Глобус-Неделен весник

  • Македонија
  • Свет
  • Ревија
  • Архива
  • Контакт
  • Фељтон
  • Колумни

БРОЈОТ НА УРАГАНИТЕ ЌЕ БИДЕ ПОГОЛЕМ ОД ВООБИЧАЕНИОТ

August 11, 2021 Filed Under: Свет

Националната управа за океани и атмосфера очекува оваа сезона три до пет големи урагани – урагани чии ветрови можат да достигнат брзина од 179 километри на час

УРАГАН Се пожестоки и почести удари

Националните синоптичари очекуваат натпросечна сезона на урагани над Атлантикот, според денешниот брифинг од Националната управа за океани и атмосфера (НОАА).

Предвидувањата се дека ќе се формираат 15 до 21 именувани бури со брзина од 63 километри на час или поголеми, од кои седум до 10 може да станат урагани со брзина на ветерот од 119 километри на час или поголеми. И двете предвидувања бележат мало зголемување од мајската прогноза објавена од НОАА.

НОАА, исто така, очекува оваа сезона три до пет големи урагани – урагани чии ветрови можат да достигнат брзина од 179 километри на час.

Просечната сезона на урагани има 12 именувани бури, шест урагани и три големи урагани. Ако предвидувањата на НОАА се покажат како точни, 2021-ва година ќе биде шеста година по ред со натпросечна активност на бури.Сезоната на урагани во 2020-та година беше најфреквентна досега, со 30 бури, вклучувајќи 14 урагани и седум големи урагани. Рекордни 12 бури, од кои шест урагани, го погодија крајбрежјето на САД минатата година.

Податоците земени 50 години наназад, покажуваат дека активностите на бури во почетокот на сезоната не се показател за целокупната сезона, бидејќи повеќето атлантски бури се формираат во текот на месеците август, септември и октомври.

Во метеорологијата, тропски циклон (тропска бура, тајфун, оркан[1] или ураган, зависно од силата и локацијата) е вид систем на низок атмосферски притисок што обично се формира во тропските краишта. Иако тие се многу разорни, тропските циклони претставуваат важен дел на системот на атмосферска циркулација, што ја движи топлината од екваторскиот регион до погорните географски ширини. Еден од најпознатите урагани е „Рита“. Тропскиот циклон кој при површината на земјата има брзина до 17 м/с се вика тропска депресија; циклон со брзина до 33 м/с се вика тропска бура, а пак циклон со брзина над 33 м/с се нарекува ураган (на Атлантикот и во источниот дел од Тихиот Океан) или тајфун (во северозападниот дел од Тихи океан.

Услови за настанок на циклон

За да може да настане еден тропски циклон потребно е да се исполнети следните услови:

БЕСОТ НА ПРИРОДАТА Климата е само орудие преку кое човекот си ги окајува грешките кон природата

Температурата на водата на површината на океанот со дебелина од најумалку 50 мм треба да изнесува над 26,5 °C. Во тој случај океанот претсатвува доволно голем извор на енергија за развој на циклонот. По формирањето на облаците воздухот се загрева и навлажнува со помош на топлата вода од океанот.

Распоредот на температурата и влагата во атмосферата треба да биди соодветен за развојот на високите темни кумулонимбуси.

Оддалеченоста од екваторот треба да изнесува најмалку 500 км.

Промената на брзината на ветерот во целата тропосфера треба да биде многу мала. Тоа би им овозможило „организирање“ на конвекцијните облаци во циклонски систем.

Кога овие услови се исполнети и над океанот ќе се појави низок атмосферски притисок облаците можат да се развијат и да создадат тропски циклон.

Ураганот како тема во уметноста и во популарната култура

Filed Under: Свет

ГЛОБАЛНО ИСТРАЖУВАЊЕ: КАКО ВИ ОДИ РАБОТАТА?
ИЗЛЕЗЕ НОВИОТ ИЗВЕШТАЈ НА РЕПОРТЕРИ БЕЗ ГРАНИЦА: МАКЕДОНИЈА ИМА ПАД ОД ШЕСТ МЕСТА, СРБИЈА НА МИНИМУМ
ЦРВЕН КРСТ: ХУМАНИТАРНИТЕ ОПЕРАЦИИ ВО ПОЈАСОТ ГАЗА НА РАБОТ НА КОЛАПС
ПРЕВИРАЊА ВО ВЕЛИКА БРИТАНИЈА: СОЈУЗНИКОТ НА ТРАМП ВО ПОЛИТИЧКИ ПОДЕМ
ТАНЦОТ ЗБОРУВА КОГА ЗБОРОВИТЕ МОЛЧАТ – ТАНЦ ФЕСТ СКОПЈЕ ГО ОТВОРИ СВОЕТО 21. ИЗДАНИЕ

Најново

  • ГЛОБАЛНО ИСТРАЖУВАЊЕ: КАКО ВИ ОДИ РАБОТАТА?
  • ИЗЛЕЗЕ НОВИОТ ИЗВЕШТАЈ НА РЕПОРТЕРИ БЕЗ ГРАНИЦА: МАКЕДОНИЈА ИМА ПАД ОД ШЕСТ МЕСТА, СРБИЈА НА МИНИМУМ
  • ЦРВЕН КРСТ: ХУМАНИТАРНИТЕ ОПЕРАЦИИ ВО ПОЈАСОТ ГАЗА НА РАБОТ НА КОЛАПС

Импресум

Издавач - Здружение за нови политики и слобода на медиуми "Јавност" - Скопје,

Партизански одреди 23/1/3 Скопје

globus@globusmagazin.com.mk

Барај

Сите права задржани© 2025 · ГЛОБУС · Log in

Developed by Unet