Составувањето нова влада се претвори во „невозможна мисија“ за бугарскиот експремиер и победник на изборите Бојко Борисов, оценува германската агенција ДПА. Партиите меѓу себе имаат целосно рзлични програми а за второпласираниот Слави трифонов се вели дека дури и нема програма. Не верува во короната а изборите ги дочека во постела
Граѓанската партија на бугарскиот премиер Бојко Борисов останува најсилна и по парламентарните избори во земјата одржани на 04.04.2021, но таа веднаш беше соочена е со комплицирани преговори за нова коалиција, оцени веднаш после изборите германската агенција ДПА. Партијата ГЕРБ на Борисов, според резултатите, освои 26% од гласовите. Во парламентот места имаат освоено уште пет други партии и движења. Борисов ним им понуди составување експертска влада. „Ви предлагам мир. Ајде да ангажираме експерти и до декември да преземеме одговорност за да ја совладаме пандемијата со цел да тргнеме повторно напред“, изјави Борисов во ноќта по изборите. Тој не даде попрецизни објаснувања какви експерти би дошле предвид.
Социјалистите потоа ја отфрлија понудата на Борисов да учествуваат во експертска влада заедно со ГЕРБ. „Наш принципиелен став е анти-ГЕРБ коалиција“, изјави шефицата на партијата Корнелија Нинова.
61-годишниот Борисов во најсиромашната земја во ЕУ владее, со прекин, од 2009 година. Приврзаници на социјалистите и на протестните партии минатото лето бараа негова оставка поради „коруптивно владеење и поврзаност со олигарсите“. Неговиот досегашен коалициски партнер, националистичката ВМРО-БНД, не успеа да го мине цензусот за влез во парламентот од 4%.
Протестната партија „Има таков народ“ на телевизискиот водител и кабаретист Слави Трифонов, според резултатите, со освоени 18% од гласовите е, изненадувачки, втора по моќ политичка сила. Трифонов е еден од најпознатите негатори на короната во Бугарија (!), но во моментов е во карантин поради симптоми на Ковид-19. Заменик на Трифонов објави дека партијата нема да влезе во коалиција со „партиите кои симболизираат статус кво“, односно ГЕРБ на Борисов, Социјалистите и партијата на турското малцинство ДПС.
Социјалистите најверојатно завршија на трета позиција со 15% освоени гласови. Во новиот парламент влегуваат уште партијата на Турците – ДПС со освоени 9,5% гласови, конзервативно-либерално-зелената протестна коалиција Демократска Бугарија со освоени речиси 10% гласови и „Исправи се! Мафијата надвор!“ со речиси 5% освоени гласови.
Составувањето влада во Софија стана компликувано, затоа што програмите на партиите, кои делумно се непријателски настроени една кон друга, речиси и немаат заеднички точки, освен тоа што социјалистите и трите протестни партии сакаат да го симнат Борисов од власт и се залагаат за поефикасна борба против корупцијата.
Популистичката партија „Има таков народ“ воопшто нема програма – таа само сака да го промени политичкиот систем.
Практично аналитичарите велат дека Борисов кој го врати мандатот на претседателот Радев, е само последна жртва на суровата геополитика е бугарскиот премиер Бојко Борисов и онаа групација на политичари што го следеше на тој пат, олицетворена преку Екатерина Захариева и дворскиот шут Красимир Каракачанов.
Историјата е најдобар учител, кажале мудреците, безброј пати во минатото, но прашање од милион долари е зошто во историјата владателите константно ја повторуваат истата грешка. Процесите низ вековите и реоните се исти, само сценографијата е различна, коментира „Слободен печат“.
Почнувајќи од праисторијата, големите цивилизации како египетската, грчката, кинеската, империите на Рим, Монголија или на отоманиите приказната е иста. Светот го движат интереси кои по правило ги обликуваат големите играчи, помалите земји или ентитети мораат да пловат помеѓу брановите, мораат да жонглираат со интересите на големите и да внимаваат да не бидат скршени во процесот.
И тоа не е неправда или нефер игра, тоа е едноставно реалноста, законот на џунглата, преживувањето, еволуцијата пресликан на геополитичка сцена. Водачите на малите земји се разбирливо најчесто ловината која е изедена од гладните предатори, и тие мораат или да се кријат од погледот на лавовите или да се обидат да најдат заштита да не бидат ловени. Криењето од видокругот на историските предатори обично добро им оди на владателите, тие успеваат да ги “замачкаат” очите на посматрачот со разни дарови, ветувања, маскирања на сопствената позиција, но таа стратегија обично има рок на траење.
Подобра опција е кога послабите единки ќе успеат да обезбедат “чадор” од токсичниот дожд, е тогаш нивната благостостојба може да потрае. Но и во овие две опции има подваријанти, и таму најчесто лежи зајакот.
Последна жртва на суровата геополитика е бугарскиот премиер Бојко Борисов и целата булумента која го следеше на тој пат олицетворена преку Екатерина Захариева и дворскиот шут Красимир Каракачанов. Борисов прилично свесно влезе во опасна геополитичка пресметка и иронично ја направи истата грешка која ја направи и Никола Груевски, кого Борисов отворено го критикуваше и го повикуваше да се повлече. Во случајот на Борисов не се работи за глупост или незнаење, едноставно процесите се некогаш такви и те носат како надојдена река. Со блокирањето на Северна Македонија, Бугарија застаната директно на страната на Русија на Западниот Балкан.
Декларативните заложби на Софија и последните обиди со протерување на руски дипломати да ја амортизира ситуацијата се само јалови обиди на Борисов да се извлече од клештите во кои е стиснат. Стратегијата на Русија за опстанокот на нејзиното влијание на Западниот Балкан е јасна, спречување на ширењето на НАТО во регионот и спречување на земјите за влез во Европската унија при што би следело нивно стабилизирање и отежнување на спроведувањето на руските интереси. И ова не е никаква теорија на заговор, бидејќи тоа е дел од официјалниот став на Русија за влегувањето на Црна Гора и на Македонија во НАТО.
За македонското примањето во НАТО Бугарија немаше многу маневарски простор и не смееше да се осмели да го сопре тој важен безбедносен процес директно спроведуван од Вашингтон. Но кога на ред дојде европскиот пат, официјална Софија дочека стратешка какофонија кај европските партнери. Во Брисел ставот за проширување на Унијата е официјално унитарен, се вели во коментарот, но суштински повеќе наликува на слика на Пикасо.
Тоа е збирштина од незаинтересираност за процесот, отворено спротиставување, дискриминаторски ставови во однос на етничкиот и религиски состав на земјите апликанти, поделеност во однос на двете земји кандидатки, едните се против Албанија, другите се за двете, трети за ниедна. И таквата состојба на Европската унија за Бојко Борисов беше како наместен пенал на празен гол. Бугарската дипломатија и разузнавање се пушти на најсилно кон западната граница, Софија помисли дека конечно ги дочека своите пет минути и нема кој да ги сопре. Формалните негодувања на европските земји и отворената германска подршка за Македонија во спорот за Бојко Борисов беше само ветерче кое треба да го истрпи додека оди кон целта.
Иако сега е повеќе од извесно дека и Берлин покрај Париз одигра прилично расипана игра кон Скопје, стои во коментарот, и тоа е само уште еден доказ за улогата на Европа како политичко џуџе во светските процеси. Бугарија со стратегијата за блокирање на Македонија сака да ги исполни своите национал-романтичарски соништа и по пат да го задоволи Владимир Путин кој секогаш ги плаќа своите долгови, во гас или во долари, сеедно.
Паралелно со овој процес, Бугарија сакаше онака балкански на шверцерски начин да го задоволи и Вашингтон преку планот за купување на американски ловци Ф-16, со што Борисов помисли дека игра маестрална партија на шах со која ќе ги задоволи сите, и Европската унија и Русите и Американците. Но Бојко се сопна на банална причина, американските геостратешки планови се прават на долг рок и стабилизацијата на најновата НАТО членка во која Вашингтон вложи многу време и енергија е моментален приоритет на администрацијата на САД. За воља на вистината тоа во десетина наврати беше прилично јасно кажано од Вашингтон до бугарските политичари, дали мислеа дека се работи за блеф не е познато, но јасно е дека сега открија дека пораките биле многу реални.
Бојко Борисов, Каракачанов и Захариева уште не се свесни дека за нив приказната не е завршена. Пораките дека „Американците треба да ја гледаат својата работа” и дека „никој не може да изврши притисок врз Бугарија” уште многу ќе го чинат триото Борисов, Каракачанов, Захариева. Уште сега пратеници на „Демократска Бугарија” го прашуваат Борисов за улогата на руски агенти во експлозии на магацин со оружје во Бугарија, по примерот на Чешка, со што се отвара прашањето за прикривањето на Бугарија за таа вмешаност.
Дали Слави Трифонов сега ќе формира влада или после уште едни избори веќе не е важно, важно е дека понорот за Борисов почна и прилично е смешно што токму Македонија успеа да го сопне во прилично успешната политичка кариера. Ако се вратиме на поновата историја ќе видиме дека истата грешка ја направија и Садам Хусеин и Муамер Гадафи, и Слободан Милошевиќ и Никола Груевски.
Помека варијанта добија екс грчкиот премиер Костас Караманлис и екс шефицата на дипломатијата Дора Бакојани кои поминаа само со бришење од политичката сцена. Но и дел од грчките политичари после грчкото вето во Букурешт изјавија дека тој потег ја чинел Атина многу. Цехот за источните соседи во моментов се пишува во Вашингтон.