ВАЛЕНТИН НЕШОВСКИ
Вие големи патриоти од преку барата кои деновиве со пизма и гној во зборовите прогласувате предавници и колнете, Вие чија саатница не е помала од 5 долари а дневница 40 долари – да дојдете во Македонија и да видите како живее народ изолиран 30 години
Вчера на пазар, срцето ми препукна кога една бабичка, забрадена со шамија, седната на гајба, ми продаде педестина стракови камилица со љубов аранжирани во букетче – ЗА 10 ДЕНАРИ.
И ме молеше – земи синко, земи го, те молам, за една банка. А јас глупак, зафатен да и објаснам на друга бабичка дека греши и ми враќа 70 место 30 денари за други две исто толку убави букетчиња, не стасав да и одговорам доволно брзо на бабичката со камилицата. Гледајќи ја разочарана дека нема да заработи 10 денари, конечно откако ја решив другата дилема (глупак) и реков – ќе го земам бабичке не се секирај.
И тука ми дојде гневот како ламја и уште ме држи. Еве го:
Вие големи патриоти од преку барата кои деновиве со пизма и гној во зборовите прогласувате предавници и колнете, Вие чија саатница не е помала од 5 долари а дневница 40 долари – да дојдете во Македонија и да видите како живее народ изолиран 30 години. Да прошетате околу пазарите, да видите и да покажете човечност и емпатија кон маките на народот овде. И да излобирате, со знаење, кај вашите влади за Македонија.
Толку треба ако сакате да помогнете. А не од комодитетот на базенот во дворот или климатизирана дневна од 100 квадарати, да ни делите лекции како да ја сакаме Македонија. Зошто не треба само да ја сакаш, треба да знаеш како да ја сакаш. Како еден што вчера се обиде мене да ми дели лекции. Ние и без вас ќе го сочуваме идентитот. Секој од нас овде знае кој е и што е. Поголеми, истовремено – локал патриоти и космполити – сме од вас, „загрижените“ и запенетите. Вие кои шерувате мемиња со неписмен текст на македонски „подршка за председателот“ со едно „д“ и со „д“ место „т“.
И вие политичари низаедни, кои изградивте зградетини по Скопје во кои една завеса чини по 5.000 евра или една фасада чини стотици илјади евра, и еден споменик чини милиони евра, Вие да излезете по пазарите и да видите за каков АРАМ сте. Вие, кои без срам и перде, БЕЗ ЗНАЕЊЕ И ТРУД, седејќи на врвните столчиња на државата, со злоупотреби направивте милиони, имате по 5 стана и не знаете колку коли, Вие да видите каде бевте, кои станавте, што направивте и што заслужувате. Заслужувате само ПРЕЗИР.
Шупци едни лоповски требаше нашите даночни пари, наместо за празни згради и празни патишта кон вашите резиденции во Сончеви долини, да ги дадете на БАБИЧКАТА И НЕЈЗИНИТЕ ДРУГАРИ И ДРУГАРКИ седнати по гајби за – елементарно пристоен живот.