Велшаните се главно сиромашни луѓе и тие жалат за парите од ЕУ. Ирците од Алстер се плашат дека сега ќе се зголеми апетитот на соседните сонародници да ги присвојуват и тие ја подржуваат Меј
ВАЛЕРИЈА БЕБЕК
„Речиси сите луѓе што ги знам се жалат. Секако, има смисла ова да вои кон референдум”. Ова е размисла што ја делат жителите на Остроот, пред се младите, дефетистички располжени кон Брегзитот.
До скоро сите чекаа Велика Британија да ја напушти ЕУ. Веќе е потврдено неколку пати дека официјално нема нов референдум, дека не може да биде тоа званична политика. Но сторијата засега се уште не е завршена, бидејќи минаата недела британскиот парламент дебатираше за договорот што владата на таа земја ја постигна со Брисел за условите за напуштање на ЕУ. И денес, од највисокиот суд во Европската унија, пристигнува став дека ништо не е предоцна, дека Велика Британија еднострано може да ја повлече одлуката за напуштање на Унијата.
Прашањето за отповикување на Брегзит започна во Шкотска, во форма на петиција од шкотските судови, формирани од група пратеници. Тие се прашуваа дали Британија може еднострано да го повлече активирањето на член 50 од Договорот за ЕУ. Сакавме да го слушнеме мислењето на домашните луѓе кои живеат во Обединетото Кралство, нашиот соговорник му припаѓа на помладата генерација, а од објавувањето на резултатите е неверување.
Пјер Донахју од Свонси во Велс рече дека Брегзит е национална катастрофа. „Чувствувам дека скоро сите што ги знам се во жалост за резултатите од референдумот. Тоа е посебно лоша вест во Велс, каде што огромното мнозинство на гласачи беа свесни дека најголем дел од своите пари за обнова на градови од Европската унија пристина во овој дел на Островот! – изјави Пјер..
Пјер во моментов е на патување во САД, но не поради Брегзит, туку поради музиката на која работи. Тој се враќа дома овој месец, но постојано е во контакт со луѓе од својата земја и ја следи веста. „Го видов интервју со еден човек од село, кога го прашале зошто тој гласаше да излезе Британија од Европа, тој одговори дека тој едноставно не верувал дека тоа ќе се случи. И тоа е направено како знак на протест поради тоа што бил маргинализиран толку долго време”, изјави Пјер.
„Мислам дека луѓето паднаа во стапицата на многуте лаги и многумина поверуваа во нив. Бидејќи, многу луѓе отпосле разбраа дека она што следи го доведува во прашање опстанокот на нивните семејства , започнаа да стравуваат за економски пад што доаѓа. Секако, тоа дава смисла да се јорганизира нов референдум” , заклучи Пјер.
Малку поинаку се глед ана ова во Алстер каде живеат Ирците – протестанти. Нели, нивните земјаци – католици сега пак ќе бидат зад вратената граница. Па, Демократската унионистичка партија (ДУП) од Северна Ирска ќе гласа против каков било обид за соборување на британската премиерка Тереза Меј, доколку таа претрпи пораз во Парламентот на гласањето за договорот за Брегзит, закажано за денес, 11 декември, соопшти групата на евроскептични британски пратеници.
– ДУП ќе ја поддржи Владата при евентуалното гласање за недоверба ако договорот за повлекување (Велика Британија од ЕУ) биде одбиен. Сепак, ризикот од губење на нивната поддршка и распишување избори, стои, ако договорот за повлекување помине, изјави конзервативниот пратеник Џејкон Рис-Мог на состанокот на Европската истражувачка група.
Премиерката Меј рече дека договорот постигнат со ЕУ за Брегзит, кој Парламентот треба да го одобри на гласањето закажано за 11-ти декември, не е совршен, но дека е „најдобриот можен договор”.
(продолжува)