Јотова: ЕУ многу згреши што ги остави Северна Македонија и Албанија да чекаат до октомври
Европската Унија направи голема грешка со одложувањето на одлуката за почеток на преговори за членство со Северна Македонија и Албанија за октомври, изјави потпретседателката на Бугарија Илијана Јотова за БНТ.
– Северна Македонија и Албанија останаа разочарани. Убедена сум дека Европа, Европската Унија не може да претендира да биде светски лидер, да интервенира и превенира различни конфликти, не може да седне како рамноправен партнер на масата со големите ако не обезбеди Западен Балкан еден ден да биде дел од политичкото проширување на ЕУ, бидејќи ако предлого останат во предворјето, граѓаните ќе бидат обесхрабрени, потенцира Јотова.
– Мислам дека ЕУ направи голема грешка што ја одложи одлуката за октомври, истакна утрово бугарската потпретседателка. Се надевам дека во ЕУ во октомври ќе бидат помудри, бидејќи ние сите знаеме дека од јуни до октомври нема многу време за да се зборува за, не знам какво, исполнување на критериуми, посочи Јотова.
Таа потенцира дека Северна Македонија даде голем залог за да добие датум за преговори, дека премиерот Зоран Заев дал многу ветувања пред граѓаните, но и дека европските лидери дале многу ветувања до Заев и до целата земја.
Јотова уште и потенцираше дека Бугарија е најголем лобист за влез на Западен Балкан во ЕУ.
Илијана Малинова Јотова (54) е бугарска политичарка која е член на Европскиот парламент, каде е дел на групацијата на социјалистички партии. Родена е во Софија а по образование лингвист (спцијалност и е францускиот јазик). Таа поголем дел од работниот век го минала како новинар и уредник во државната телевизија (БНТ) а потоа била уредник на прес сервисот во Социјалистичката партија. Кај нас стана позната што прва кажа колку пасоши дала Бугарија на македонски државјани. Од 2001 година – истакна таа при една посета на Македонија – на 71.524 лица од земјава им се дадени пасоши. Јотова истакна дека секој кој побарал пасош и го добил таа го смета за Бугарин а потоа додаде дека околу 7 отсто од населението во Македонија се Бугари.
Инаку откако таа станала потпреседателка, во јануари 2017 година, на претседателот Румен Радев, пасоши им биле даденио на 1.184 Македонци.