воскресение. Тој живее во Турција повеќе од 23 години, со сопругата и трите деца.
Турскиот суд денеска ја одби жалбата за ослободување на американскиот пастор Ендрју Брaнсон од куќен притвор.
Адвокатот на свештеникот бараше Брансон да биде ослободен и да му се укине забраната за патување.
Жалбата на пасторот Брансон ќе се разгледува и на повисоките судски инстанци.
Брaнсон е главната причина за дипломатскиот спор помеѓу Анкара и Вашингтон поради што САД воведе санкции и го замрзна имотот на двајца турски министри, а исто така ги зголеми и царините за увоз на челик и алуминиум од Турција.
Кој е Ендрју Брансон, притворениот свештеник кој е клучна фигура во односите меѓу САД и Турција?
За Турција, уапсениот американски свештеник по име Ендру Брaнсон е шпион кој се обиде да ја собори Владата за време на обидот за државен удар од 2016 година. Но, за американските официјални лица, Брaнсон е невин христијански семеен човек кој е погрешно задржан.
Брансон (50) е роден во Северна Каролина и евангелистички презвитериjански свештеник кој работел во Измир, каде што бил пастoр во црквата Воскресение. Тој живее во Турција повеќе од 23 години, со сопругата и трите деца.
Но, во октомври 2016 година, неколку месеци по неуспешниот обид за државен удар во Турција, Брансон беше уапсен и обвинет за заговор за соборување на турската влада.
Во март беше формално обвинет за шпионажа и врски со терористички организации. Обвиненијата против Брансон вклучуваат поддршка на забранетата Курдистанска работничка партија, како и Движењето на Ѓулен, за кое Турција вели дека го организирал обидот за државен удар.
Доколку биде осуден, Брансон се соочува со 35 години казна затвор.
Според американскиот Центар за право и правда, организација предводена од адвокатот Џеј Секулов, кој се залага за негово ослободување вели дека обвиненијата не се легитимни и дека Брансон бил уапсен првенствено поради неговата христијанска вера. Американските официјални претставници, исто така сметаат дека обвиненијата немаат основа и велат дека „тој е притворен едноставно затоа што е американски државјанин кој како религиозен човек бил во контакт со голем број луѓе во оваа земја, на кои тој се обидувал да им помогне”.
Турција му одреди домашен притвор на Брансон поради неговите здравствени проблеми и му нареди да носи електронски уред за следење.
„Не видовме веродостојни докази против Брансон и ги повикуваме турските власти веднаш да го решат случајот на транспарентен и фер начин”, изјави американскиот државен секретар Мајк Помпео.
Откако, Турција одби да го ослободи, ситуацијата меѓу двете земји ескалираше најпрво со санкции против двајца министри во турската Влада, а потоа и со воведување на зголемени царини за турскиот алуминиум и челик.
Американскиот претседател Трамп во последниот твит за Брансон во кој ги најави и санкциите од САД напиша: „Голем христијански семеен човек и прекрасно човечко суштество, тој страда многу … Овој невин човек треба веднаш да биде ослободен! ”
Според пишувањата во американските медиуми, турскиот претседател Ердоган сугерирал замена на Фетулах Ѓулен, турскиот свештеник кој Ердоган го посочува како одговорен за воениот удар со Брансон. „И ние бараме екстрадиција на Ѓулен. Дајте ни го овој назад, тогаш ќе го вратиме Брансон “, го цитираа американските медиуми Ердоган.
На инсистирање на Трамп, во ослободувањето на пасторот се вклучи и Израел. Висок американски официјален претставник неодамна за Си-Ен-Ен изјави дека во замена за ослободување на Брансон од Турција, Израел се согласил да ја ослободи 27 годишната Турчинка Ебу Озкан која беше затворена под сомнение дека му помагала на Хамас. Турчинката го напушти Израел на 15 јули, но наредниот ден Ердоган негираше дека Брансон ќе биде ослободен во замена за Озкан.
„Ние им кажавме на Американците дека можат да ни помогнат да ја вратиме Ебу … Но, ние никогаш не рековме„ …и во замена ќе ви го дадеме Брансон “, рече Ердоган.
Во меѓувреме следуваше интензивна комуникација меѓу високи официјални претставници на двете земји, но договор не се постигна. Освен за Брансон, двете земји имаат различни ставови и за Сирија, а САД се противи и на одлуката на Турција да се снабдува со оружје од Русија.
Една недела подоцна, откако САД ги најавија санкциите кон Турција, денеска официјална Анкара одговори со воведување на двојно поголеми царини на производите од САД и со бојкот за американските електронски производи.
Во октомври 2016 година, неколку месеци по неуспешниот обид за државен удар во Турција, Брансон беше уапсен и обвинет за заговор за соборување на турската влада. Во март беше формално обвинет за шпионажа и врски со терористички организации. Обвиненијата против Брансон вклучуваа поддршка на забранетата Курдистанска работничка партија, како и Движењето на Ѓулен, за кое Турција вели дека го организирал обидот за државен удар. Тој ги негираше обвинувањата.
Брансон беше главна причина за дипломатскиот спор меѓу САД и Турција, поради што САД воведоа санкции и замрзнаа имот на двајца турски министри, но и зголеми царини за увоз на челик и алуминиум од Турција. Турција одговори со воведување двојно повисоки царини за производи од САД.