Глобус-Неделен весник

  • Македонија
  • Свет
  • Ревија
  • Архива
  • Контакт
  • Фељтон
  • Колумни

БРНЗ: ФОКУСОТ ТРЕБА ДА Е ВРЗ ВЛАДЕЕЊЕ НА ПРАВОТО И БОРБА СО КОРУПЦИЈАТА

August 18, 2021 Filed Under: Македонија

Амбасадорката на САД во земјата даде интервју за „Ал Џазира Балканс“ со оценки за ЕСМ. Македонија сега е модерна мултиетничка демократија, во која подеднакви права уживаат сите нејзини граѓани. Со Охридскиот договор поставен е важен темел за општеството и направено е многу на градењето мостови меѓу луѓето

ИНТЕРВЈУ Брнз вели дека сега Македонија е модерна мултиетничка демократија

Македонија сега е модерна мултиетничка демократија, во која подеднакви права уживаат сите нејзини граѓани. Со Охридскиот договор поставен е важен темел за општеството и направено е многу на градењето мостови меѓу луѓето

Република Северна Македонија сега е многу различна земја, 20 години по потпишувањето на Охридскиот Рамковен Договор со кој е завршен поширок судир. А, со Преспанскиот договор се надмина проблемот со Грција, и земјата сега може да се фокусира на задоволување на неопходните процеси за ЕУ и на потребите на своите граѓани.Несомнено, Македонија сега е модерна мултиетничка демократија, во која подеднакви права уживаат сите нејзини граѓани. Со Охридскиот договор поставен е важен темел за општеството и направено е многу на градењето мостови меѓу луѓето, изјави американската амбасадорка во земјава, Кејт Мари Брнз.

Таа нагласи дека во многу нешта , што порано земјата ги развиваше помогната со разни проекти преку Усаид , дека сега ги развива тие процеси сама. Останува предизвикот на јакнење на независноста на институциите и порача фокусот да се одржи на владеење на правото и на борбата со корупцијата.

Таа нагласи дека власта треба да развива општество со еднакви можности за сите и дека младите треба да го имаат приоритетот.

Во поглед на извршната уредба донесена од страна на американскиот претседател Бајден, Брнз рече дека е тоа многу важна одлука и дека е важно да биде разбрана дека таа е во насока на јакнење на мирот, стабилноста, просперитетот и на демократските процеси во регионот и спречување на корупцијата и на сите оние кои посегаат по неа. Амбасадорката истакна дека наместо да коментира нон пејпери кои се појавија со предлози за поделба на Босна и Херцеговина,  дека подобро е да ги повтори американските позиции за почитување на територијалниот интегритет и суверенитет на сите земји во регионот.

Таа нагласи дека се радува дека по Преспанскиот договор се повеќе странски компании гледале интерес да инвестираат во Македонија и наместо за поделби , на  Балканот требало да се размислува за создавање на подобри партнерства, за економско и секакво друго поврзување, што ќе доведе до бенефит за граѓаните во регионот.

Амбасадорката , во контекст на бугарската блокада за ЕУ, рече дека САД остануваат на ставот за поддршка на македонската интеграција  во ЕУ и дека очекува и ова прашање да се надмине со јакнење на соработката во регионални рамки.

 

Filed Under: Македонија

ИМА, НЕМА И СЕПАК – ИМА ТУРБУЛЕНЦИИ ВО ВЛАДИНАТА КОАЛИЦИЈА
СДСМ ЗА ЗАКОНОТ ЗА КОЧАНИ: МОРА ДА ПОКАЖЕМЕ СОЛИДАРНОСТ СО РОДИТЕЛИТЕ
УНИВЕРЗИТЕТИТЕ ПОД НАПАД ОД АМЕРИКАНСКАТА АДМИНИСТРАЦИЈА: ХАРВАРД НАСПРОТИ МАШИНИТЕ
ДАНАИ ЛИОДАКИ : ЉУБОВТА Е ЗАЕДНИЦА, НЕ АПЛИКАЦИЈА
ПУТИНОВ ПОКЕР ИЛИ РУСКИ РУЛЕТ 128: КУЛТУРА НА СТРАВОТ НАМЕСТО БУНТ – АНАТОМИЈА НА РУСКАТА ВОЕНА МАШИНЕРИЈА

Најново

  • ИМА, НЕМА И СЕПАК – ИМА ТУРБУЛЕНЦИИ ВО ВЛАДИНАТА КОАЛИЦИЈА
  • СДСМ ЗА ЗАКОНОТ ЗА КОЧАНИ: МОРА ДА ПОКАЖЕМЕ СОЛИДАРНОСТ СО РОДИТЕЛИТЕ
  • УНИВЕРЗИТЕТИТЕ ПОД НАПАД ОД АМЕРИКАНСКАТА АДМИНИСТРАЦИЈА: ХАРВАРД НАСПРОТИ МАШИНИТЕ

Импресум

Издавач - Здружение за нови политики и слобода на медиуми "Јавност" - Скопје,

Партизански одреди 23/1/3 Скопје

globus@globusmagazin.com.mk

Барај

Сите права задржани© 2025 · ГЛОБУС · Log in

Developed by Unet