Со Предлог-буџетот предвидени се повисоки плати за 10 проценти за лекарите специјалисти од јануари следната година и 5 проценти за сите здравствеи работници. Зголемување на платите за пет проценти од септември догодина предвидени се и за просветните работници. Пет проценти повисока септемвриска плата се очекува да земат и вработените во администрацијата
Во Собранието минатата недела започна расправата по Предлог-буџетот на Република Македонија за 2019 година, кој бшее на дневен ред во матичната Комисија за финансирање и буџет.
Вкупните приходи во државната каса, според предлогот за 2019 година се проектирани на 210,8 милијарди денари, а вкупните расходи на 228,5 милијарди денари. Растот на БДП е проектиран на 3,2 проценти, а стапката на инфлација на 2 проценти. Буџетскиот дефицит е проектиран на 2,5 проценти или 17,7 милијарди денари што е за 500 милиони денари помалку во однос на годинава.
Во буџетот се предвидени пари за повисоки плати во здравството, образованието и одбраната, повеќе пари за реформите во социјалната и детската заштита и пензискиот систем, како и средства за воведување „зелена нафта“ во земјоделството.
Со Предлог-буџетот предвидени се повисоки плати за 10 проценти за лекарите специјалисти од јануари следната година и 5 проценти за сите здравствеи работници. Зголемување на платите за пет проценти од септември догодина предвидени се и за просветните работници. Пет проценти повисока септемвриска плата се очекува да земат и вработените во администрацијата, но во Предлог-буџетот за 2019 година не се предвидени пари за исплата на К-15 во јавниот сектор.
Според проекциите на Министерството за финансии, за плати и придонеси во јавната администрација предвидени се 28,3 милијарди денари, а за пензии 56,4 милијарди денари. Од Буџетот во Фондот за ПИОМ ќе се трансферираат 28,1 милијарди денари.
Дополнителни 2,2 милијарди денари се планирани за реформираниот систем за социјална и детска заштита, а се планира и воведување на социјална пензија за околу 6.000 лица кои имаат барем еден работен ден стаж и наполнети 65 години.
Капиталните инвестиции се проектирани на 25,7 милијарди денари, а министерот за финансии очекува дека следната година ќе се забрза реализацијата на овие проекти.
Буџетот, според оценката на премиерот Зоран Заев, е во функција на одржливост на четирите столбови и тоа за политиките за вработување и за социјална сигурност, за поддршка на домашната економија, за забрзување на реализацијата на инфраструктурните проекти и интезивирани процеси за евроинтеграцијата.
– Пред нас е економска година во која парите на народот уште повеќе ќе одат во проекти за поддршка на граѓаните од сите категории, особено најранливите. Промовиравме ново, праведно оданочување, реформа на пензискиот систем и зголемување на социјалната благостојба. Со буџетските промени за 2019 најавуваме пресвртница во економските политики. Силниот фокус на евроатлантските интеграции го зајакнуваме со Буџет за растечка економија, за социјална оправедност, за поквалитетни здравствени услуги и за подобро живеење на сите, рече премиерот Заев при претставувањето на предлогот заедно со министерот за финансии Драган Тевдовски.
Тој оцени дека Буџетот наредната година ќе направи сериозно придвижување на реализација на капиталните инвестиции, особено во проекцијата за социјалната сигурност, праведност и солидарност, за јавната админситрација, како и за поддршката на евроатланските интеграции.
Министерот за финансии Драган Тевдовски истакна дека за капитални проекти се предвидени 26 милијарди денари и се очекува поголема реализација на проектите, за евроинтеграциите се проектирани 8,3 милијарди денари во Министерството за одбрана, 30 милијарди денари за здравството, Посочи на сериозна поддршка за земјоделското производство, за субвенции за што се предвидени 8,4 милијарди денари, а 512 милиони за рамномерен регионален развој, повеќе средства зас 37 проценти за поддршка на економијатa.
Повеќе пари за Државната изборна комисија, за Секретаријатот за спроведување на рамковниот договор, за Секретаријатот за европски прашања, за Народниот правобранител, се предвидува со Буџетот за 2019 година. Новата Агенција за примена на јазикот ќе има на располагање скоро 140 000 илјади евра. Со најголеми буџети ќе располагаат Министерството за внатрешни работи, Министерството за труд и социјална политика, Министерството за здравство, Министерството за транспорт и врски, Министерството за одбрана. Неделната економска анализа на Portalb.mk ги анализира расходите на министерствата, државните агенции, регулаторни тела во новата 2019 година.
Министерство за внатрешни работи
Министерството за внатрешни работи, според висината на буџетот, котира меѓу првите на листата, со вкупни расходи од 177,2 милиони евра во 2019 година и во однос на годинашните позиции од основен буџет, тие се зголемени за скоро 27 милиони евра. Во рамките на МВР, за реформи во полицијата планирани се 11,4 милиони евра, за реформи во казнено – поправните установи предвидени се 3,1 милион евра а за изградба, реконструкција и опремување на затворите 1 милион евра. За плати и надоместоци во овој ресор планирани се 125,1 милион евра , сума која во однос на годинава е зголемена за 6,4 милиони евра.
Министерство за здравство
Догодина, ова министерството ќе располага со еден од најголемите буџети во износ од 105,3 милиони евра. За реконструкција и изградба на здравствени објекти, преку ова министерството, планирани се средства во износ од 3,2 милиони евра а за медицинска опрема 4,3 милион евра. За еден од најстратешките проекти во здравството – нов клинички центар во Скопје и во Штип планирани се средства во висина од 9,5 милиони евра а за општата болница Кичево 2,2 милиони евра. Вкупните капитални расходи во здравството се позиционирани на скоро 20 милиони евра. Преку ова министерство, Агенцијата за лекови догодина ќе добие скоро 2 милиони евра. За исплата на администрацијата резервирани се 23,3 милиони евра.
Министерството за локална самоуправа
Кај ова министерството догодина, во однос на годинава, намален е буџетот со кој ќе располага. Така, во 2019 година, вкупните расходи на овој ресор ќе изнесуваат 4,5 милиони евра. Годинава, тие се на позиција од 7,1 милион евра во рамките на основниот буџет. За прекугранична соработка планирани се средства во износ од 2,4 милиони евра а за рамномерен регионален развој 1,4 милиони евра. За плати и надоместоци во рамките на овој ресор ќе се потрошат скоро 500 000 илјади евра
Министерството за транспорт и врски
И Министерството за транспорт и врски, според висината на буџетските средства со кои ќе располага во 2019 година, котира високо на листата – со вкупни расходи од 118,2 милиони евра. Преку овој ресор за изградба на социјални станови резервирани се 5 милиони евра или 800 000 евра повеќе во однос на годинава. За изградба на водовод и канализација во општините во земјава, догодина ќе се потрошат 5,4 милиони евра, за проектот за водоснабдување и одведување на отпадни води, планирани се 9,8 милиони евра. За стратешкиот енергетски проект – гасификацијата ќе се потрошат околу 25 милиони евра а железничка инфраструктура 61 милион евра. Вкупните капитални расходи во овој ресор се проектирани на 104,3 милиони евра. За исплата на администрација ќе се потрошат скоро 4,2 милиони евра.
Министерството за труд и социјална политика
Со еден од најголемзните буџети , поголеми од 700 милиони евра , раполага Министерството за труд и социјална политика. Догодина ова министерството ќе има на раполагање 725 милиони евра што е за 20 милиони евра повеќе во однос на годинашниот основен буџет на овој ресор. За изградба, опремување и одржување на објекти за детска заштита во кои спаѓаат детски градинки и одморалишта ќе се потрошат 1,4 милиони евра а за изградба, опремување и одржување на објекти за социјална заштита и домови за стари лица со Буџетот 2019 година планирани се средства во висина од скоро 400 000 евра. Преку ова министерството, за исплата на надоместоци (за специјална заштита, за цивилни инвалиди од војната, за детска заштита, за борци и воени инвалиди, за заштита на бегалци и азиланти ) и права од социјалната област догодина ќе се потрошат 176,2 милиони евра. За мерки за намалување на сиромаштијата планирани се 4,2 милиони евра. За ставката “социјална заштита“ резервирани се средства во износ од 18,7 милион евра.
Министерство за одбрана
Вкупниот буџет на Министерството за одбрана догодина ќе изнесува 135,1 милион евра.
За администрација планиран е износ од 22,5 милион евра, за ставката „функционирање на АРМ“ обезбедени се 77,2 милиони евра а за унапредување на одбраната и безбедноста, односно за интеграција во НАТО ќе се потрошат 23,4 милион евра. Вкупните капитални расходи во ресорот одбрана се проектирани на 24,2 милион евра.
Повеќе пари за државни агенции, комисии, регулаторни тела
Со буџетот за 2019 година, значајно се зголемени расходите на бројни агенции, регулаторни тела и комисии. „Порталб“ ги обајвува буџетите на дел од нив:
– За Државната комисија за спречување на корупција резервирани се 562 000 евра, повеќе пари во однос на годинава ќе има за трошење и Државната изборна комисија за која е предвиден буџет од 6,1 милион евра.
– Повеќе пари се предвидени и за Секретаријатот за спроведување на рамковниот договор, со износ за трошење од 10,2 милиони евра а Секретаријатот за европски прашања ќе има на располагање 2,4 милиони евра. Со Буџетот за 2019 година, во однос на годинава, Агенцијата за примена на јазикот има за трошење четири пати поголем буџет. Така, за оваа агенција предвидени се средства во износ од 140 000 евра.
– Управата за финансиска полиција догодина ќе има за трошење 868,5 илјади евра, Агенција за странски инвестиции и промоција на извозот 1 милион евра, а значајно се зголемуваат и расходите на Агенцијата за млади и спорт, пришто се предвидува тие да бидат на ниво од 9,6 милиони евра. Во новата буџетска година. Народниот правобранител ќе може да потроши 1,4 милиони евра, нешто повеќе во однос на годинава а повеќе пари се планирани и за Државниот завод за ревизија – на ниво од 1,6 милиони евра. Агенцијата за разузнавање во новата 2019 година ќе има за трошење 3,8 милиони евра а буџетот на Управата за јавни приходи е проектиран на 17,9 милиони евра.