Беџети деновиве не потсетува на реченицата на Џон Ф.Кенеди дека „ништо не е поизвесно и понепроменливо од неизвесноста и промената“. Исто така, рекол – „зборот криза на кинески се пишува со два симбола – едниот означува опасност, а другиот можност.“ Шефицата на УЈП Лукаревска вели дека ако се намали интензитетот на ковидотм економијата да влезе во фаза на динамичен раст
Пред неколку дена министерот за финансии Бесими му го предаде на првиот човек на Собранието на РСМ Оредлог буџетот за 2021 година. Со тоа носењето на овој значаен акт ќе влезе во својата последна фаза.
Бесими во јавните настапи инаку истакнува дека со овој акт се прават системски измени кои ќе постават основа за постратешко, подолгорочно и потранспарентно дејствување на јавните финансии во иднина, односно навестува СМАРТ финансии.
Овој буџет воведува нов концепт на среднорочно планирање – односно 5-годишна рамка за капиталните проекти, растот и дефицитот. Со тоа ќе се зајакнат и капацитетите за планирање, но и на реализација на таргетите. Исто така, ќе се воспостават и механизми кои ќе го мерат импактот на проектите врз економијата, како и систем на наградување и казну.
БИТКА ЗА ЗДРАВЈЕТО Предлог- буџетот за 2021 предвидува и средства за справување со Ковид-кризата. Тој има три цели – поддршка на здравството, поддршка на економијата и системски реформи во правосудството и евроатлансите интеграции. Ова ќе се постигне преку стратегијата за економско заздравување и забрзан раст (која содржи четири столба – 1.справување со Ковид кризата, 2.одржлив и зелен раст, 3.конкурентност на приватниот сектор и 4.човечки капитал), како и политиките за фискална консолидација на среден рок.
Министерот посочува дека очекува една демократска расправа во Парламентот за Предлог-буџетот, една дискусија која ќе биде конструктивна и ќе нуди решенија и оптимално дејствување. Бесими истакнува дека во време кога целиот свет и глобалната економија се соочуваат со една од најголемите кризи, потребни се одлуки и решенија кои на прво место ќе го ставаат здравјето на граѓаните, но и економијата. Тој додаде дека ова е време кога исклучително е важно да следиме претпазливо што се случува, да сме агилни – да дејствуваме брзо, но и да размислуваме стратешки на долг рок.
Оваа година се соочуваме со една од најголемите општествени и економски кризи во последното столетие. Светот денес брои црни статистики на заразени од Ковид-19 и луѓе кои ја загубија битката со болеста. Економските статистики не се ништо посветли. Очекувањата на ММФ за глобалната економија за 2020 година е пад од -4,4%.
Она што е најспецифично и ја прави оваа криза од толку големи размери е – неизвесноста. Имено, на крајот на 2019 се појави регионален здравствен проблем – кој во тоа време никој не очекуваше дека ќе прерасне во глобална здравствена криза. Здравствената криза почна брзо да се прелева и метастазира во економијата. Рестриктивните мерки – како карантините и затворањето на капацитетите, ја загушија глобалната активност. Глобалните синџири на добавување се нарушени.
НЕПРЕДВИДЛИВОСТ Проекциите за глобалната економија за 2020 година минатата година во ова време изнесуваа 3,4% раст, додека сега изнесуваат -4,4% пад, или за 7,8 процентни поени се пониски. Овој податок говори доволно за импактот и непредвидливоста пред се на оваа криза.
Еден од најголемите американски претседатели Џон Ф.Кенеди рекол – „Ништо не е поизвесно и понепроменливо од неизвесноста и промената“. Исто така, рекол – „зборот криза на кинески се пишува со два симбола – едниот означува опасност, а другиот можност.“ Оваа криза може да биде добра основа за да работите се постават на вистинска основа, да практикуваме паметни јавни финансии кои ќе генерираат повисоки и одржливи стапки на раст.
За да се одговори на овој предизвик потребен е пред се долгорочен и сеопфатен план кој ќе одговори на широк спектар сценарија. Имајќи го предвид ова, пристапивме кон планирање на најзначајниот документ кој ги опфаќа сите политики и мерки кои се спроведуваат – односно Буџетот, на нов, подолгорочен и посеопфатен начин.
Со овој буџет почнуваме нов концепт, одиме подалеку од фискалната година од 12 месеци и ја менуваме со 5-годишна рамка.
Беџети најпрвин ја запозна јавноста со стратегија за заздравување на економијата и забрзан раст или SmartER Growth
Стратегијата за заздравување на економијата и забрзан раст е насочена, пред се, кон заштита на здравјето на граѓаните, стопанството и работните места, понатаму забрзување на процесот на ревитализирање на економијата и зајакнување на конкуретноста и забрзување на растот по завршување на фазата на ревитализирање.
Иако сме соочени со голема неизвесност, како што спомнав, и во голем број на европските земји започнува нов lockdown, што ќе влијае на синџирите на добавување и трговската размена, очекувањата се дека 2021 и 2022 година ефектите од рестриктивните мерки ќе ослабнат. Со ова се очекува период на глобален раст од 4,4% и од 4,2 во 2021 и 2022 година, респективно.
Очекувањата за 2021 година за нашата економија е дека ќе забележи раст од 4,1% во 2021 година, по што во 2022 година се очекува раст од 4,6%, во 2023 од 5,2%, во 2024 од 5,6% и во 2025 од 5,9%. Проекцијата за 2025-2030 година е просечен раст на економијата од 5,75%.
Со цел да се поттикне ревитализацијата на економијата и да се поддржи нејзината стабилност, преку Стратегијата за економски заздравување и забрзан раст предвидени се следните компоненти:
економско заздравување од Ковид-19,
– забрзан, инклузивен и одржлив раст,
– зајакнување на конкурентноста на приватниот сектор и
– развој на човечките ресурси и еднакви можности.
Со политиките и мерките кои ќе се спроведат во рамки на Стратегијата за заздравување и забрзан раст или Попаметен раст – SmartERGrowth, ќе се придонесе кон реализација на целта за побрз и одржлив економски раст – двојно повисок во однос на просекот во изминатите десет години.
Со другите мерки во рамки на Предлог-буџетот за следнита година ќе ве запознаеме во другите броеви!
ДОБРА ДИНАМИКА Во јавноста со свој коментар по повод овој предлог-акт излезе и директорката на УЈП, Сања Лукаревска, и тоа на емисијата „Топ тема“ на телевизија Телма.
„Очекувам следната година, откако ќе се намали бројката на заразени од Ковид 19, дека ќе успееме да го држиме буџетот во добра динамика. Имаме реални предуслови да го очекуваме тоа. Ако направиме споредба со годинава, година во која речиси целосно сме окупирани со корона вирусот, а имаме солидна наплата на даноци, тогаш навистина е реално буџетот за 2021 година да биде одржлив и развоен.“- коментираше директорката на УЈП, Сања Лукаревска, на емисијата „Топ тема“ на телевизија Телма.
Таа низ проекција на бројките заклучи дека оваа одина, и покрај пандемијата, воопшто не завршува лошо за УЈП, но и за државата.
„Можам да кажам дека бројките за октомври се навистина одлични, имаме наплатено 8.2 милијарди денари и со даночните приливи го имаме надминато просекот, и овој октомври имаме подобра наплата од ланскиот, кога немаше здравствена и економска криза. Ако се погледнат и другите бројки секаде, кај сите видови даноци,имаме зголемена наплата, но еве да оставиме да завршат и ноември и декември и да видиме како ќе финишираме оваа година. Сакам да истакнам дека е многу важно, особено за функционирањето на компаниите, како и за процесот на градење соработка, тоа што успеваме секогаш навремено да направиме поврат на ДДВ и тоа така и ќе остане.“- изјави Лукаревска.