Глобус-Неделен весник

  • Македонија
  • Свет
  • Ревија
  • Архива
  • Контакт
  • Фељтон
  • Колумни

БРИТАНСКА ТАЈНА ОПЕРАЦИЈА ПРОТИВ АЛБАНСКИТЕ НАРКО БОСОВИ

June 4, 2024 Filed Under: Свет

Во документот на Министерството за внатрешни работи, до кој Тајмс  имал пристап, албанските организирани криминални групи се опишани како „акутна закана“ за Обединетото Кралство. Се проценува дека тие се значајни играчи на пазарот на кокаин во Обединетото Кралство и се многу распространети во сериозниот и организираниот криминал во ОК, вклучително и трговијата со луѓе и сексуалната експлоатација

ТАЈМС Отворање на сензитивни документи за албанските криминални гури на Островот

Министерствата за внатрешни работи и за надворешни работи на Велика Британија започнаа тајна операција под кодното име „Crime State Nexus“ чија цел е да се запре работата на албанските нарко босови и да се разоткријат албанските политичари поврзани со организираниот криминал. Според „Тајмс“, целта на проектот е да ја ослаби заканата од организираните криминални групи и да ги заштити британските интереси на Балканот.

Во документот на Министерството за внатрешни работи, до кој британскиот весник имал пристап, албанските организирани криминални групи се опишани како „акутна закана“ за Обединетото Кралство. Се проценува дека тие се значајни играчи на пазарот на кокаин во Обединетото Кралство и се многу распространети во сериозниот и организираниот криминал во ОК, вклучително и трговијата со луѓе и сексуалната експлоатација.

Се додава дека Албанците сочинуваат една осмина од странските криминалци кои отслужуваат казни во британските затвори, што ги прави убедливо најголемата национална група во затворите, веднаш до Британците.

Во документот на британското Министерство за внатрешни работи се посочува дека врските меѓу политиката и криминалот во Западен Балкан создаваат „средина во која сериозните криминалци и организираните криминални групи можат да дејствуваат и да имаат корист од заштитата на корумпираните политичари“.

Политичката заштита отвора дополнителни патишта за организираните криминални групи за перење пари и им овозможува да ја користат Албанија како „безбедно засолниште од каде можат да дејствуваат“, се вели во документот, додавајќи дека организираните криминални групи, пак, им помагаат на политичарите за време на изборите со купување гласови. и заплашување на гласачите.

САЛИ БЕРИША Во домашен притвор заради политичка поткрепа на криминалот во Албанија

Британскиот проект има за цел да ги прекине тие врски со координирана акција против „политички експонираните лица од сите политички страни во Албанија“ кои би можеле да се соочат со санкции од Владата на ОК. Дополнителна цел е да се намали кредибилитетот на корумпираните политичари кај албанската јавност и политичката елита, соопшти британското Министерство за внатрешни работи, додавајќи дека тоа ќе покаже какви последици можат да настанат на меѓународно и домашно ниво како резултат на толерирање на корупцијата во политички партии.

Други цели на тајниот проект вклучуваат „зајакнување на демократијата“ на Западен Балкан, намалување на „перцепцијата дека криминалците можат неказнето да работат“ и зајакнување на угледот и кредибилитетот на ОК како партнер во борбата против корупцијата

Тајниот проект беше откриен во судските документи за време на правната битка на Саљи Бериша, поранешен претседател и премиер на Абанија, против одлуката на британската влада во јули 2022 година да му забрани влез во земјата.

Во декември минатата година, албанскиот суд му одреди домашен притвор на Бериша, кој сега е лидер на главната опозициска Демократска партија, бидејќи обвинителите го обвинуваат дека го користел своето влијание додека бил премиер за да го фаворизира својот зет во процесот на приватизација на државно земјиште. Бериша, пак, ги негира обвинувањата и тврди дека се работи за политизирано судење организирано од актуелниот албански премиер Еди Рама. Покрај тоа, Бериша ги негираше и наводите на британските власти дека има врски со организирани криминални групи.

Бранејќи ја одлуката на владата на ОК да му забрани на Бериша напуштање на земјата, Лиза Џованети, која го претставува Министерството за внатрешни работи во Специјалниот одбор за жалби за имиграција, рече дека Министерството заклучило дека Бериша бил „вмешан во сериозен организиран криминал и корупција и дека ги користел своите врски со организирани криминални групи и оние кои се вмешани во криминал.

„Сериозниот организиран криминал во Западен Балкан, а особено во Албанија, имаше и продолжува да има негативно влијание врз Обединетото Кралство. Тактичката проценка на Националната агенција за криминал укажува дека поробените албански институции ја поткопуваат способноста да се справат со сериозниот организиран криминал. “, истакна Џованети.

Одлуката во судскиот процес Бериша против Обединетото Кралство треба да се донесе следниот месец.

Filed Under: Свет

СДСМ НА МЕЃУНАРОДНА СЦЕНА ГИ БРАНИ НАЦИОНАЛНИТЕ ИНТЕРЕСИ А ВЛАДАТА?
ОРДАНОСКИ: ВОЈНАТА ВО УКРАИНА ГОДИНАВА НЕМА ДА ЗАВРШИ, РУСИЈА НЕ Е ПРОБЛЕМ ЗА НАТО
ИСТОРИСКИ МОМЕНТ ЗА ДЕМОКРАТИТЕ ВО ЊУЈОРК: КОЈ Е ЗОХРАН МАМДАНИ
БЛАГОЈ МИЦЕВСКИ (2): ИДЕНТИТЕТИ – БУДЕЊЕ И УМЕТНИЧКАТА СОРАБОТКА СО РИСИМА РИСИМКИН
СТУДЕНТИТЕ И ГО ОДЗЕДОА ВИДОВДЕН НА ВЛАСТА

Најново

  • СДСМ НА МЕЃУНАРОДНА СЦЕНА ГИ БРАНИ НАЦИОНАЛНИТЕ ИНТЕРЕСИ А ВЛАДАТА?
  • ОРДАНОСКИ: ВОЈНАТА ВО УКРАИНА ГОДИНАВА НЕМА ДА ЗАВРШИ, РУСИЈА НЕ Е ПРОБЛЕМ ЗА НАТО
  • ИСТОРИСКИ МОМЕНТ ЗА ДЕМОКРАТИТЕ ВО ЊУЈОРК: КОЈ Е ЗОХРАН МАМДАНИ

Импресум

Издавач - Здружение за нови политики и слобода на медиуми "Јавност" - Скопје,

Партизански одреди 23/1/3 Скопје

globus@globusmagazin.com.mk

Барај

Сите права задржани© 2025 · ГЛОБУС · Log in

Developed by Unet