Индиција дека постои платенио новинарство се и најдените пари во домот на Стаменковски
![](http://globusmagazin.mk/wp-content/uploads/2023/03/bubevski-1024x475.jpg)
Обвинителот Бубевски во своето петочно гостување пред камерите на 360 степени вели дека една од тезите по кои се води ОЈО Скопје и за што постојат основани сомнежи е тоа дека некој нарачувал и плаќал за да се објавуваат текстови на „Доказ“, за што индикација биле и паричните средства во износ од околу 90 000 евра што се пронајдени при претресот на домот на сопственикот на порталот
– Се надевам дека ќе стигнеме до нарачателите затоа што во таа насока и работиме и мислам дека доказниот материјал ќе го обезбедиме – рече шефот на Основното јавно обвинителство (ОЈО) Скопје, Гаврил Бубевски, на прашањето дали ќе се откријат нарачателите на текстови што ги објавуваше „Доказ“ како дел од вториот случај поврзан со сопственикот на порталот, Марјан Стаменковски.
– Во зависност од тоа дали од таа нарачка произлегува одредено кривично дело и ако се користи за одредено кривично-правно дејствие и предизвикала штета, за таа нарачка, нормално, дека веќе ќе има некакво поттикнување, но тоа треба да оставиме да видиме како ќе тече тој дел –
вели Бубевски.
Во моментов, случајот е во предистражна постапка и се вршат вештачења на предмети обезбедени при претресот на обвинителите.
„Еден дел од телефоните се извештачени и тие се анализираат во контекст на објавите кои ги имало и во контекст на она што е пронајдено во домот на лицето и ќе треба да се направи анализа. Сè уште не се довршени вештачењата на компјутерите, тие се во тек и очекуваме да завршат во најбрз можен рок и мислам дека многу брзо ќе имаме некаква завршница – рече Бубевски.
![](http://globusmagazin.mk/wp-content/uploads/2023/03/stamenkovski-1024x456.jpg)
Прашан дали ОЈО Скопје ќе останело немо во овој случај доколку пишувањата не ги засегнале нив лично како фела и обвинители, Бубевски вели дека постапката за кривично-правните дејствија за кои се гони сопственикот на „Доказ“ започнала многу порано, а Стаменковски добил одредени информации дека се води одредена постапка против него и затоа преку порталот се обидел да го оцрни обвинителството во очите на јавноста.
Одбраната на Стаменковски бараше изземање на ОЈО Скопје од случајот, бидејќи дел од жртвите се истражители кои се ангажирани во ова обвинителство, но вишото обвинителство го одби барањето.
Судскиот процес ќе се одвива зад затворени врати откако судот ѝ го одобри барање на обвинителката Павловиќ од причина што се работи за кривични дела против моралот и со цел да се заштити приватниот живот на оштетените за кои ќе се изнесуваат лични интимни работи
Основното јавно обвинителство (ОЈО) Скопје и обвинителката Зорица Павловиќ ќе останат надлежни во предметот против сопственикот на порталот „Доказ“, Марјан Стаменковски.
За барањето на одбраната на Стаменковски одлучуваше скопското Вишо јавно обвинителство откако тоа беше истакнато на денешното прво рочиште во судскиот процес каде што обвинетиот се гони за неколку кривични дела.
– Уште на четврти овој месец е поднесено барање за изземање на сите обвинители од ОЈО Скопје до вишиот обвинител затоа што во предметот како оштетени се јавуваат истражители вработени во ОЈО Скопје, има фотографии од обвинителството така што не е во ред овој предмет да го процесира и води ОЈО Скопје. Побаравме изземање на скопското обвинителство и доделување на предметот на друг обвинител од друг град со што ќе се овозможи фер постапка, запазување на процедурите на ЕСЧП во смисла на независно и непристрасно обвинение и судење“,
рече еден од адвокатите на Стаменковски, Коста Нојков, објаснувајќи го барањето.
Сопственикот на „Доказ“ е обвинет за две кривични дела ширење расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем и по едно дело уцена, пиратерија на аудиовизуелно дело и злоупотреба на лични податоци.
Меѓу неговите жртвите се новинари, свештени лица, истражители во ОЈО Скопје.
Стаменковски беше приведен на 9 февруари годинава и му беше одреден притвор, а во неговиот дом имаше претрес и беа одземени документација, мобилни телефони и други електронски уреди кои сè уште се вештачат, како и поголема сума пари. Надлежните се сомневаат дека може да се пронајдат докази и за други кривични дела, па не се исклучува можноста да има продолжение на овој случај.