Многу забелешки на парламентарците во Лондон против ширењето на лажнит е вести заради попустливоста на регулаторите. Ниту Фејсбук не е поштеден од критики
АНА ЛЕКАС МИЛЕР
Голем број популистички политичари во светот им го должат својот успех, барем делумно, на цели армии од тролови кои објавуваат заблудувачки, непроверени и, најчесто, неточни информации на интернет. Што се презема во Обединетото Кралство и во светот за борба против лажните вести?
Популистичките лидери низ целиот свет го политизираа поимот „лажни вести“ за да го стигматизираат критичкото новинарство и да ја намалат довербата во медиумите. Сепак, токму ваквиот вид лажни вести (или дезинформации, како што повеќе сакаат да ги нарекуваат) доведе до доаѓање на власт на популистите. Голем број вакви политичари (од Жаир Болсонаро во Бразил до Доналд Трамп во Соединетите Држави) им го должат својот успех, барем делумно, на цели армии од тролови кои објавуваат заблудувачки, непроверени и, најчесто, неточни информации на интернет, со цел да ја омаловажат опозицијата и да го наведат јавното мислење во определена насока.
АЛГОРИТМИТЕ НА ФЕЈСБУК Многумина во Обединетото Кралство се загрижени за тоа дали ваквите „новинарски“ текстови кои погрешно ги наведуваат читателите влијаеле на позначајните изборни процеси, како што беше референдумот за ЕУ во 2016 година. Во Парламентот, членовите на комисијата за дигитални услуги, култура, медиуми и спорт ги посочуваат главните технолошки компании, како што е Фејсбук, дека споделуваат лични податоци на корисниците и со своите алгоритми ставаат преголем акцент на еднострани гледишта. Тие велат дека ова придонесува за ширење „лажни вести“, што дополнително ја отвора вратата за политички манипулации.
Новинските редакции, како што е Би-би-си, на ова одговорија со удвојување на напорите за проверка на фактите, со програмите како што се More or Less и Reality Check. Организациите за проверка на фактите, како што е Full Fact, доаѓаат до израз преку разобличување на виралните објави на социјалните медиуми, или на тврдењата на експертите кои гостуваат на телевизиските програми. Минатата година почнаа да работат заедно со Фејсбук со цел да се отстрани приоритетот од појавување непотврдени вести во њузфидовите (News Feed – слајдер со ажурирани вести) на корисниците, и тоа во обид да се поправи актуелниот алгоритамски проблем.
РЕГУЛАТОРОТ ГИ ИГНОРИРА ЖАЛБИТЕ Организациите од општествената база (Grassroots), како што е Bellingcat, прават „краудсорсинг“ (собираат мислења од граѓаните преку интернет) на информациите од отворен тип за да ги разобличат наративите на владите и теориите на заговор за поважните новинарски стории, од типот на користењето хемиско оружје во граѓанската војна во Сирија, труењето на Скрипал во гратчето Салисбери и, во најново време, дигиталните тактики кои најчесто ги користат сторителите, имајќи ги предвид трагедиите како што е масакрот во Крајстчрч. Други интернет страници, како што е Critical Information содржат алатки наменети за читателите за тие самите да ги разобличат дезинформациите.
Невладините медиумски организации и хуманитарните организации исто така се свесни како ваквите погрешно наведувачки наслови и запаливото известување доведуваат до зголемување на говорот на омраза и, во некои случаи, до кривични дела од омраза. Независниот регулатор на медиумите на Обединетото Кралство IPSO (Independent Press Standards Organisation) има ужаснувачко досие на игнорирање на жалбите за расистички и верски заснован говор на омраза во мејнстрим медиумите. Изминатиот месец, Институтот за медиумска различност (Media Diversity Institute), заедно со Hacked Off, изготвија отворено писмо во кое го повикуваат регулаторот уште еднаш да го разгледа процесот на жалби а кој во моментов ги зема предвид само жалбите против физички лица, за разлика од жалбите против групи.
„Целта на нашата кампања е да му обрнеме внимание на IPSO на недостатоците кои постојат во Етичкиот кодекс“ (Editor’s code), вели проектниот менаџер од MDI, Лидија Кхури, која воедно е и организатор на кампањата. Во текот на оваа недела, помошникот полициски комесар Нил Баси напиша многу моќна изјава за улогата која можат да ја имаат медиумите во ширењето на омразата, особено имајќи ги предвид терористичките напади како што беше масакрот во градот Крајстчрч.
„Кај новинарите, универзитетските професори и граѓанските организации сè повеќе е присутно разбирањето дека ситуацијата, ваква каква што е, е неодржлива и дека треба да се менува“, вели таа. Во период од само неколку недели нашето писмо привлече повеќе од сто потписи од пратеници, застапници на слободата на изразување, од академскиот свет и повеќе од 5.000 потписи од загрижени лица.
БОРБА ПРОТИВ ГОВОРОТ НА ОМРАЗА Влијанието на непрофесионалното известување врз етничките и верските групи е реално и тоа повеќе не може да се игнорира.”
Ние повеќе не сме единствените кои покажуваат со прст на медиумите кои повикуваат на омраза. Неколку невладини организации од Обединетото Кралство се предводници на осудата на говорот на омраза и притискаат за подобра застапеност на малцинските заедници. Tell MAMA UK се бори против исламофобијатапреку комбинирање на мониторинг врз медиумите и активности во заедницата, овозможувајќи најсовремена анализа на корелацијата помеѓу медиумската покриеност на исламофобијата и кривичните дела од омраза против муслиманите кои живеат во Обединетото Кралство. Уште една друга организација, Hope Not Hate, ја подигнува свеста за неонацизмот со организирање кампањи преку традиционалните и социјалните медиуми во врска со постоењето на белите расисти (white supremacists) и како да се организираме против нив.
Stop Funding Hate се справува со сите видови на говор на омраза преку реклами, притискајќи ги компаниите да ги пренасочат своите средства наменети за рекламирање од сензационалистичките таблоиди како што се The Daily Mail и The Sun. Ако компаниите одбијат, организацијата ги поттикнува потрошувачите да ги бојкотираат компаниите, со што се врши финансиски притисок врз нив да престанат да го поддржуваат проблематичното новинарство. За да дознаете нешто повеќе за нивните успеси, кликнете тука.
Во Media Diversity Institute работиме со новинари и со граѓански организации од целиот свет за да се бориме против дезинформирањето и говорот на омраза, преку изготвување репрезентативни стории за малцинските заедници и борба против негативните стереотипи. Исто така, организираме обуки за медиумска и информатичка писменост наменети за ученици и наставници, чија цел е да се негува култура на образование за медиумска писменост која се надеваме дека ќе ја сопре заканата од лажни вести пред да почне, и ќе ги обучи следните генерации новинари и медиумски работници. Преку нашата работа потенцираме дека медиумите се моќна алатка која може да се користи за добробит, без разлика дали се работи за повици за борба против говорот на омраза кој го забележуваме на интернет, или за обучување на учениците критички да ги восприемаат информациите и да ги вреднуваат точните вести и квалитетното новинарство.
(Ана Лекас Милер е менаџер за комуникации во Институтот за различности во медиумите)