Глобус-Неделен весник

  • Македонија
  • Свет
  • Ревија
  • Архива
  • Контакт
  • Фељтон
  • Колумни

БРЕГЗИТ: ОСТРОВОТ ВО КРИЗА НАМЕТНАТА ОД МОЌНИЦИТЕ (4)

January 1, 2019 Filed Under: Фељтон

Според ангажираноста на политичките и на општествените авторитети кои сметаат дека Британија треба да остане во ЕУ, резултатот од референдумот би требало да е извесен и за очекување е Британците да се изјаснат за останување во ЕУ

ВИКТОРИЈА БЕБЕК

АНКЕТА Оваа анкета е спроведена во ноември годинава на 1.600 испитаници

Денешниот лидер на лабуристите Џереми Корбин (за него пишувавме опширно во минатите броеви), по падот на Ед Милибанд пред помалку од две години, како цунами ја прегази целата поранешна доктрина на „Њу лејбор“ во левицата и повторно ја смести Лабуристичката партија длабоко во лево.

Овој радикален левичар, всушност, потекнува од евроскептичното движење кај лабуристите од деведесеттите години од минатиот век. Пресвртната точка на лабуристите беше дали по прашањето за референдумот ќе ја истакнат својата радикална страна и како Мајкл Фут во осумдесеттите години од минатиот век, цврсто ќе застанат зад опцијата за излез на Кралството од Европската Унија. Но, и покрај овој радикален бекграунд, Корбин проценува дека по ова прашање подобро е да го следи примерот на Маргарет Тачер за време на првиот референдум. Лабуристите во целост се застанати зад кампањата „Римеин“ (Remain) со која се бара останување во Европската Унија со што лабуристите повторно се враќаат во поход за освојување на неопределените гласачи од центарот. Парадоксално, позициите на лабуристите и конзервативците, на вториов референдум, се практично спротивни од оние на првиот, но и неверојатно прецизни во својата спротивност со позициите во 1974 година кога се одржува првиот референдум.

ЏЕРЕМИ КОРБИН Од евроскептик до противник на Брегзитот

Во светскиот јавен дискурс, а особено во оној на Британија, референдумот се смета за една пресвртна точка со далекусежни последици. Постојат бројни анализи за економските реперкусии од евентуалниот излез на Обединетото Кралство, политички реперкусии, претпоставки за лавини од други реакции, распади и слично.

Секако, во политиката, секоја голема одлука во себе носи историска нишка, но, сепак, предвидувањата за некои апокалиптични сценарија се повеќе производ на политичката фикција, отколку што претставуваат веродостојни анализи. Како и да е, според она што досега го анализиравме, ако се цени историскиот аспект, референдумот повеќе претставува политикантско проигрување и мерење на силите на политичките елити во Британија, отколку суштинско поместување на политичката доктрина на земјата. Според ангажираноста на политичките и на општествените авторитети кои сметаат дека Британија треба да остане во ЕУ, резултатот од референдумот би требало да е извесен и за очекување е Британците да се изјаснат за останување во Европската Унија.

КАМПАЊА Кампањата на Лабуристите е спротивна на онаа пред влезот на Британија во Унијата

Повеќето Британци сметаат дека втор референдум за брегзит би го поништил резултатот од изјаснувањето од 2016 година и би ја задржал Британија во ЕУ, покажува истражување на „Југов“. Овој став е најизразен меѓу граѓаните што гласале за останување на Британија во ЕУ, но дури и тие што на референдумот во 2016 година гласале „за“ брегзит сега се поделени. Имено, 26 отсто од нив сметаат дека при нов референдум, мнозинството гласачи би се определиле за останување во ЕУ. Британија треба на 29 март 2019 година официјално да излезе од ЕУ, но сѐ уште не се знае како.

Британската премиерка Тереза Меј деновиве бара од пратениците да ја поддржат спогодбата за Брегзит што ја договори со преостанатите лидери на ЕУ, но бројките засега не ветуваат позитивен исход.

Меј сугерира дека ако не добие поддршка од парламентот, тогаш ќе ја подготви Британија за брегзит без договор со ЕУ, а експертите предупредуваат за големи економски шокови тешки стотици милијарди евра.

(крај)

 

 

Filed Under: Фељтон

СДСМ НА МЕЃУНАРОДНА СЦЕНА ГИ БРАНИ НАЦИОНАЛНИТЕ ИНТЕРЕСИ А ВЛАДАТА?
ОРДАНОСКИ: ВОЈНАТА ВО УКРАИНА ГОДИНАВА НЕМА ДА ЗАВРШИ, РУСИЈА НЕ Е ПРОБЛЕМ ЗА НАТО
ИСТОРИСКИ МОМЕНТ ЗА ДЕМОКРАТИТЕ ВО ЊУЈОРК: КОЈ Е ЗОХРАН МАМДАНИ
БЛАГОЈ МИЦЕВСКИ (2): ИДЕНТИТЕТИ – БУДЕЊЕ И УМЕТНИЧКАТА СОРАБОТКА СО РИСИМА РИСИМКИН
СТУДЕНТИТЕ И ГО ОДЗЕДОА ВИДОВДЕН НА ВЛАСТА

Најново

  • СДСМ НА МЕЃУНАРОДНА СЦЕНА ГИ БРАНИ НАЦИОНАЛНИТЕ ИНТЕРЕСИ А ВЛАДАТА?
  • ОРДАНОСКИ: ВОЈНАТА ВО УКРАИНА ГОДИНАВА НЕМА ДА ЗАВРШИ, РУСИЈА НЕ Е ПРОБЛЕМ ЗА НАТО
  • ИСТОРИСКИ МОМЕНТ ЗА ДЕМОКРАТИТЕ ВО ЊУЈОРК: КОЈ Е ЗОХРАН МАМДАНИ

Импресум

Издавач - Здружение за нови политики и слобода на медиуми "Јавност" - Скопје,

Партизански одреди 23/1/3 Скопје

globus@globusmagazin.com.mk

Барај

Сите права задржани© 2025 · ГЛОБУС · Log in

Developed by Unet