Глобус-Неделен весник

  • Македонија
  • Свет
  • Ревија
  • Архива
  • Контакт
  • Фељтон
  • Колумни

БУЧКОВСКИ ЗА СОФИСКИ „ДНЕВНИК“: НЕМАМЕ ЗАЕДНИЧКА ИСТОРИЈА АКО ТАА Е САМО ВАША!

November 17, 2020 Filed Under: Македонија

Поранешниот премиер нагласи дека некој се обидува да изгради Берлински ѕид меѓу Македонија и Бугарија

ПРИВРЗАН Дневник му признава на експремиерот дека заедно со Љубчо Георгиевски се залагал за подобрување на односите со Софија

Заедничката историја на Бугарија и Северна Македонија не може да биде само бугарска историја. Ако нешто е заедничко, тоа не може да биде само ваше. Во исто време, тензиите во последните неколку недели се резултат на грешки на обете страни, а ветото за разговорите со ЕУ ќе биде удар за обете страни. Предолго тапкаме на едно место во нашите односи и се разнишува убедувањето дека Бугарија и Северна Македонија не можат да се вратат во времето кога заради пропагандата кај нас и кај вас толку многу се одалечивме, а всушност сме толку блиски.

Ова во интервју за бугарски „Дневник“ го изјави поранешниот македонски премиер Владо Бучковски, кој, како што наведува порталот, заедно со Љупчо Георгиевски, е познат по своите иницијативи за подобрување на односите меѓу Северна Македонија и Бугарија.

Како што се објаснува, интервјуто било направено во последниот ден на кој амбасадорите на земјите од ЕУ мораше официјално да дадат согласност за почеток на преговорите со Северна Македонија. На прашањето дали е оптимист Бучковски вели дека во оваа атмосфера не може да се биде оптимист.

„Но, се надевам дека во последната недела имаше серија задкулисни разговори водени од германското претседателство со цел да се договориме за формулацијата во рамките на преговорите и во последен момент да се формулираат некои од барањата во декларацијата на бугарскиот парламент (што претходеше на Рамковната позиција на бугарската влада) и на тој начин да се создаде простор за вин-вин ситуација“, изјави Бучковски.

НАСЛОВ Софискиот дневен весник е еден од ретките што во овие денови објави подолг разговор со некој македонски политичар

„Иако се чини како тешка мисија, се надевам дека ако има малку разбирање во Софија да не се направи кардинална грешка, ова ќе биде историска шанса Бугарија повторно да се третира како сојузник и најдобар пријател, а не како кочница за пристапот на Северна Македонија кон ЕУ“, истакна Бучковски.

Во врска со решавање на отворените билатерални прашања, тој смета дека треба да се даде време на стручната комисија. „Преговорите ќе траат 6, 8, 10 години. Довербата ќе треба да се врати“, изјави Бучковски.

„Во Договорот за пријателство се наведува дека ќе има меѓусебно почитување. Ми недостасува тоа. Како некој да сака да нема меѓусебно почитување, туку заемно понижување. Бугарија има многу можности, доколку Северна Македонија не оди напред во таканареченото препрочитување на историјата, да го искористи правото на вето“, изјави Бучковски. Тој додаде дека доколку тоа (ветото) се направи сега, а комисијата договори состаноци – еден во декември, пет следната година – мисијата е невозможна.

„Говорот на омраза ќе доминира, ќе има притисок и мислам дека не е можно да се работи во такви услови. А, ако преговорите започнат, ако работата на комисијата продолжи, верувајте дека најскептичните во Бугарија ќе видат дека има драматично придвижување напред“, изјави Бучковски.

ИНСТАЛАЦИИ Кога до Скопје се гледа на проблемите, се наѕираат и руските инсталации во Софија

Тој вели дека очигледно постојат сили кои немаат корист Бугарија и Северна Македонија да се силен блок на Западен Балкан, туку да има невралгични точки кои се повторуваат.

„Гледате што се случува на Косово, приказната во Република Српска во Босна и Херцеговина е недовршена. Знаете, во октомври минатата година, кога не добивме датум за почеток на преговори со ЕУ, беа распишани избори. Мислам дека непотребно се доведе во прашање тоа што е направено во последните три години“, истакна Бучковски.

„Ако се тргне со добра волја, а тоа беше намерата во договорот, да се создаде рамка и да дадеме можност да продолжиме да ја градиме довербата, која што е нарушена во последните 2 недели“, изјави Бучковски во интервју за бугарски Дневник.

Filed Under: Македонија

ИМА, НЕМА И СЕПАК – ИМА ТУРБУЛЕНЦИИ ВО ВЛАДИНАТА КОАЛИЦИЈА
СДСМ ЗА ЗАКОНОТ ЗА КОЧАНИ: МОРА ДА ПОКАЖЕМЕ СОЛИДАРНОСТ СО РОДИТЕЛИТЕ
УНИВЕРЗИТЕТИТЕ ПОД НАПАД ОД АМЕРИКАНСКАТА АДМИНИСТРАЦИЈА: ХАРВАРД НАСПРОТИ МАШИНИТЕ
ДАНАИ ЛИОДАКИ : ЉУБОВТА Е ЗАЕДНИЦА, НЕ АПЛИКАЦИЈА
ПУТИНОВ ПОКЕР ИЛИ РУСКИ РУЛЕТ 128: КУЛТУРА НА СТРАВОТ НАМЕСТО БУНТ – АНАТОМИЈА НА РУСКАТА ВОЕНА МАШИНЕРИЈА

Најново

  • ИМА, НЕМА И СЕПАК – ИМА ТУРБУЛЕНЦИИ ВО ВЛАДИНАТА КОАЛИЦИЈА
  • СДСМ ЗА ЗАКОНОТ ЗА КОЧАНИ: МОРА ДА ПОКАЖЕМЕ СОЛИДАРНОСТ СО РОДИТЕЛИТЕ
  • УНИВЕРЗИТЕТИТЕ ПОД НАПАД ОД АМЕРИКАНСКАТА АДМИНИСТРАЦИЈА: ХАРВАРД НАСПРОТИ МАШИНИТЕ

Импресум

Издавач - Здружение за нови политики и слобода на медиуми "Јавност" - Скопје,

Партизански одреди 23/1/3 Скопје

globus@globusmagazin.com.mk

Барај

Сите права задржани© 2025 · ГЛОБУС · Log in

Developed by Unet