Идејата на министерот за надворешни работи Османи околу дополнување на Македонско-бугарската комисија по историски прашања со член Албанец може да се гледа од многу аспекти а најнезгодно е она дека политиката се меша во стручни работи. Политиката, каде секако посебно место има токму Османи, си има широк простор за дејствување и кај затегнатите односи со источниот сосед

ЉУБОМИР КОСТОВСКИ
Често се случува шестарот на интересите да направи круг во кој ќе влезат zaedno интереси кои не сте ги очекувале.Како илустрација за ова е една од последните изјави на министерот за надворешни работи Бујар Османи со која тој, се разбира со добро избрани зборови,говорејќи за Мешовитата македонско-бугарска комисија, рекол дека, „и претходно и сега инсистира во Комисијата да има и член Албанец бидејќи, според него, ова е заедничка битka и дека заедничкиот ангажман за ова прашање ќе не зближи многу“ (.https://infomax.mk/wp/османи-историската-комисија-мора-да-в/). Потоа продолжува дека „тука е можност да се создаде блискост, но и да се остава наследство дека Албанците биле важен чинител кога се решавале некои важни прашања. Се разбира дека работам на тоа и наскоро ќе има решение и се разбира дека јас ги согледувам работите и го утврдувам моментот кога е тоа најдобро да се направи за да не се направи штeта на процесот“, рекол Османи.
Во контекст на актуелните собитија со оваа Комисија мора веднаш да се констатира дека изјавата води кон некаква дисолуција на единството на Комисиујата, како и секоја промена. Најнапред оваа изјава веднаш асоцира дека можеби Османи направил некаков за јавноста невидлив договор со неговата колешка Захариева со цел можеби да ги „омекне“ ставовите на Комисијата како дел од „компромисот“ кој како термин некако виси во воздухот меѓу Скопје и Софија?. Особено сега, кога на ред се и многу посложени прашања од онаа со Делчев – балканските војни, Првата и Втората светска војна, заострените односи после 1948 година….
Не може да се пренебрегне впечатокот дека во кругот на споменатиот шестар, случајно или не е и барањето на ВМРО ДПМНЕ (Сотир Костов на Канал 5) Комисијата да се укине, но не зарди фактот дека во иднината на релациите со Бугарија повеќе треба да гледаме од височинката на иднината, отколку од прозорците на кулата на минатото (со што би се согласил и самиот), туку заради одредени став на бугарскиот дел од Комисијата и бугарската политика кои се непремостливи и затоа „бум-трес“ треба да се сопре со состаноците на Комисијата, па без оглед на тоа колку тоа би го залулало спроведувањето на Договорот за соработка од 2017 година (член 8, став2).

Што би имплиоццирал ставот на Османи во оваа прилика? Посебно во светлина на изјавата на шефот на македонскиот тим после дводневната средба во Скопје на Комисијата со која побара, едноставно, политичарите да се посветат на својата работа а да го остават ова тело да си ја врши својата. Ако за бугарскиот тим веќе можеше однапред да се рече дека е повеќе државно отколку научно тело (во него има тројца дипломати!), барем нашата страна го немаше тој багаж. Но спроведување на волјата на Османи со персонално замешателство би ја срушила таа слика за нашата комисија.
Најнпред тоа е за сега најочевиден прилог, па и единстввен доказ од наша страна дека политиката се меша во работата на едно стручно тело! Не само заради составот на Комисијата до сега, туку заради фактот дека барем нашиот дел мнопгу цврсто се чувал од тоа политиката да меша раце во неговата работа. Колку тоа и да се негира, да се гледа на тоа како на „заедничка борба која ќе не зближува“, вака на Софија и даваме доказ дека и ние сме како и тамошната Влада… Во политиката, односно во дипломатијата секој чекор и збор е важен. Впрочем, македонските Албанци тука имаат министер за надворешни, со свои ингеренции и можности да заврши некои зацртани цели во односите со странските земји! После онаа на премирот, тоа е најистакната позиција во таа „борба“.
Веќе споменавме дека бугарскиот дел а Мешовитата комисија е правен како во време кога некогашното Политбиро креирало кадровска политика. Најголем дел од нив се дипломати! На пример, шефот на софиската екипа е Ангел Димитров – првиот бугарски амбасадор во Македонија (од 1994 до 2001 година), Тој е секако човек кој својата историсска кариера ја има посветено на македонско-бугарските релации. Неговата научна кариера е поврзана со Институтот за историски истражувања при Бугарската академија на науките (БАН). Истражувачки интереси се насочени кон историјата на Бугарската преродба (култура и политичка мисла), формирање на бугарската нација, современите односи меѓу Бугарија и Република Македонија, проблемите на Западен Балкан …Често не крие дека е најголем песимист за релации на неговата земја со РСМ.

Негов заменик е историчарот Наум Кајчев, професор по современа историја на Софискиот Универзитет „Св. Климент Охридски“ и поранешен генерален конзул во Битола и Торонто. Доцент Наум Кајчев предава нова и современа балканска историја на Софискиот универзитет „Св. Климент Охридски “. Тој е автор на книгите Македонија, посакувана: армијата, училиштето и изградбата на нацијата во Србија и Бугарија (1878-1912) и Илирија од Варна до Вилах: хрватската национална преродба, Србите и Бугарите (до 1848 година). Во неговата биографија стои дека е поранешен дипломатски службеник во Министерство за надворешни работи. Амбасадор во Ватикан бил и Филип Топалов – амбасадор во Ватикан. Ова значи дека во составот на бугарскиот дел на Мешовитата комисија има тројца дипломати. Во составот на македонскиот дел нема државни службеници! Не треба да се објаснува што знае тоа во контекст на препуштање на разговорите на струката а не на политиката.
Тоа не треба да се случи од кај нас, во било која насока. Оттаму изјавата на Османи треба да се заборави, будејќи не и помага на атмосферата во таа сфера на – условно – помирувањето. Доволно имаме сеачи ма магла „на теренот“, да не пуштаме нови енигми во етерот.