Британските криминалци не носат оружје, 40 отсто од сите убиства минатата година биле со нож. Но, тоа полека се менува – после Брегзитот европските пристаништа имаа построги контроли а илегалното оружје наменето на поширокиот пазар на Стариот континент сега останува на Островот! Но затоа на Стариот континет има многу оружје дојдено од Балканот
Џош Бејнс имал 28 години кога бил убиен во расправија за 50 долари, само неколку милји од англиското село каде што пораснал. Тој бил застрелан од пиштол кој пристигнал од Америка.
Бејнс е една од зголемените жртви во последните неколку години што ги загрижува британските власти, пред се затоа што е забележана голема мрежа за шверц на огнено оружје од САД. Пиштолот од кој беше убиен Бејнс во октомври 2018 година – „Бик“, модел 85 – одамна е забранет во Велика Британија.
„Не мислам дека Американците сваќаат дека нешто што тие произведуваат може да има толку големо влијание врз нас“, рече Клер Бејнс, маќеа на Џош Бејнс. „Да не беше целото тоа оружје, тие немаше да ја шират Америка низ целиот свет.
Смртта од огнено оружје е многу ретка во Велика Британија, каде мал број луѓе носат оружје, па дури и полицајците3. Но, зголеменото присуство на американски пиштоли и пушки кои доаѓаат легално направи најголем број на огнено оружје да постои во Велика Британија во однос на другите држави на Стариот континент. Но, истражителите заплениле стотици шверцувани американски пиштоли минатата година. Можеби е мал број според меѓународните стандарди, но експертите велат дека на островот пристигнуваат многу повеќе кратки и долги цевки незабележани.
Британската полиција успеа да поврзе некои од тие американски пиштоли со практично нерегулирани саеми за оружје во Флорида и на други места. Во јули 2019 година, националното полициско тело на Велика Британија, Националната агенција за криминал, заплени американско оружје на пат кон Турција со товарен брод, скриено во американските олдтајмери. Точно 57 пиштоли биле наменети за мафијашките организации во Велика Британија и Бугарија.
Овој вид на шверц доведе до зголемување на насилните злосторства, како што се убиства. Властите сега стравуваат дека по Брегзит, кога границите со Европската унија подобро ќе се следат, нелегалната трговија со Америка ќе може да се забрза. Аргументот е поширока поддршка што американската индустрија за оружје ја доби од администрацијата на претседателот Трамп.
Соединетите Држави се еден од најголемите легални извозници на оружје во светот, но стотици илјади оружја исто така нелегално протекуваат од земјата и подмачкуваат злосторства низ целиот свет, особено во Латинска Америка и Карибите.
Во Велика Британија, криминалните групи претежно користеле ножеви. Бројот на кривични дела извршени со ладен челик достигна рекорд минатата година. Четириесет проценти од сите убиства биле со нож. Само 33 лица беа убиени од огнено оружје.
Но, бројот на нелегални цевки расте. Само минатата година, Националната агенција за криминал го удвои бројот на напади, а бројот на извршени злосторства со огнено оружје се зголеми за 38 проценти од 2015 година. Властите се загрижени дека насилството може да ескалира само ако бандите почнат да користат оружје наместо ножеви.
Полицијата открила најмалку 782 парчиња американско оружје од 2017 година, според податоците. Бројот е доставен од Националната разузнавачка служба за балистика, која го следи нелегалното оружје во Велика Британија. Тој број вклучува пиштоли кои пристигнале и директно и индиректно од САД.
Метју Перфект, кој е на чело на одделот за оружје на Националната агенција за криминал, вели дека официјалните лица се толку загрижени што тој вработил двојно поголем број луѓе во неговата единица во последните две години.
„Ако пушките и пиштолите одеднаш станат омилени на мафијашите и криминалците во Велика Британија, ќе бидеме во многу тешка ситуација“, вели тој.
И додека американскиите бр4одови со илегален товар стигнуваат само до Довер и другите пристаништа, балканските нелегални долги и куси цевки лесно стигнуваат на пазарите во ЕУ. Атентаторите од Париз, оние кои ја нападнаа редакцијата на шШарли Ебдо, според извештаите во медиумите, користеле и две автоматски пушки тип Застава М70 произведени во некогашна Југославија. При разбивањето на терористичка ќелија во Италија и на Косово, во едно село во Косово беше пронајдено големо количество илегално оружје.
По војните во некогашна Југославија во 90-те години на минатиот век и по отворањето на депоата со оружје и муниција на албанската војска во 1997. година цути „црниот“ пазар на оружје не само на Балканот – арсеналот на оружје на добро вооружениот албански комунистички режим одамна стигна во Европа. Цените варираат: на Балканот еден калашников чини 300 – 500, во европските земји достигнува и до 2000 евра.
Вознемирувачки се бројките за легалното оружје што е во оптек на Балканот: во Србија Министерство за внатрешни работи проценува дека таму се наоѓаат помеѓу 200 000 и 900 000 парчиња илегално ситно оружје. ОН лани проценија дека во Косово има околу 450 000 парчиња илегално лесно оружје. СЕЕСАЦ смета дека во Босна и Херцеговина би можеле уште да се наоѓаат околу 750 000 илегални оружја. За Албанија може само да се шпекулира, вели Фатос Клоси: „Знаеме дека многу оружје стигна во рацете на криминални групи, но го има и кај сосем обични луѓе. Тие, првенствено во руралните подрачја, го задржаа оружјето по отворањето на армиското депо во 1997. Тоа се луѓе на кои оружјето им дава чувство на безбедност“.
Слично е на целиот Балкан. По војните луѓето едноставно си го задржаа оружјето, смета Нилс Дике: „Откривме дека луѓето сега почнуваат да го продаваат тоа оружје на лица, кои потоа во мали количества го шверцуваат во ЕУ. А кога веќе ќе стигне тука, тогаш оружјето циркулира од една криминална група до друга“.
СЕЕСАЦ укажува дека во годините по балканските војни беа спроведени неколку кампањи за собирање на оружјето, при што беше направен обид да се наведат луѓето доброволно да го предадат оружјето. Но, изостана очекуваниот успех. Така, годинава во Србија беа предадени само 7.500 парчиња оружје.
(Користени истражувања на Њујорк тајмс и на Дојче веле)