Следниот самит посветен на Брегзит е во среда во Брисел, а Тереза Меј сѐ уште нема план за излегувањето од ЕУ. Разговорите со опозицијата се заглавени, во нејзината влада кавги, ЕУ е вознемирена
БАРБАРА ВЕЗЕЛ
Во неделата попладне Тереза Меј ја употреби тактиката „нападот е најдобра одбрана”. Седната на софа во нејзината летна резиденција Чекерс, покај неа чаша вода, и се обрати на јавноста објаснувајќи му ја на својот народ досегашниот Брегзит – хаос. Парламентот до сега три пати го отфрли договорот за излез од ЕУ. И таа признава дека нејзиниот договор со ЕУ веројатно повеќе нема шанси: “Во моментот, како што стојат работите, не гледам дека тие (пратениците) ќе го прифатат.” Барем сега е јасно дека британската премиерка нема да се обиде да го стави на гласање по четврти пат.
МЕЈ ЌЕ ИСПРОБА СЕ Тереза Меј во нејзиниот „софа-говор” го одбрани пред се нејзиниот обид да пронајде надпартиско решение со опозициската Лабуристичка партија. Таа често не се согласува со нивната политика, но се прашува дали може да се изнајде некакво решение „кое ќе осигура дека имаме добар договор кој ќе добие поддршка во парламентот.” Впрочем, избирачите кога гласаа за или против Брегзит не се водеа од нивната партиска определба.
Освен тоа Ториевците и Лабуристите во едно се согласни: сакаат да го запрат слободното движење на лица, да ги заштитат работните места и да го испорачаат „Брегзи“ за кој граѓаните гласаа пред три години. Последново сепак важи само за делови од Лабуристичката партија – таа е исто така поделена како и конзервативците околу тоа “дали“ и „како“ да се изведе Брегзит.
Тереза Меј со нејзиниот говор до нацијата сака да постигне две нешта: таа бара квази разбирање за настаната ситуација и вината за тоа му ја префрла на парламентот. Конечно тој исто така забрани излегување од ЕУ без договор. Веќе денес таа одлука треба да стапи на сила и со тоа и ги врзува рацете на владата.
И второ Меј се обидува вината да им ја префрли на Лабуристите ако и оваа среда замине за Брисел со празни раце, како што сега изгледа работата. Речиси е невозможно како тие би можеле да постигнат компромис во наредните два дена, да го стават на дневен ред во парламентот и да биде изгласан.
ИСКРЕНОСТ И покрај критичната состојба за земјата – на која веќе во петок и се заканува следниот термин за тврд Брегзит – во Лондон продолжуваат партиските задкулисни игри. Двете страни се несигурни во однос на ставовите на другиот и немаат доверба во искреноста на понуденото. Условите што и беа наменатни на британската премиерка Тереза Меј на самитот на ЕУ од 21 март се јасни. Таа требаше најдоцна до викедот да го спроведе договорот во Парламентот ако сака да добие нов датум за Брегзит на 22 мај. За понатамошно одложување на датумот за излез, ЕУ сака да и биде претставен конкретен план. Во таков случај Велика Британија ќе треба да учествува на престојните европски избори на крај на мај и да добие обновен подолг рок. Во меѓувреме времето не треба повеќе да си го троши на понатамошни внатрешни расправии туку ќе мора или да спроведе втор референдум или нови избори, или пак да достави сериозен и оддржлив план за излез од кризата.
Наместо тоа Тереза Меј моли за нов грејс период до 30 јуни. Но, засега нема понуда за такво нешто, Брисел стравува дека ова ќе прерасне во бесконечно одложување кое ќе ја исцрпи ЕУ и ќе ја оттргне од поважни проблеми со кои се соочува.
Освен тоа постои страв од субверзивни акции на Брегзитерите во можната идна влада, доколку Британците уште долго време останат во клубот како контрапродуктивна членка. Еден твит од Џејкоб Рис-Мог им служи како доказ на скептиците, бидејќи овој тврдокорен Брегзитер вели дека човек мора “да ја искористи преостаната моќ за да ја отежни ситуацијата” , ако сака уште да се држи за скутот на ЕУ. Тој меѓу другото лобира и за неговиот брегзитерски колега Борис Џонсон оценувајќи го како умерен човек „кој може да ја обедини партијата и да да победи на избори.”
ЕУ пак е во менгеме. Таа стравува од деструктивната моќ на спорот околу Брегзит врз претстојните европски избори и нејзината иднина. Поголемиот дел би сакале да ги видат Британците надвор уште денес. Сепак никој не сака да биде виновен ако земјата по тврд Брегзит западне во хаос. Белгискиот пратеник од Зелените, дава заклучок со филозофска мисла: „Се додека не се надвор, тие се тука,” вели Филип Ламберс.