Веројатно до промоцијата ќе има најмалку уште една селекција

Единаесет романи останаа во конкуренција за наградата „Роман на годината“ што ја доделува Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности „Славко Јаневски“.
Лауреатот ќе биде соопштен на 13 март, а наградата вклучува статуетка, плакета и 150.000 денари.
Потесниот избор за наградата „Роман на годината“ за 2025 година ја објави Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности „Славко Јаневски“. Жирито, составено од Калина Малеска, Иван Антоновски, Ивана Трајаноска, Иван Шопов и Катерина Богоева, го одбра 11-те финалисти од вкупно 46 пријавени романи.
Селектираните дела се:
1,„Александар јава на запад“ – Венко Андоновски, „Три“
2.„Тринаесеттиот“ – Лидија Димковска, „Три“
- „Необјавен фељтон“- Владимир Илиевски, „Maкедоника литера“
- „Илина и тајните на Бабин заб“- Хана Корнети, „Или – или“
- „11 проверени начини како да ја заебеш љубовта: (роман во раскази)“- Драгана Лукан Николоски, „Чудна шума“
- „Зара Зарина“- Лилјана Пандева, „ПНВ публикации“
- „Кривата Дијана: (роман за верижната вина)“- Фросина Пармаковска, „Арс Либрис“
- „Фобос: деконструиран роман“- Соња Станковска, „Или – или“
- „Три Марии: (роман -басма)“- Оливера Ќорвезироска, „Арс Либрис“
- „Само уште еден скок“- Енис Хилми, „Светулка нова“
- „Повратник со две лица“- Ивица Челиковиќ, „Паблишер“
Наградата, под генерално покровителство на Комерцијална банка АД Скопје и поддржана од Министерството за култура и туризам, ќе се додели 27-ми пат. Лауреатот ќе биде објавен на прес-конференција на 13 март во Друштвото на писателите на Македонија во Скопје, а наградата вклучува плакета, уникатна статуетка и паричен износ од 150.000 денари.
Според досегашната практика се очекува дека жирито до конечната промоција на добитникот на наградата да објави уште една или евентуално две селекции!




