Глобус-Неделен весник

  • Македонија
  • Свет
  • Ревија
  • Архива
  • Контакт
  • Фељтон
  • Колумни

БРИТАНСКАТА НАУКА ЗА И ПРОТИВ ОГРАНИЧУВАЊА ВО БИТКАТА СО КОРОНАТА

October 13, 2020 Filed Under: Свет

Глобално востание на дел од научниците против короната: „За ова треба да се бориме на поинаков начин!“ Тие се залагаат за насочени мерки за заштита на ранливите групи, додека остатокот од здраво и еластично население ќе продолжи да живее и работи нормално. Дел од науката не се согласува со ова,особено заради сомнителните резултати со стекнувањето на трајна имунизација на заболените

СУНЕТРА ГУПТА Познатиот лекар- епидемиолог од Оскфорд предлага полиберални форми на одбрана од вирусот

Илјадници научници и здравствени работници ширум светот го кренаа својот глас против строгите рестриктивни мерки за борба против пандемијата на коронавирусите, велејќи дека има причини за сериозна загриженост доколку земјите се одлучат за „блокада“ во која оваа пролет имавме можност да учествуваме во многу земји.

Според Би-Би-Си, околу шест илјади научници, меѓу кои и многу од Велика Британија, потпишале изјава во која се тврди дека затворањето на населението може да има огромни штетни последици по менталното и физичкото здравје на поединците, но и да му наштети на општеството во целина.

Тие сметаат дека вниманието треба да се насочи кон заштита на најслабите и најранливите, додека огромното мнозинство здрави луѓе треба да продолжат да живеат нормално. Потпишаната декларација ја подели научната јавност. Некои научници не се согласуваат со неа и тврдат дека повеќе насочен пристап може да го отежне заштитата на оние во најризичните групи. Во исто време, тие стравуваат дека ризикот за сите може да се зголеми поради можни компликации од вирусот.

СЕЛЕКТИВНА ЗАШТИТА Др. Леонард смета дека кон короната треба да се гледа со порозови очила

Застапниците на полибералниот пристап кон контролирање на инфекцијата тврдат дека новото затворање на населението може да предизвика неизмерна штета, а меѓу најпознатите потписници на декларацијата позната како Големата декларација на Барингтон (именувана по градот во Масачусетс од каде потекнува) се лекарите кои се занимаваат со популарни телевизиски емисии како што е Др.Фил Хамонд и сер. Розмари Леонард, како и бројни високи членови на Британското медицинско друштво. Петицијата ја потпишаа и други. Сунетра Гупта, епидемиолог од Оксфорд, потоа психологот проф. Елен Таунсенд од Универзитетот во Нотингем и научникот др. Пол МекКигу, чија специјалност е предвидување на моделот на ширење на инфекцијата.

Според Би-Би-Си, тие сметаат дека политиката на затворање на населението се додека вакцината не биде достапна, ќе предизвика непоправлива штета на целото општество, а најсиромашните се најпогодени. Меѓу директните очекувани последици од затворањето, велат тие, може да се очекува пад на детската вакцинација и пад на квалитетот на здравствената заштита за срцевите и карциномните болести. Тие истакнуваат дека ризикот од коронавирус е 100 пати поголем кај постарите лица и доенчињата, додека, на пример, за деца и млади луѓе, обичниот грип е многу поопасен од ковид-19. Тие исто така забележуваат дека сè поголем број луѓе развиваат имунитет кон коронавирус, што го намалува ризикот и за најризичните.

СТИВЕН ГРИФИН Еднаш заболените до крајот на животот ќе имаат за жал тегоби – во најмала рака слични на реумата

Но, тоа не значи дека овие научници сметаат дека треба целосно да се релаксираат. Тие предложија низа мерки што треба да се следат за да се задржи ризикот на разумно ниво. Се препорачува редовно тестирање на вработените во старечки дом, како и вработување на оние кои докажале дека имаат стекнато имунитет. Исто така, пензионерите што живеат сами треба да можат да доставуваат намирници за да го минимизираат нивното движење на отворено. Кога и да е можно, другите членови на семејството треба да се среќаваат на отворено, наместо во куќи и станови. Тие исто така ги споменуваат основните мерки, како што се редовно миење на рацете и останување дома ако не се чувствувате добро.

Во исто време, научниците и медицинските експерти тврдат дека остатокот од животот треба да продолжи. Младите луѓе кои не спаѓаат во ризични групи треба да продолжат да работат нормално, училиштата и колеџите да останат отворени, а спортските и културните активности да продолжат. Тие исто така не препорачуваат затворање кафулиња и ресторани.

ИМУНИТЕТ Др. Симон Кларк од Универзитетот во Ридинг тврди дека нема докази за квалитетен имунитет од оваа болест

Противниците на ваквите пристапи тврдат дека секој треба подеднакво да учествува во борбата против инфекцијата, алудирајќи на фактот дека овие мерки би биле дискриминаторски „и покрај добрите намери“. Д-р Стивен Грифин од Медицинскиот факултет на Универзитетот во Лидс вели дека е важно да се знае дека имало бројни долгорочни последици врз страдалниците, дури и во случај на многу лесни форми на болеста, како што се продолжен замор и болка во зглобовите.

Д-р Сајмон Кларк, молекуларен биолог на Универзитетот во Ридинг, потсетува дека сè уште не е јасно дали имунитетот на стадото навистина се развива.

– Потребен ни е имунитет кој е траен, а сè уште не знаеме колку трае имунитетот на оние кои го надминаа вирусот – рече тој, додавајќи дека најверојатно имунитетот стекнат со надминување на ковида-19 не е траен, но инфекцијата се појавува повторно, иако во послаба форма.

Filed Under: Свет

ГЛОБАЛНО ИСТРАЖУВАЊЕ: КАКО ВИ ОДИ РАБОТАТА?
ИЗЛЕЗЕ НОВИОТ ИЗВЕШТАЈ НА РЕПОРТЕРИ БЕЗ ГРАНИЦА: МАКЕДОНИЈА ИМА ПАД ОД ШЕСТ МЕСТА, СРБИЈА НА МИНИМУМ
ЦРВЕН КРСТ: ХУМАНИТАРНИТЕ ОПЕРАЦИИ ВО ПОЈАСОТ ГАЗА НА РАБОТ НА КОЛАПС
ПРЕВИРАЊА ВО ВЕЛИКА БРИТАНИЈА: СОЈУЗНИКОТ НА ТРАМП ВО ПОЛИТИЧКИ ПОДЕМ
ТАНЦОТ ЗБОРУВА КОГА ЗБОРОВИТЕ МОЛЧАТ – ТАНЦ ФЕСТ СКОПЈЕ ГО ОТВОРИ СВОЕТО 21. ИЗДАНИЕ

Најново

  • ГЛОБАЛНО ИСТРАЖУВАЊЕ: КАКО ВИ ОДИ РАБОТАТА?
  • ИЗЛЕЗЕ НОВИОТ ИЗВЕШТАЈ НА РЕПОРТЕРИ БЕЗ ГРАНИЦА: МАКЕДОНИЈА ИМА ПАД ОД ШЕСТ МЕСТА, СРБИЈА НА МИНИМУМ
  • ЦРВЕН КРСТ: ХУМАНИТАРНИТЕ ОПЕРАЦИИ ВО ПОЈАСОТ ГАЗА НА РАБОТ НА КОЛАПС

Импресум

Издавач - Здружение за нови политики и слобода на медиуми "Јавност" - Скопје,

Партизански одреди 23/1/3 Скопје

globus@globusmagazin.com.mk

Барај

Сите права задржани© 2025 · ГЛОБУС · Log in

Developed by Unet