Мицковски смета дека можел да оди во Софија и да ги аргументира своите ставови, ама од таму му кажуваат дека ќе наиде на затворена врата
„Не гледам што е тоа што тие попуштиле. Не гледам такво нешто. Првпат дел од Преговарачка рамка е билатерален договор. Такво нешто во ниту еден друг случај не постои. Си има меѓународни критериуми што значат добрососедски односи. Зборувам за билатерален договор помеѓу две држави. Еве, покажете ми уште еден таков пример. Нема. Не постои. Подготвен сум да одам и да ги аргументирам нашите позиции каде било во светот“, рече неодамна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ во гостувбање на Канал 5.
Нашиот став по ова прашање е јасен. Не гледам што е страшно како што имаме анекс на Договорот за пријателство и добрососедство со Бугарија, да имаме уште еден анекс, во кој ќе видиме каков тип принципи ние претставуваме и со што ние ќе излеземе во тие разговори. Вака како што сега е сето тоа концепирано, ние тоа немаме намера да го поддржиме.
Ова беше дел од гостувањето во „Само интервју“ одговарајќи на прашање за уставните измени, кои се услов за почеток на преговорите меѓу земјата и Европската Унија, како и да даде коментар за она што го пишува во предизборната програма на коалицијата „Твоја Македонија“ дека до европска интеграција треба да се дојде преку дијалог и исполнување на принципи.
Според Мицкоски, ставот на ВМРО-ДПМНЕ по ова прашање е јасен, но ако Бугарија не е подготвена да отстапи од своите позиции, тогаш, како што посочи, би се свртеле кон исполнување на домашната агенда и ќе чека нова гарнитура во Софија.
„Не влегуваме во овој процес заради политичка гимнастика или да покажеме колку сме цврсти. Ние едноставно не веруваме дека ова е вистинскиот процес. За процесот да биде вистински, треба од другата страна да имаме јасен план. Ние немаме јасен план, освен гола реторика и ‘видете, треба да ни верувате‘. Чекајте, ние ви веруваме повеќе од две децении“, рече тој.
На прашањето дали говорите за Европска Унија или за Бугарија, Мицкоски вели дека Европска Унија е таа која го води овој процес, а Бугарија е само дел од него.
На новинарската констатација дека ЕУ вели дека измените на Уставот мора да се направат и автоматски ќе ги започнеме преговорите, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ рече: „Добро, но тоа ќе биде дента кога ќе влеземе во Европската унија. Ајде, сега да разговараме што од овој момент ќе правиме“.
Прашан за коментар на изјавата на бугарскиот в.д. премиер Димитар Главчев дека Бугарија повеќе нема да прави отстапки за Македонија, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ рече дека во тој случај би се свртеле кон решавање на домашните проблеми, како и дека ќе чекаат да дојде некој разумен од бугарска страна со кој ќе може да разговараат.
Според него, на бугарскиот премиер треба да му се постави прашањето што е тоа од што треба Бугарија да отстапи.
Претседателот на Бугарија, Румен Радев, во својата првична реакција на исходот од претседателските и парламентарните избори во Македонија, не упати честитки до победниците Гордана Силјановска-Давкова и ВМРО-ДПМНЕ, но нагласи дека многу брзо ќе станело јасно дали новиот претседател и партијата ќе работеле за европската перспектива на земјата или ќе заземеле друг правец.
Тој рече дека отсекогаш ја поддржувал европската интеграција на Македонија, но, како што нагласи, со почитување на добрососедство и пред сè врз Копенхашките критериуми за членство во ЕУ, што би значело промена на уставот.
„Мојот став во однос на Република Северна Македонија секогаш бил отворен и конзистентен. Како што беше со претседателите Ѓорѓе Иванов и Стево Пендаровски, така ќе биде и со госпоѓата Силјановска. Како што беше со СДСМ, така ќе биде и со ВМРО-ДПМНЕ. Отсекогаш сум ја поддржувал европската интеграција на Република Северна Македонија, но со почитување на принципите на добрососедство и пред сè врз Копенхашките критериуми за членство, што би значело промена на Уставот и почитување на правата на македонските Бугари, отфрлање на јазикот на омразата што дивееше во оваа изборна кампања, ревизија на учебниците, почитување и заштита на бугарското културно и историско наследство во оваа земја“, рече Радев, јави бугарската агенција БГНЕС.
ВМРО-ДПМНЕ на вчерашните парламентрани избори извои убедлива победа со освоени 58 пратенички мандати.
Според лидерката на Бугарската социјалистичка партија – Нинова очекувањето на земјава за членство во ЕУ може да се случи само со впишување на Бугарите во Уставот, почитување на нивните права и категорично отфрлање на агресивната, антибугарска пропаганда која, како што вели, е досега поддржана на највисоко државно ниво
Северна Македонија има преземено обврски кои мора да ги исполни без разлика која влада е на власт, порача Корнелија Нинова, во врска со постизборната изјава на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, дека ако Бугарија не е подготвена да отстапи од своите позиции, тогаш ќе чекаат нова гарнитура во Софија со која ќе може да се разговара.
„Бугарија предолго покажа трпение и добра волја. Барањето нови отстапки е неприфатливо. Антибугарската реторика и јазикот на омразата се апсолутно неприфатливи. Нема да дозволиме понижување на бугарското достоинство и оштетување на националниот интерес на Бугарија“, порача лидерката на БСП, Корнелија Нинова, пренесе бугарски „Офф њуз“.
Според Нинова, очекувањето на земјава за полноправно членство во Европската Унија може да се случи само со впишување на Бугарите во Уставот и бескомпромисно почитување на нивните права и категорично отфрлање на агресивната, антибугарска пропаганда која, како што вели, е досега поддржана на највисоко државно ниво.