Глобус-Неделен весник

  • Македонија
  • Свет
  • Ревија
  • Архива
  • Контакт
  • Фељтон
  • Колумни

БРИСЕЛ ЗАГРИЖЕН ЗА СТАТУСОТ НА СВОЈОТ ПРЕТСТАВНИК ВО ВАШИНГТОН

January 15, 2019 Filed Under: Свет

Минатата година делегацијата на ЕУ забележала дека нејзиниот амбасадор во Вашингтон не е канет на одредени манифестации. Претставниците на владата на САД на дипломатите на ЕУ им потврдиле дека статусот на актуелниот амбасадор на ЕУ, Дејвид О’Саливен е деградиран, веројатно кон крајот на октомври или почетокот на ноември

ТРАМП Си тера по свое

Европскиот Парламент жестоко го критикуваше пристапот на американскиот претседател Доналд Трамп кон трансатлантските врски и предупреди дека поделбата меѓу сојузниците ќе ги зајакне нивните глобални опоненти.

Во писмото испратено денеска до членовите на американскиот Конгрес, парламентарната делегација за односи со САД, го критикува „сè поштетниот пристап на Белата куќа“ и го осуди деградирањето на амбасадорот на ЕУ во Вашингтон.

Минатата година делегацијата на ЕУ забележала дека нејзиниот амбасадор во Вашингтон не е канет на одредени манифестации. Претставниците на владата на САД на дипломатите на ЕУ им потврдиле дека статусот на актуелниот амбасадор на ЕУ, Дејвид О’Саливен е деградиран, веројатно кон крајот на октомври или почетокот на ноември, пренесува Дојче веле.

ДЕГРАДИРАНИОТЅ ИРЕЦ Дејвид О Саливен е амбасадор на ЕУ во Вашингтон

На денот на погребот на Џорџ Буш, 5 декември 2018 година, дипломатите во Вашингтон му оддаваа почест на починатиот претседател. Дејвид О’Саливен притоа не бил прозван како дотогаш по хронолошки ред според годините во службата, туку како последен, вели службеник на ЕУ. О’Саливен во такви пригоди секогаш беше меѓу првите 20 до 30 прозвани од повеќе од 150 амбасадори акредитирани во Вашингтон. Тој е амбасадор на ЕУ од 2014 година.

Администрацијата на САД го деградирала дипломатскиот статус на – како што официјално гласи – „Делегацијата на Европската унија за САД“ уште на крајот на минатата година. Таквиот чекор не беше најавен и значи дека ЕУ од аспект на САД е деградирана од државно ниво на статус на меѓународна организација. „Не знаеме точно зошто го сториле тоа, затоа што не нѐ информираа“, изјави за ДВ претставник на ЕУ во Вашингтон. „Можам да потврдам дека тој чекор не е позитивно прифатен во Брисел.“

ВАШИНГТОН Што кога во февруари О Салоивен ќе замине?

Во Брисел велат дека се во тек разговори со САД околу ова прашање. Уште во декември, како што велат, за тоа се одржани разговори помеѓу САД и ЕУ. Претставниците на ЕУ во Брисел потврдија дека актуелниот амбасадор на ЕУ, Дејвид О’Саливен повторно го добил својото протоколарен ранг, меѓутоа овој дипломат е на функција само до февруари годинава.

Евроатлантските односи континуирано се влошуваат откако Трамп стана претседател пред две години.

 

Filed Under: Свет

БРИСЕЛ ЗА КАНДИДАТИТЕ ЗА ВЛЕЗ ВО УНИЈАТА
АФЕРАТА ЗА ПРИСЛУШКУВАЊЕ НА ВМРО-ДПМНЕ СЕ ЛИЗГА НА СОПСТВЕНИТЕ ПРОТИВРЕЧНОСТИ
ДАЛИ Е ОВА ПОЧЕТОК НА КРАЈОТ? ГО ПРИНЗАВА ЛИ ТОА ПУТИН
ЛИНА ЃОРЧЕСКА СЕ ВРАЌА ВО ФОРМА
СОВРШЕНИ ЖРТВИ (2)

Најново

  • БРИСЕЛ ЗА КАНДИДАТИТЕ ЗА ВЛЕЗ ВО УНИЈАТА
  • АФЕРАТА ЗА ПРИСЛУШКУВАЊЕ НА ВМРО-ДПМНЕ СЕ ЛИЗГА НА СОПСТВЕНИТЕ ПРОТИВРЕЧНОСТИ
  • ДАЛИ Е ОВА ПОЧЕТОК НА КРАЈОТ? ГО ПРИНЗАВА ЛИ ТОА ПУТИН

Импресум

Издавач - Здружение за нови политики и слобода на медиуми "Јавност" - Скопје,

Партизански одреди 23/1/3 Скопје

globus@globusmagazin.com.mk

Барај

Сите права задржани© 2025 · ГЛОБУС · Log in

Developed by Unet