Градоначалникот Бутарис е стар, лукав цинцарски трговец, кој на крајот ќе го истера своето и барем малку ќе ги скроти неохелените, непоправливите Балканци, што се спротивставуваат на редот и поредокот, на капитализмот во Европа, стално жалат за социјализмот и тајно го обожуваат Сталин.
ДЕНИС КУЉИШ
Седиме во канцеларијата на градоначалникот Јанис Бутарис. Од модерното здание на градската управа постои поглед кон пристанбиштето и објектите на брегот, заедно со споменикот на Александар Македонски. Се гледаат и зелените насади на кампусот на солунскиот Универзитет Аристотел.
Аристотел, Александар и Јанис се тројцата најважни локални ликови. Во блиското село Пела, престолнината на античка Македонија, се родил во 356 година пред нашата ера Александар Македонски. Кога малку поодраснал, неговиот татко Филип Втори кој ја освоил цела Грција, побарал како личен учител за синот да се ангажира угледниот филозоф Аристотел. По потекло и тој е Македонец, од градот Скира, од другата страна на полуостровот Халкидики, кој како рака со прстите извира од копното на кое лежи Солун. Самиот Александар се школувал кај Платон,. Во неговата Академија (по која се викаат сите подоцнежни академии) а потоа отворил свое високо училиште по име Лицеј, по кое исто така се викаат сите подоцнежни лицеи.
Од така добро колено и од така добар учител Александар не ни можел да напраи ништо помалку од она што го сторил. За десет години го освои тогаш познатиот свет. Во Солун во 1974. година подигнал висок споменик од седум метри, што го прикажува како седи на славниот коњ Букефал (но не го заслужил овој споменик висок 22 метри во Скопје, опкружен со кичерски фонтани, какви нема дури и во Загреб). По Аристотел е наречен солунскиот Универзитет.
Што се однесува до третиот од оваа солунска тријада – градоначалникот Бутарис, тој е нешто помлада појава, има 74 години и исто така е впечатлив. Лечен и излечен алхохоличар, зависник со раце прекриени со тетоважа , со менѓушки на ушите и индијски нараквици, Јани во „Хафингтон пост“. „Њујорк тајмс“, „Гардијан“, „Дејче телеграф“ и „Шпигл“ е прогласуван за најдобар градоначалник на светот. Тој дојде на функција среде грчката криза како вонпартиец, претставник на „третиот пат“, како носител на независна листа.
„Во градското собрание влегов најнапред како кандидат на Комунистичката партија, вели Кир Јанис кој по српски би бил Кир Јања. „Тоа е оној наш ККЕ, Kommunistiko Komma Elladas, неприкриени сталинисти, кои јасно велат дека се против приватната сопственост, за ленинизам и револуција, но не за оние подоцнежни глупости… Со нив барем си на чисто, не лажат и не „муваат“.
Го одбрале иако е крупен капиталист, но им се допаднал неговиот контракултурен стил и нормалните работи за кои се застапувал. Рекол дека идеологијата не го онтереси, но би сакал да се обиде да го реши износот на ѓубрето од градот. Има големо деловно искуство и е од богато „маловлашко“ семејство, Цинцари или Влаи, накусо рицасти, како Керум. Кир Јања го развил производството на вино а милиони шишиња одат во извоз. Но не се придржувал до правилата на дегустаторите голтките да ги исплукуваат и станал алхохоличар. Пред 25 години се излекувал и бизнисот им го препуштил на синовите а потоа му умрела жената и го зафатила криза на идентитетот, како и Солун. Па се одлучил за политичка кариера.
„Си поседувам со своето друштво, тоа се се некои пензионери, бивши професори и слично, по цел ден се по кафеани и дури основале еден No Fuck klub, здодевно им е и цел ден само разговараат. Јас тоа не можам.. Им реков, јас работам по цел ден и еве работам и во сабота…”
Навистина, зградата е целосно празна а градоначалникот сам ни готви кафе и не послужува со локум. Човек со магнетизам, од него зрачи харизма. Опишува како војувал со синдикатите. Градот Солун станал неверојатна агломерација- веројатно има два милиони жители ама оние без документи ги има неколку стотини илјади. Во еден миг градот паднал на само 20 исправни камиони за собирање на сметот. Прописите за купување биле нови и сложени а проблемот бил страшен. Тогаш тој собрал неколку синдикалци и ги поднел во неколку европски престолнини за да видат какви се оптималните модели за изнесување на сметот. Но и потоа синдикалците биле полни сомнеж дека градоначалникот сака да го приватизира бизнисот со смет и тие да останат без работа. Две години му требале да ги убеди и потоа купил неколку стотини камиони и проблемот со смет некако го решил.
Оваа мегакасаба е во ситуација на примордијален хаос, иако има непрегледни квартови со прекрасни вили, полни со цвеќе на балконите. Градот е полн со пропаднати продавници , куќите се испошарани со графити и има премногу автомобили, кои Јанис ги мрази. Самиот оди пешки на работа, автомобилот го продал и шоферот го отпуштил. Ако брза за некаде си зема такси – нив ги има премногу.
Избран е заради програмата на рацонализацијата на државната управа која тој во градот ја свел на половина, па дал стимули на туризмот. Во тоа е темелен и радикален, на некој начин фундаменталист, но мултикултурно настроен, па може да биде пример за своите колеги ширум светот.
Модерната историја на Солун е историја на трагедии. Прво е спроведено темелно етничко чистење на Турците после Првата баканска и Првата светска војна – ниту еден не останал. А во Солун се родил Мустафа Кемал паша Ататурк, таткото на турската нација. Бутарис отпатувал во Турција и лобирал за Солун, повикувајќи ги наследниците на ова семејство да дојдат во татковината. На турската држава и е подарена Кемал пашината родна куќа, која сега е претворена во убав музеј. Турците масовно ги прифатија поканите ама ултранационалистите се јавија со отпор – тие шират омраза заради „малоазиската катастрофа“, изгонувањето на милиони Грци од Анатоолија во војната за турска независност (започната со инвазија на грчката војска, после Првата светска војна)..
Во турско време Солун бил претежно еврејски град. Тука се доселиле Сефардите после погромот во Шпанија на почетокот на 16 век. Се уште е сочуван квартот Лапададика и се уште се тука тесните улички. Само Евреите ги нема, бидејќи, за време на Втората светска војна ги депортирал капетанот Курт Валдхајм, истиот оној кој стана генерален секретар на ОН а подоцна и австриски претседател. Денес во Солун има помалку Евреи отколку Кинези, само 2.000. Бутарис организираше меморијална поворка која секоја година се одржува на датумот на нивната депортација. А Кир Јања одлучи да изгради Еврејски музеј и потоа отиде во Израел, како што отиде во Турција. Тој е искрен мултикултуралист веќе и по своето влашко (цинцарско потекло) До него држи иако е Грк и зборува грчки, но се оженил за Цинцарка, па и на неговите деца им ги пренел тие семејни традиции. „Уште мојата мајка говореше аромански, но сега никој не го знае. Ние се држиме заедно“. Инаку, станува збор за една форма на новолатинскиот и е слична на говорот во истарската Чичарија; на Крк пред сто години умре последниот кој говореше „по велјански“. Тоа е јазикот на латинизираните пражители на Балканот, Илирите и Трачаните, кои не се грцизирале под Византиското царство.
Враќањето во минатото за Бутарис го виде солунското враќање на сопствениот идентитет, изгубен во маглите на рецентната историја. Новиот Солун израснал во 1913 година кога француските архитекти во таа хелинизирана метропола изградиле „неовизантиски“ булевари, хотели и кафеани во зградите кои изгледаат како шеќерни украси на свадбена торта. Но тој фалсификат со време добил патина, а вистинската катаклизма уследила во 60-тите и 70-тите кога почнала конјуктурата со недвижности и бездушната „апартменизација“, сите згради, пристојни двокатници подигнати на уличен габарит од седум спрата.
Најстарите цркви на светот се опкружени со станбени блокови што како Магбетова шума им се прикрадуваат на само неколку метри, па православните храмови од антиката изгледаат како да се соградени на кошаркарски игралишта во харлемско гето. А солунските цркви се навистина стари. Свети Ѓорѓија е од 4 век – тоа е Ротунда, томба на царот Галериј, налик на Диоклецијановиот музеј во Сплит, што исто така е претворен во црква, дури и во катедрала веројатно на измислениот маченик свети Дуе.
Галерие бил Доклецијанов зет, роден во Заечар, всушност во Газиместан, што во римско доба имал малку повозвишено име – Феликс Ромулана. Покрај Ротунда се наоѓа Галериевата триумфална капија под која до неодамна минуваше транвајска линија – Солунчаните немаат многу пиетет кон историските споменици, како ни Сплиќаните, бидејќи мену нив се родени и го сметаат тоа за амбиент на секојдневието… Така со негрижа кон нив главно и се однесуваат, тие се луѓе на сегашниот миг, што многу полагаат на храна, пиење, животни радости и градот го отсликува тој витализам, младост и вечно младештво што го покажува и самиот градоначалник во третото доба во сјајна форма. Тој секоја вечер излегува во барови а ги бира оние со посилна музика. „Кога ќе почнат да ме масираат со она градоначалниче, слушајте… јас ставам рака на увото и велам – не ве слушам!“
Секако слуша и разбира, но тој е стар, лукав цинцарски трговец, кој на крајот ќе го истера своето и барем малку ќе ги скроти неохелените, непоправливите Балканци, што се спротивставуваат на редот и поредокот, на капитализмот во Европа, стално жалат за социјализмот и тајно го обожуваат Сталин.
„Јас им велам – што можеме тука, тоа се одлуки на големите сили, ние да одиме на оваа а не на онаа страна, и тука не треба да кршиме глава…“.