Во Софија не се многу среќни од предлогот на Силва и Вархеји, идните преговори сакаат да одат само билетерално, како стратегија
Минатата недела беше една од оние кои нудеа сериозни очекувања во однос на одрзнувањето на спорот меѓу Бугарија и Македонија, во часот кога ние стоиме на вратата на Брисел а софиските политички кругови имаат подигнато рачна веќе неколку години. Надежта беше дека
Дури и со привремена влада Унијата ќе успее да ја разбуди валканата совест на нашиот источен сосед или пак, дека можеби ќе го подигне прстот како закана за потенцијалната блокада на оваа земја во самата ЕУ?!
Португалскиот министер за надворешни работи Аугусто Сантош Силва, во името на Претседателството со Советот на Европската Унија, и комесарот за соседство и проширување Оливер Вархеји, во периодот зад нас ја посетија Бугарија и Северна Македонија за да разговараат со властите на двете земји на теми поврзани со процесот на проширување на ЕУ.
Оваа двојка имаше средба со бугарскиот претседател Румен Радев, како и со премиерот и со министерот за надворешни работи во новата влада, а исртиот ден попладне во Скопје се сретнаа со македонскиот претседател Стево Пендаровски, како и со премиерот Зоран Заев, заедно со заменик-претседателот на владата и со министерот за надворешни работи. Според најавите од Брисел, португалското претседателство со ЕУ го засилува ангажман да се деблокира процесот и Северна Македонија да ги отпочне преговорите за членство со Унијата. Оливер Вархеји и Аугусто Сантош Силва, донесоа предлог за деблокирање на ветото на Бугарија за Северна Македонија и за одобрување на формалното одржувањето на првата Меѓувладина конференција.
Да се потсетиме дека македонскиот премиер ппретходно од Брисел ја најави ваквата посета, додавајжи дека има доволно време да се постигне напредок на релација Скопје-Софија. Но, тој истакна дека не сака ниту да ги зголемува очекувањата на граѓаните, бидејќи, Бугарија и натаму располага со право за вето во Советот на ЕУ.
Министерот за надворешни работи, Бујар Османи пак порача дека македонските власти прават сe’ за Бугарија да го повлече ветото за започнување на преговорите за членство на Северна Македонија со ЕУ и оти јуни е оптимална шанса за да се случи тоа и покрај тоа што во Софија има службена Влада. Тој дополни дека земјата се обидува на сите начини да ја врати довербата со Бугарија и е на ставот дека единствен начин односите меѓу двете држави да се вратат во нормала, е навраќање на самиот Договор за пријателство.
Доколку земјите членки на ЕУ постигнат согласност до 22 јуни за Северна Македонија и доколку преговарачката рамка ја задоволува и македонската страна, првата меѓувладина конференција би можела да се одржи помеѓу 22 и 30 јуни годинава
„Ова е притисок врз Софија”, е главната теза што доминираше во јавниот дискурс во Софија, по највениот предлог план за деблокирање на бугарското вето за почетокот на македонските преговори со ЕУ, кој би бил и основа за продолжување на разговорите меѓу Скопје и Софија кон решение на спорот.
Медиуми во Бугарија веќе пред посетата објавија дека станува збор за модификација на предлогот за кој лани во Берлин разговараа македонски и бугарски претставници. Разговорите во кои тогаш посредуваа и високи германски политичари, наводно резултирал со договор, но бугарската страна се откажа од него веднаш по враќањето во Софија, на министерката Захариева.
Според БГНЕС, новиот документ практично ги „пренесува“ бугарските предлози во рамките на Процесот за стабилизација и асоцијација (ПСА), што е процес каде не се носат оперативни одлуки.
„За разлика од пристапните преговори, во рамките на ПСА Бугарија е лишена од можноста за реагирање ако РСМ повторно не ги исполни своите обврски. Од документот станува јасно дека властите во Скопје мора да подготват патоказ, чиеа исполнување треба да се следи во рамките на ПСА, но тој има апсолутно козметички и неоперативен карактер. Во последните 4 години, PCM многукратно создаваше програмски документи, кои потоа демонстративно и арогантно не ги спроведуваше“, пишува БГНЕС.
Притоа се објавува дека предлогот на португалското претседателство предвидува паралелни еднострани декларации од Бугарија и РСМ, и тоа го оценува како целосно апсурдно, бидејќи двете земји имаат билатерален договор потпишан на 2 август 2017 година и депониран во ОН. „Откако сме сведоци како властите во Скопје три години не го спроведуваат овој договор, кој ќе поверува дека нов декларативен и правно необврзувачки документ ќе доведе до негова имплементација?“, пишува БГНЕС.
Како што е објавено, еден од предлозите во португалскиот документ бил „РСМ да признае дека македонскиот јазик бил кодифициран во 1945 година“. БГНЕС потсетува дека тој факт е признат од македонските власти, и дека спорот е за потеклото на тој јазик, а не за датумот за негова кодификација, па ова го сметаат за клучен момент кој бил пропуштен во предлогот.
Има тука индикативни контакти на официјална Софија со нејзините сосетки – пред средбата со Силва и Врахеји, бугарскиот претседател Румен Радев имал телефонски разговор со грчкиот премиер Киријакос Мицотакис. Една од темите била европската интеграција на земјите од Западен Балкан. Таква средба Радев имаше во Димитровград во неделата со српскиот колега, пред летот со авион за Рим во друштво со Стево Пендаровбски, на заедничка прослава на Денот на сесловенските просветители во Ватикан.
Техничкиот премиер Стефан Јанев, пак, остварил средба со германскиот амбасдор во Софија, Кристоф Ајхорн, на која „била разгледана темата за изгледите за пристапување на Република Северна Македонија во Европската унија
И додека јавноста во двете земји чекаше да ги слушне предлозите што се резултат од неколкумесечниот труд на португалското претседателство со Советот на ЕУ, поранешната шефица на бугарската диломатија Екатерина Захариева, уште вчера излезе со оценка дека „тој не одговара на рамковната позиција на Бугарија”. Притоа објасни дека коментира однапред, бидејќи била запозната со тој обид за компромисен предлог, затоа што бил јавна тајна во Брисел и циркулирал низ коридорите на Европската комисија и Советот.
„За жал, предлогот не одговара на рамковната позиција на Бугарија, која беше усвоена од владата и едногласно одобрена од парламентот, бидејќи со него не добиваме никакви гаранции дека нашите соседи ќе ги прифатат европските вредности. Имаме ли гаранции дека ќе запре антибугарската кампања во Скопје? Дека во Република Северна Македонија повеќе нема да ги прогонуваат нивните граѓани со бугарска самосвест? Дека нема да запираат бугарски книги на граница? Дека нема да ги попречуваат бугарските инвеститори? Дека ќе емитуваат бугарска телевизија? Дека ќе го запрат црниот пиар против Бугарија во цела Европа? Јас не ги видов тие гаранции“, искоментира Захариева на Фејсбук”. Ословувајќи ги министерот Силва и комесарот Вархеји како „нејзини пријатели и колеги“, таа им се заблагодари за „одговорното однесување” и најави дека денес со интерес ќе ги следи разговорите.
Денешата средба со Силва и Врхеји, во дел од бугарските медиуми се опишува „како притисок врз претседателот Радев и техничкиот премиер за да го тргне ветото за почеток на преговори на РСМ со ЕУ“. Весникот „24 часа“ објави и редакциски коментар под наслов „Зошто Европа не нѐ разбра за црвените линии со Македонија?“ Во него се констатира дека „браќата Македонци имаат супер-вештини за создавање свое лоби”, чиј резултат е голем притисок врз Бугарија. Во коментарот има осврт на критичките изјави кон Бугарија на хрватскиот претседател и на германската амбасадорка во Скопје, како доказ дека Бугарите не успеале да го убедат Брисел и секоја земја членка – каков е проблемот.
Засилениот ангажман на Португалија беше најавуван во изминатите денови во Скопје.
Премиерот Заев за „Утрински брифинг“ изјави дека португалското претседателство на ЕУ неколку месеци разработува стратегија со која што ќе настапи пред Софија и Скопје. „Ги знаат нашите црвени линии, бевме во Брисел и им рековме: Ако го чепнете македонски идентитет и јазик, тргнете нѐ од преговорите. За идентитет никој никогаш не разговарал“, рече Заев.
Тој смета дека има доволно време да се постигне напредок на релација Скопје-Софија, но не сака да ги зголемува очекувањата на граѓаните, бидејќи Бугарија и натаму располага со право за вето во Советот на ЕУ.
Предлогот на министерот за надворешни работи на Поругалија Аугусто Сантош Силва и еврокомесарот за проширување Оловер Вархеји покажува дека ЕУ презема засилен, видлив и конкретен ангажман околу Република Северна Македонија и за деблокирање на нејзината евоинтеграција, смета министерката за одбрана Радмила Шекеринска.
Во гостувањето во Само интервју на Канал 5, министерката за одбрана рече дека можат да се препознаат две добри работи – дека ЕУ активно се ангажира и дека ќе се почитува принципот идентитетските прашања да не се дел од преговарачката рамка.
Според неа, позитивно е што работите се придвижуваат, затоа што би било лошо да има статус кво и на тоа да се навикнеме и ние и ЕУ. Истакна дека и покрај ниските очекувања, се покажа дека португалското претседателство со ЕУ, сепак, е фокусирано на Балканот и на проширувањето.
Поддршката за старт на преговорите, посочи Шекеринска ја покажува и тоа што огромното мнозинство од 26 земји во ЕУ се за отворање на преговарачкиот процес со С Македонија, а од друга страна само Бугарија е против.
„EУ покажува и дека останува доследна на принципот дека на идентитетските прашања не им е местото во преговарачката рамка и во процесот на преговори. Тоа е пронцип кој треба да не радува“, рече Шекеринска. За реакциите во Софија, вели дека е од она што можела да го проследи од медиумските извештаи, Бугарија не е задоволна од предлогот на Силва и Вархеји.
„Очигледно е дека во Бугарија не се многу среќни со предлогот. Мислам дека и затоа го пуштија во јавноста, да му ги сосечат нозете“, рече Шекеринска.
Според неа, работите се уште се далеку од завршени, но радува што ЕУ се ангажира да се дојде до решение.
Во однос на оваа тема македонскиот премиер Зоран Заев вели дека постои „добра основа“ за надминување на бугарската блокада во ЕУ која оневозможува да започнат пристапните преговори на Северна Македонија. Неколку часа претходно, бугарскиот технички премиер Стефан Јанев и министерот за надворешни работи Светлан Стоев јавно порачаа дека „не може да се очекува промена во националната позиција“ на нивната земја.
По обидот на португалскиот министер за надворешни работи Аугусто Сантош Силва и еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји преку блиц-посети на Скопје и Софија да посредуваат во спорот и да ја отстранат блокадата со неколку старо-нови предлози, останува нејасно дали има некакво помрднување на позициите и какви се шансите за напредок во следните недели до јунската одлука на ЕУ.
Ваквиот оптимизам засега не го делат водечките политичари во Софија.