Oпасен е обидот на Виктор Орбан за пенетрација во земјите на Западен Балкан, затоа што тоа е алтернативен модел на она што го имавме во последните 20 години, односно за либералната демократија и интеграција, рече професорот и аналитичар од Бугарија, Димитар Бечев во интервју за подкастот „Политиканти“
„Моделот на Орбан значи да ги користиш сите бенефити од членството во ЕУ, но да имаш политички систем што во суштина е авторитарен и заробената држава да работи во твој интерес и тоа за нашиот регион е прифатлив модел, за жал. Неслучајно Орбан во Бугарија е многу популарен, гледаме го сакаат и во Србија и во Македонија. Нашите земји се мали не можат да бидат ниту Кина ниту Русија, па оттука Унгарија е интересен модел за нашите политички елити“, рече тој.
Во однос на евентуалното вмешување на Орбан во решавањето на проблемите мешу Бугарија и Македонија, Бечев истакна дека има унгарскиот премиер има добри врски и со Бојко Борисов и може да се обиде да се вклучи во спорот меѓу Бугарија и Северна Македонија но, претходно ќе треба да види каква ќе биде позицијата на Борисов и неговата партија после изборите во Бугарија.
Бечев во емисијата истакна дека досегашните влади во Софија се коалиција меѓу Радев и Борисов. Тајната на опстојувањето на Борисов на сите избори е во тоа што тој има најстабилна гласачка маса, вели Бечев, додека сите тука паѓаат со популарноста, вклчучувајќи ја тука и реформската партија на петковв. Паролата на ГЕРБ е стабилност а имаат и подршка од Унијата – на едне митинг му должа Уерсула фон дер лаен. Плус имаат неформална коалиција со ДПС, која е партија на турското малцинство, со која сега претседава Пеевски, кој не е етнички Турчин. Оваа партија е еквивалент на ДУИ во Македонија!. Тие партии со кои треба да се соочи Продолжуваме со промената на Петков значи судир со корупцијата, со најмоќните структури во земјата (и на локално ниво). Тие ако пак коалицираат ќе го условуваат до мерка која би била непопуларна кај гласачите на Петков!