Британците кои живеат во ЕУ тажни поради Брегзитот. Оние на Островот со измешани чувства
Додека приврзаниците на Брегзит слават за излегувањето од Европската унија, Британците во ЕУ не се подеднакво среќни
Приврзаниците на Брегзит се возбудени и добро расположени. Поминаа речиси четири години откако тенкото мнозинство во Велика Британија гласаше за излегување од Европската унија, но конечно дојде она што приврзаниците на Брегзит сакаат да го нарекуваат ден на независноста.
„Популизмот триумфираше кога се вративме на самоуправување, да бидеме независна, нормална нација“, вели Најџел Фараж, еден од водечките приврзаници на Брегзит, кој водеше кампања за Велика Британија да го напушти европскиот блок повеќе од 27 години.
Фараж го истакнува Брегзит како победа на популизмот над глобализмот.
Но, чувството не такво за 1,5 милион Британци кои живеат во европските држави. За нив Брегзит го расипува нивното чувство на припадност, бидејќи значи губење на државјанството од ЕУ. Како тие ќе го одбележат Брегзит?
„Како и многу Британци на континентот, немам одлучено“, изјави за локален новински портал, Џејн Голдинг, копретседавач на про-ЕУ кампањата.
„Размислувам меѓу одбележувањето на Брегзит тивко, но симболично со некои пријатели во Берлин, или само да останам дома со мојот сопруг или да одам во некој локален бар на неколку коктели. Што и да изберам, во тоа ќе има и тага “, рече таа.
Изминативе четири години британските иселеници се загрижени за тоа какви права ќе задржат, плашејќи се дека можат да го загубат пристапот до јавна здравствена заштита, па дури и домовите.
За британските пензионери кои живеат во Европа, вознемиреноста расте со ослабувањето на куповната моќ на фунтата, бидејќи вредноста на старлингот падна со гласањето за Брегзит. „Како брачна двојка која живее во Италија веќе 12 години и се пензионираше со пензиите заработени во Велика Британија пред референдумот, ние изгубивме скоро 20 проценти од годишните приходи како последица на девалвацијата на стерлингот, бидејќи граѓаните во Велика Британија гласаа за Брегзит во јуни 2016 година“, вели Доналд Лав, пензиониран британски лекар кој живее во Пиза, Италија.
Иселениците велат дека се чувствуваат напуштени од Велика Британија и се жалат дека британските министри не им посветиле доволно внимание додека се одвивале преговорите за Брегзит.
Премиерот Борис Џонсон се обрати до нацијата и да пренесе оптимистичка порака.
Инаку, по три и пол години, тројца премиери и бескрајни гласања во Парламентот во Лондон од референдумот за Брегзит во 2016-та, Британија денеска станува прва земја која ќе ја напушти Европската Унија, јавуваат медиумите.
И покрај излезот од ЕУ, речиси сите промени со статусот нема да бидат видливи веднаш во јавноста. Британија влегува во транзициски период, кој што треба да биде договорен меѓу британската влада и ЕУ. И според договорот, тоа значи дека во следните 11 месеци, Великa Британија, засега останува членка на ЕУ под сите критериуми, освен под терминот и статусот.
Велика Британија нема да спроведува никаква „нелојална конкуренција“ кон Европската унија, за што има стравувња во Европа после Брегзитот, изјави британскиот премиер Борис Џонсон зборувајќи за идните односи со 27-те земји членки на Унијата.
„Нема да се впуштаме во никаков дампинг, трговски, економски или еколошки“, како што стравува Брисел, рече Џонсон обврзувајќи се дека нема да ги подрива европските стандарди, во говор во кој ги изложи клучните точки од ставот на неговата земја во преговорите со ЕУ за идните односи после Брегзитот.
Исто така тој рече дека Британија нема да се усогласува со европските регулативи како цена за слободна трговија.
„Дали ќе инсистираме да тоа ЕУ да прави исто како и ние како цена за слободна трговија, секако дека нема. Не гледам причина на тоа да се обврзуваме со договорот со ЕУ. Ќе го вратиме полниот суверенитет над нашите граници, имиграцијата, конкуренцијата, прописите за субвенциите, заштита на податоците“, рече Џонсон.
Тој додаде и дека соработката со Европа за прашањата за одбраната и надворешнта политика, не мора нужно да бидат ставени во договорот.
ЕУ денеска објави дека е подготвена да договори со Велика Британија „многу амбициозен трговски договор“, но го предупреди Лондон дека е против секаков обид за нелојална конкуренција.
Со тој договор, како што предлага ЕУ, би се отстраниле сите царини и квоти на стоката разменета со земјите на Унијата, што ЕУ досега тоа никогаш не го предложила на своите партнери, изјави главниот европски преговарач за Брегзит Мишел Барни.
Шефицата на Европската комисија Урсула фон дер Лајен сепак предупреди дека нивото на британскиот пристап на европскиот единствен пазар ќе зависи од британското усогласување со прописите на ЕУ.