Глобус-Неделен весник

  • Македонија
  • Свет
  • Ревија
  • Архива
  • Контакт
  • Фељтон
  • Колумни

БУГАРСКИ АНАЛИТИЧАР: ВЕТОТО НЕ Е СМИСЛЕНО ВО СОФИЈА, ТОА Е АКЦИЈА НА РУСКИТЕ СПЕЦИЈАЛНИ СЛУЖБИ

June 21, 2022 Filed Under: Македонија

Самата акција вето е акција на руските специјални служби и е класичен пример на хибридна акција кон НАТО и ЕУ. Сите можни клучни играчи во Бугарија се вклучени во оваа работа. Прво да ја немаме Вадата што ја имаме, и втора работа да се запре европскиот развој на Бугарија и на целиот Западен Балкан

ВЛАДИМИРОВ Партијата на Трифонов е создадена да го блокира влезот на Македонија во ЕУ

Основата на сите случувања во бугарската политика во последните денови е разговорот за енергијата, изјави аналитичарот Владимир Владимиров за неодамнешната Топ Тема на Телма телевизија. Според него, владата на Петков е првата влада во Бугарија која обезбедила енергетска независност на Бугарија од Русија или Советскиот сојуз во последните 70, 80 години.

„Русија има огромно влијание на бугарската политика од крајот на Втората светска војна па се до денес и тоа мислам за луѓето што ја следат нашата политика, не е ниту чудно ниту туѓо. Партијата на Слави Трифонов или таа што постоеше до денес, бидејќи, денес мислам дека ќе биде крајот на овој политички проект, од самиот почеток на влегувањето во бугарската Влада, таа имаше неколку услови. Најбитно е дакажеме кои министерства и сектори тие ги сакаа за влез во Владата.Тоа беа Минеистерството за регионален развој, потоа за надворешни работи и за енергетика. Трите клучни министерства. За надворешни заради Македонија, а во другите две се концентрирани огромни суми на пари од бугарските даночни обврзници и од Европската унија. Учеството во владата на Трифонов не беше случајно“, вели Владимиров

Тој оцени и дека во Бугарија има судир меѓу граѓаните што ја сакаат европска Бугарија и некои други структури, па би рекол и мафијата во Бугарија, која е 100 проценти создадена и поврзана со Русија уште во 90-тите години.

Бугарија е на клучен миг од својот развој, изјави Владимиров.

„Има неколку клучни теми. Едната е со кревање на ветото за Македонија и почнување на преговорите и одблокирање на  европските процеси во целиот Западен Балкан.. Втора работа е енергетската независност на Бугарија, а преку Бугарија, вие добро знаете дека ние сме поврзани со сите соседи со гасни цевки. Преку енергетската независност на Бугарија, сите соседи може да добијат алтернативни извори на енергија“, изјави Владимиров.

Според него, бугарското вето за Македонија од самиот почеток не е замислено и креирано во Софија.

„Јас мислам дека ветото, самата акција вето е акција на руските специјални служби и е класичен пример на хибридна акција кон НАТО и ЕУ. Сите можни клучни играчи во Бугарија се вклучени во оваа работа. Прво да ја немаме Вадата што ја имаме, и втора работа да се запре европскиот развој на Бугарија и на целиот Западен Балкан. Не можам да кажам дали до крајот на француското претседателствосо Унијата ќе има разрешница“, изјави Владимиров.

 

 

 

Filed Under: Македонија

ГЛОБАЛНО ИСТРАЖУВАЊЕ: КАКО ВИ ОДИ РАБОТАТА?
ИЗЛЕЗЕ НОВИОТ ИЗВЕШТАЈ НА РЕПОРТЕРИ БЕЗ ГРАНИЦА: МАКЕДОНИЈА ИМА ПАД ОД ШЕСТ МЕСТА, СРБИЈА НА МИНИМУМ
ЦРВЕН КРСТ: ХУМАНИТАРНИТЕ ОПЕРАЦИИ ВО ПОЈАСОТ ГАЗА НА РАБОТ НА КОЛАПС
ПРЕВИРАЊА ВО ВЕЛИКА БРИТАНИЈА: СОЈУЗНИКОТ НА ТРАМП ВО ПОЛИТИЧКИ ПОДЕМ
ТАНЦОТ ЗБОРУВА КОГА ЗБОРОВИТЕ МОЛЧАТ – ТАНЦ ФЕСТ СКОПЈЕ ГО ОТВОРИ СВОЕТО 21. ИЗДАНИЕ

Најново

  • ГЛОБАЛНО ИСТРАЖУВАЊЕ: КАКО ВИ ОДИ РАБОТАТА?
  • ИЗЛЕЗЕ НОВИОТ ИЗВЕШТАЈ НА РЕПОРТЕРИ БЕЗ ГРАНИЦА: МАКЕДОНИЈА ИМА ПАД ОД ШЕСТ МЕСТА, СРБИЈА НА МИНИМУМ
  • ЦРВЕН КРСТ: ХУМАНИТАРНИТЕ ОПЕРАЦИИ ВО ПОЈАСОТ ГАЗА НА РАБОТ НА КОЛАПС

Импресум

Издавач - Здружение за нови политики и слобода на медиуми "Јавност" - Скопје,

Партизански одреди 23/1/3 Скопје

globus@globusmagazin.com.mk

Барај

Сите права задржани© 2025 · ГЛОБУС · Log in

Developed by Unet