Беа обезбедени средства за помош на илјаднци граѓани, преку 20 илјади претпријатија со финансирање на платата, имаше бескаматни кредити, некои беа со грантови. Позитивниот инпакт не охрабрува да делуваме и понатаму. Бруто инвестициите бележат раст поради кредибилноста на влaдата, изјави Бесими
Министерот за финансии Фатмир Бесими правејќи резиме за 2020 година и остварувањето на буџетот на денешната прес-конференција истакна дека позитивниот импакт од преземените мерки дава надеж и истовремено охрабрува да се продолжи со понатамошната развојна политика на Владата.
– Мината година беше тешка за здравствениот, економскиот и социјалниот аспект и зачувувањето на работните места беше приоритет. Беа обезбедени средства за помош на илјаднци граѓани, преку 20 илјади претпријатија со финансирање на платата, имаше бескаматни кредити, некои беа со грантови. Позитивниот инпакт не охрабрува да делуваме и понатаму. Бруто инвестициите бележат раст поради кредибилноста на влaдата, изјави Бесими.
Приходите во 2020 година се реализираа во рамки на проектираното, додека и покрај светската економска криза, минатата година имавме редовна исплата на платите, пензиите, социјалната заштита но и мерки за поддршка на економијата. Очекувањата за годинава се дека случувањата со пандемијата предизвикана од ковид-19 ќе се стабилизираат, што ќе влијае врз заздравување на економијата. Стратегиите и мерките што ќе се преземаат понатаму ќе бидат во насока на поддршка на забрзување на економскиот раст, односно негово удвојување на среден рок, посочи министерот за финансии, Фатмир Бесими на заедн
– Во однос на реализацијата на Буџетот на Република Северна Македонија за 2020 година, со задоволство можам да констатирам дека, реализацијата на приходите е генерално во рамки на очекувањата, дури слободно може да кажеме и над очекувањата, а расходите се реализираа редовно и навремено. Вкупните приходи во 2020 година се реализирани во износ од 189,8 милијарди денари што претставува 96,7% од проектираните приходи за 2020 година. Даноците и придонесите имаат остварување од 99,5 проценти од планираното за цела година, што покажува одлично планирање во услови на непредвидливост. Во 2019 година даноците и придонесите имаа остварување од 97,2 процента од планираното – посочи Бесими.
На денешната прес конференција премиeрот Зоран Заев истакна дека економската и финансиската политика која ја спроведува Владата дава резултати и меѓудругото е насочена за поддршка на граѓаните, како на економски така и на здравствен план. Според претседателот на Владата македонската економија бележи позитивни трендови, таа е стабилна, жива и динамична.
„Владата беше тука за поддршка на граѓаните и здравствено и економски. Вкупните даночни приходи се резултат на 189,9 милијарди денари. Позитивен тренд бележиме и кај придонесите, 102% односно 2% повеќе од планираното. Стоките и услугите се намалени на 85%, односно само 5% помалку од минатата година. Над 11,2 милијарди евра издвоивме за четирите пакети економски мерки. Македонската економија е стабилна, жива и динамична. Ефектите се видливи. По 14,9% пад, го ублаживме падот на 3,2% во рамки на Ковид кризата. Мерките се вистински. Поддржана е најсиромашната маса во земјава, задржани се работните места. Ова е најсериозен аргумент, дека економската и финансиската политика на Владата дава резултати “, истакна премиерот Заев.