Прашањето е дали крајната цел на до вчера македонскиот премиер а сега лице од полициска потерница е Будимпешта? Малку е веројатно дека Груевски ќе биде во можност долго да се задржи во Унгарија – која ем е членка на Европската унија, ем е членка на НАТО – а де не биде испорачан. Значи, ако не сака да биде уапсен или предаден, тој мора да оди понатаму
МИЈАТ ЛАКИЧЕВИЌ
Брзата пруга Белград-Будимпешта е во функција, иако сè уште не е официјално отворена. Како инаку би дошол поранешниот македонски премиер Никола Груевски во Унгарија? Преку Бугарија и Романија (не само затоа што има „вишок“ граници) е многу понеизвесно, со авион од Грција уште повеќе. Минатата година, всушност, двајца членови на македонската тајна полиција се обидоа да летаат само од Солун до Будимпешта, но беа уапсени на аеродромот. Поради многу комплицирана внатрешна ситуација, Турција е на прв поглед исклучена од сите комбинации.
Орбан и Груевски, од друга страна, се стари политички сојузници. Заради нивната историската поврзаност, треба да се направи една мала дигресија, а се потсетиме дека атентатот на кралот Александар Караѓорѓевиќ во Марсеј во октомври 1934 година, го извршија членовите на македонската организација ВМРО, денес е присутно името на организацијата во првата половина од акронимот на партијата на Груевски, кои беа обучувани во Хортиевиот камп „Јанка-пуста” во Унгарија .
Она што било – било, денес унгарскиот претседател е познат по тоа што Владата на Република Македонија, кога таму беше на чело Груевски, силно ја поддржуваше во заложбата да не се согласи за промена на името на земјата. Но, оваквата политика на Скопје, треба ли да се потсетуваме, е многу поблиску до срцето на сегашниот режим во Белград. Покрај тоа, постојат така да се каже „братски” односите меѓу Вучиќ и Орбан, па каналот Вардар-Морава-Дунав се наметна како идеален за екстрадиција и на „живата сила“ и на „комората”.
Сепак, не треба да се исклучи било која друга можност, без оглед колку е фантастична. На крајот на краиштата, она што е фантастично на прв поглед неретко се покажува како сосема реалистична. Заев, всушност, се уште претпочита Груевски да е во егзил, отколку со азил да биде во Скопје. Значи не е невозможно целиот трансфер да го замислила некоја повисока сила и другите учесници само повеќе или помалку да бидат уверливи во играњето на своите повеќе или помалку невидливи улоги.
Прашањето тука, на крајот, е дали е крајната цел на до вчера македонскиот премиер а сега лице од полициска потерница е Будимпешта? Малку е веројатно дека Груевски ќе биде во можност долго да се задржи во Унгарија – која ем е членка на Европската унија, ем е членка на НАТО – а де не биде испорачан. Значи, ако не сака да биде уапсен или предаден, тој мора да оди понатаму.
На север веќе не може, на запад уште помалку, останува на исток. Значи, Русија. Каде Мирјана Марковиќ го чека. Која српска полиција, исто така, ја бара, но чија екстрадиција не треба повеќе да бара. Можеби затоа што – како што велат добро информирани извори, иако малку подложни на шпекулации – нејзиното враќање во Србија долго време се подготвува. И само, велат тие, се чека добар момент.
(Пешчаник, 14 ноември)