Нејзината посета е порака до Црна Гора и Албанија дека ЕУ е задоволна од нивниот напредок кон членство и дека ги гледа во ЕУ во 2030 година.
Косово и Србија во мигот немаат влади, па се нема соговорник. А Македонија е просто заплеткана во лагите на актуелната власт кога се работи за желбата да бидат сериозно сфатена како иден член на Унијата

Дали има врска односот што некогашната опозиција а сегашна власт го имаше кон врвната европска политичарка Урсула фон Лајен за време на нејзините чести посети на Скопје што сега исто така политичарката од врвот во Брисел ја има кон земјава? Нема никаква официјална реакција ниту од Мицковски а уште помалку од МНР и Муцунски заради овој „прелет“ над земјава, која, нели е кандидат во пишманење и си дава постојано сама на себе си вето во однос на влезот во Унијата! Просто се добива впечаток дека ние веќе сме на опашката на интересот на Унијата откако толклу долго се инатиме што се сватило на западот на континентот дека Мисковски и екипата дојдоа на власт со својот отпор кон идејата дека и нам Европа ни е една поширока татковина.
Збунети се секако и земјите како Србија и Косово кои исто така не се на дневен ред за посети во оваа турнеја на Каја Калас.
Да се потсетиме дека оваа функционерка зборот „Вие сте силен партнер на ЕУ“ – ги изрече во Подгорица, Тирана и Сараево. И толку!
Белградски НИН смета дека од листата на земји кои треба да се посетата „немаат соодветна тежина“ оние каде авионот со поранешната естонска премиерка.
Турнејата на Каја Калас започна во минатиот понеделник во Црна Гора, каде што ја пречекаа претседателот Јаков Милатовиќ и премиерот Милојко Спајиќ, како и претставници на граѓанското општество. Потоа, за време на посетата на Тирана, домаќин беше претседателот и премиерот на таа земја, Бајрам Бегај и Еди Рама. Каласова на тамошната заедничка конференција истакна дека Албанија е клучна за унапредување на соработката во рамките на Западен Балкан. Истиот ден, таа отпатува за Сараево, каде што, зборувајќи за актуелната политичка криза во Босна и Херцеговина, рече дека Европската унија „вистински се грижи за оваа земја и нејзината европска иднина“.

Белград не е единствениот што не доби можност да биде домаќин на високиот претставник на Европската унија за надворешна политика и безбедност, таа чест им беше ускратена и на Приштина и на Скопје. Од една страна, ниту Косово, ниту Србија во моментов немаат воспоставено влади. Од друга страна, не така одамна, нормализацијата на односите и дијалогот меѓу Белград и Приштина беше високо на листата на приоритети на ЕУ. Каласова дури се осврнала на тоа прашање на конференцијата за медиуми во Подгорица, велејќи дека заедно со специјалниот претставник на ЕУ, Петер Соренсен, анализираат што функционира, а што не во однос на дијалогот меѓу Белград и Приштина. Таа нагласи и дека нормализацијата на односите меѓу Белград и Приштина е важна за ЕУ бидејќи, како што додаде, „без тоа ниту една од двете страни не може да напредува на патот кон ЕУ“.
Потврдата дека Каласова ќе ги заобиколи Косово и Србија дојде од портпаролката на ЕУ, Анита Хипер, која изјави дека причината лежи во „ограничената временска рамка на посетата“. Ова е нели заобиколува на вистината.
Во интервју за НИН, Јелица Миниќ од Европското движење во Србија укажува дека ограничената временска рамка може да игра улога во одлуката Каласова да посети три од шесте членки на Западен Балкан, но секако не најважната. Таа посочува на моменталниот статус на трите земји кои добија можност да и бидат домаќини.
„Нејзината посета е порака до Црна Гора и Албанија дека ЕУ е задоволна од нивниот напредок кон членство и дека ги гледа во ЕУ во 2030 година“.
Од друга страна, како што вели, посетата на БиХ укажува на посебното внимание што ЕУ го посветува на актуелните високоризични политички тензии кои постојат во земјата и се закануваат да го дестабилизираат регионот.

Гледајќи наназад кон земјите кои беа заобиколени за време на турнејата, меѓу кои и Србија, Миниќ смета дека ваквата одлука во овој момент е сосема разбирлива и очекувана. „Единственото нешто што не е сосема јасно е зошто Северна Македонија беше исклучена за време на оваа посета, можеби се разбира дека е помала демонстративната политичка криза на Србија и Косово“ – смета таа.
Да кажеме дека односот на Калас како премиерка на Естонија покажа висок респект кон нашата земја! Тоа беше есента 2003 година кога тогашниот премиер Ковачевски допатува во Талин. Премиерката на Естонија, изрази цврстата поддршка за евроинтеграцискиот процес на земјава. „Задоволство ми е да му посакам добредојде на премиерот Ковачевски во Естонија на неговата прва посета тука. Северна Македонија и Естонија се добри пријатели и истомисленици партнери во НАТО, и ние би сакале да и посакаме добредојде и во Европската Унија. Ние сме силни поддржувачи на Северна Македонија и се надеваме дека ќе го направите последниот чекор кој е потребен за да го почнете процесот на зачленувањето во Европската Унија. Исто би сакале да се заблагодариме за големата поддршка која и ја давате на Украина, за да можат да ја победат оваа војна. Ви благодарам повторно и се гледаме во блиска иднина” рече Калас тогаш, во време кога со земјата раководеше една проевропска екипа.
(Р.Г.)