Глобус-Неделен весник

  • Македонија
  • Свет
  • Ревија
  • Архива
  • Контакт
  • Фељтон
  • Колумни

БРИТАНИЈА ГО РЕШАВА СВОЈОТ НАЈГОРЛИВ ПРОБЛЕМ, НИЕ СИ НАТОВАРУВАМЕ ОГРОМНИ ПРОБЛЕМИ СО НЕСОГЛЕДЛИВИ ПОСЛЕДИЦИ

December 9, 2025 Filed Under: Македонија

Босна и Херцеговина и Косово ја одбиле помислата да примаат илегални мигранти од богатиот Запад. Приштина рекла дека може да прими бегалци само од САД. Еди Рама беше лут кога дозна за трговијата меѓу Северна Македонија и Британија и отворено рече дека нему не му се нуделе толкави пари. Треба ли да бидеме горди на тој факт дека добро сме се испазареле што ќе го дестабилизира нашето општество со реализацијата на договорот на двоецот Мицкоски –Николоски во Лондон

МАЈСКА СРЕДБА Мицковски постојано лажеше дека не е луд да преговара со Стармер за преземање на илегалните бегалци

ЉУБОМИР КОСТОВСКИ

Политиката на владата на Мицковски која значи лажи каде ќе стигнеш и без било каков усул, ни донесува неволји што можат да целосно да ја залулаат стабилноста на земјата. Меѓу другото тој, иако цело време говореше дека неговите посети на Лондон, а пред се оние на неговата десна рака Николовски се врзани со некаков кредит, кој би бил во вредност од 6 милијарди фунти и со кој ние би направиле „фараонски проекти“ во сообраќајот, парaлелните извори говореа дека Обединетото кралство сака токму преку актуелната владина екипа кај нас да си го реши својот најголем проблем – илегалната миграција. Истиот длабоко ја потресува и оваа земја која според својата големина и економска моќ веројатно има повеќе решенија за совладување на тој проблем, ја подигна британската јавност и донесе турбуленции – двете најголеми политички партии губат на својата популарност како „неспособни“ а некои трети или четврти на акцентирањето на таа ситуација сo илегалната мрација добиваат свои приврзеници. Постојано има протести во оние места каде тие илегалци се сместени, па нивното преместување не ја смирува ситуацијата со незадоволството на мештаните, туку го омасовува гневот кон големите политички играчи.

Идејата дека со пари на државата можат да се однесат тие неприфатливи за Британија илегални дојденци еднаш беа насочени кон западниот брег на Африка, ама се покажа дека тој потег имал многу ризици и би бил неприфатлив за меѓународната јавност. Определбата

да се оди кон некоја европска земја е секако поприфатлив, особено ако

таа се се согласува да гарантира спроведување на интернационални, хуманитарни стандарди. Кои би биле тие?

Префрлените илегалци, овој пат станува збор за доаѓање во Северна Македонија, треба да бидат стационирани во некакви кампови, но тоа е далеку од онаа слика која си ја замислуваме. Не смее да има огради од било каков вид, дојденците треба да бидат слободни во своето движење, земјата-домаќин треба да им даде работни дозволи со кои тие би биле еднакво конкурентни на пазарот на трудот а што посебно иритантно за нашето население – да им се овозможи спојување на семејствата. Тоа ќе значи дека ако кај нас влезат 30 или 40 илјади бегалци со дојдените сопруги и деца таа бројка би се помножила со барем три. Ако исполнувањето на тие правила било тешко за Бритите (а било) можеме да замислиме како тоа би делувало во земја која е одамна во фаза на депопулација!?

Идејата дека Лондон ни дава заем за изградба на големи проекти е токму врзана за вработувањето на таа нова маса на луѓе кај нас, ама мора да се има во предвид дека се работи за луѓе кои немаат никакви квалификации а уште помалку искуство за било какава чувствителна задача. Впрочем, се говори дека две третини од нашите нови соседи се дојдени во Европа од Еритреја или од Сомалија, земји во кои со децении само се војува и ограбува а најмалку се гради!

Во петокот навечер на оваа тема се отвори дебата на многу поткасти. Некаде, на некои од нив, се рече дека Северна Македонија дава четири локации за доселување на лицата што Британија ги дава во некаква разменска вредност со Владата на Мицковски. Не е тешко да процениме каква! Кога пред локалните избори во Кочани, минското поле за власта

Мицкоски говореше во затворена сала и веројатно пред избрани слушатели, рече дека тој има план во овој град да вложи 150 милиони евра. Си реков – јасно е дека овој политичар може да измислува и „подарува“ големи суми, дури и кога финансиите му се банкрот, ама ова е големо – што се вели – претерување. Да, сега е јасно за каков влог се работи! Се слуша дека Кочани ќе биде една од тие дестинации каде ќе се доселат исфрлените од Британија. Влогот со толку бројки тогаш е можен, а колку од тоа ќе имаат добивка граѓаните каде секој втор оди по улиците во црнина не е тешко да се предвиди… Се говореше дека втората дестинација би била Берово, трета би била Кавадарци (односно Тиквеш) а последната, (белким „според Бадинтер“) во селото близу Скопје – Ласкарци. Јасно, фактот дека тие дојденци ќе можат да се движат низ целата територија на земјава не ги прави овие места „ексклузивни“.

На еден ден пред Конгресот на ВМРО ДПМНЕ британските медиуми се распишаа на оваа тема и тоа не може да се третира како некаква домашна, опозициска или било каква друга интенција.

Македонија влезе во формални преговори со Обединетото Кралство за можноста да прифаќа мигранти чији барања за азил биле одбиени во Британија, објави „Тајмс“, повикувајќи се на извори од британската влада. Информацијата потоа ја пренесоа голем дел од британските медиуми со свои дополнувања.

Според медиумските пишувања, станува збор за нов модел на соработка со кој Велика Британија би ги пренасочувала одредени категории на мигранти кон партнерски земји.

Планот, како што го пренесуваат британските весници, предвидува финансиска поддршка за Македонија за секој лице што би го прифатила, заедно со дополнителни инвестиции и програми за зајакнување на безбедносниот сектор, особено во контекст на зголеменото руско влијание на Западен Балкан (!).

Се вели дека разговорите меѓу двете земји на оваа тема започнале оваа есен, при што Македонија се придружи на мала група нации кои моментално преговараат за слични аранжмани со Велика Британија.

Премиерот Кир Стармер ја гледа шемата како потенцијално средство за одвраќање од преминување на Ла Манш со мали чамци, откако тој призна во преписка со претседателот Емануел Макрон минатиот месец дека во моментов „нема ефикасно одвраќање“.

Според информациите, мигрантите би имале можност да поднесат барање за азил во Македонија или да аплицираат за работни визи во области каде што недостига работна сила. За разлика од класичните модели, тие не би биле сместени во затворен тип на центри и би можеле слободно да ја напуштат земјата доколку одлучат. Сто ова го имаме навеено и погоре во текстот!

Filed Under: Македонија

ТРЕНЧЕВСКА: БУЏЕТОТ ЗА ГОДИНАВА Е ИНДИКАТОР ДЕКА ЌЕ ИМА ПРЕДВРЕМЕНИ ИЗБОРИ
И ЛАНИ ПИШУВАЧИТЕ НА РОМАНИ БЕА АКТИВНИ
НЕУСПЕШНИОТ „САМИТ“  ВО КЛУБОТ НА ПРАТЕНИЦИТЕ АКТИВИРА ОБВИНИТЕЛСКИ АМБИЦИИ КАЈ ВЛАСТА
ЦРНА ПРОГНОЗА АКО САД ГО ЗАЗЕМАТ ГРЕНЛАНД
ЕВРОПСКИ ОСКАР: ГЛАВНИТЕ НАГРАДИ ЗА НОРВЕШКИ ФИЛМ

Најново

  • ТРЕНЧЕВСКА: БУЏЕТОТ ЗА ГОДИНАВА Е ИНДИКАТОР ДЕКА ЌЕ ИМА ПРЕДВРЕМЕНИ ИЗБОРИ
  • И ЛАНИ ПИШУВАЧИТЕ НА РОМАНИ БЕА АКТИВНИ
  • НЕУСПЕШНИОТ „САМИТ“ ВО КЛУБОТ НА ПРАТЕНИЦИТЕ АКТИВИРА ОБВИНИТЕЛСКИ АМБИЦИИ КАЈ ВЛАСТА

Импресум

Издавач - Здружение за нови политики и слобода на медиуми "Јавност" - Скопје,

Партизански одреди 23/1/3 Скопје

globus@globusmagazin.com.mk

Барај

Сите права задржани© 2026 · ГЛОБУС · Log in

Developed by Unet