Ирак конечно успеа да го убеди Комиетот на УНЕСКО да се заштити Вавилон, иако тој, особено во последните 30 години, кога се водени жестоки борби на негоив терен практично целосно уништен
Древниот град Вавилон и националниот парк на Исланд што е преполн со ледени пештери и вулкани, се само дел од новите локалитети со статус Светски културни наследства и под заштита на УНЕСКО. Ги преку 1.000 ширум светот. Некои се природни, некои се културни, а некои се и едно и друго. Критериум за нивна селекција е вредноста што ја имаат на човечкиот род.
Двата споменици се можеби и најпознатите што се изгласани од страна на Комитетот за Светско наследство на УНЕСКО во Баку, Азербејџан. Комплетната листа, пренесува британски „Гардијан“ ќе биде многу бргу позната.
Вавилон се наоѓа на брегот на реката Еуфрат, на 88 километри од Багдад, и конечно ја добива заслужената заштита по децениските напори на ирачката влада во тој правец. Градот е стар повеќе од 4.300 години и во најголем дел сега е археолошка руина, додека некогаш беше место на промовирање на династии и сведој на нивниот пад. За првпат се споменува во 23 век пред нашата ера и се верува дека во него постоеле т.н. Висечки градини, едни од седумте светски чуда на стариот век.
Историјата на Вавилон е пребогата и блескава. Градот бил преполн со храмови и палати, но добар дел од неговите содржини претрпеа значителна штета низ времето.
Вавилон (на вавилонски Babili, евр. Babel בבל) – е престолнината на Вавилонија, еден еден од најважните антички градови, а се наоѓал блиску денешниот град Ал Хилаха во Ирак. Вавилон е грчката варијанта на акадското име Бабилу, е антички град во Месопотамија (модерен Ал Хилах, Ирак). Тоа бил „светиот град на Вавилонија од рано доба, и седиштето на Неовавилонското Царство од 612 п.н.е.. Градот се наоѓал до реката Еуфрат, на околу 90 км јужно од Багдад во денешен Ирак (провинција Babil). Рушевините од тој град биле откриени во почетокот на 20 век (од Robert Koldewey и други).
Името Вавилон произлегува од акадскиот збор Bab-ilim и означува Божја врата. Во покасно време името се изменило во времето на Александар Македонски и се преобразило во Вавилон. Во еврејската Библија името на Вавилон гласи בבל (Бабел), интерпретирано од популарната етимологија како „збрка“. Името на акадски јазик Бабилу значи „божја порта“, а која била превод на сумерското Кадингира.
За прв пат името Вавилон се споменува во текот на 3000 година п.н.е.. Околу 2200 г. п.н.е. Вавилон бил известен и како храмско место. Во време на царувањето на големиот цар Хамурапи (1792-1750 г. пр. Хр.) градот добил голема улогa во стариот Ориент. Тој завладеел со цела Месопотамија и е познат пред се по Кодекс Хамурапи, еден од првите владетели кои се придржувал на закони.
Од тоа време наваму продолжил да биде главен град на Вавилонија, иако за време на 440-годишната доминација од Каситите (1595-1185), градот бил преименуван во Карандиунаш. Најраниот запис на Вавилон е обележан со дата и табла, за време на владеењето на Саргон од Акад. Околу 20 век п.н.е. бил окупиран од Аморитите (номадско Семитско племе), преплавувајќи ја Месопотамија од запад. Првата Вавилонска династија била основана од Субу-абум, но градот-држава немал многу овластувања на околната територија, сè додека не станал главен град на Хамурабиевата империја.
Во текот на 1595 година п.н.е. Вавилон паднал под власта на Хетите, а малку подоцна пак и под Каситите. Каситите градот-држава Вавилон го направиле престолнина на Вавилонија. Многу е веројатно, градот да станал религиозен центар за регионот во текот на 12 век п.н.е. кога Мардук се издигнал во врховен Бог на месопотамскиот пантеон. По 1158 година п.н.е. Вавилон бил управуван од разни династии кога потпаѓа под Асирија. Во времето на управувањето на царовите на Нововавилонското царство, кое било основано од Набопаласар (605-562 г. пр. Хр.), халдејската династија го достигнала својот расцвет, а подоцна оваа развивање го продолжил и неговиот син Навуходоносор II.
Во 331 година п.н.е. Дариј III бил поразен од страна на Александар Македонски во битката кај Гавгамела. Во октомври истата година, Александар со својата војска влегол во градот и бил дочекан како ослободител. Под негово раководство, градот повторно се развил и станал голем трговски центар. Но, по смртта на Александар неговото царство било поделено помеѓу неговите генерали и бил подложен на многу војни, поради кое градот многу се запустил, веќе во 275 година п.н.е.
Градот исто така е познат и по познатата Вавилонска кула. Градот бил откриен помеѓу 1899 и 1917 година од страна на германскиот археолог Роберт Колдевеј. Според античкиот историчар Херодот, Вавилон бил „еден огромен град, раскошно изграден како ниту еден друг град во светот“. Градот би требало да има 86 километри должина изграден на три или четири катови. Вавилон бил изграден од двете страни на река Еуфрат. Градот бил опкружен од двојни ѕидини.
Самиот град бил поделен на еднакви делови на левата и десната страна од реката, со стрмни корита со цел да ги спречат сезонските излевања на реката. Вавилон растел во големина и станувал повеличествен, но постепено потпаѓал под асирска власт. Се претпоставува дека Вавилон бил најголемиот град во светот од 1770 п.н.е. до 1670 п.н.е. и повторно помеѓу 612 п.н.е. и 320 п.н.е. Веројатно бил прв град кој имал популција над 200.000 жители.
Семирамидинитевисечки градини, кои се врзуваат за името на градот, се едно од Седумте светски чуда, чија локација сè уште не е утврдена. Според преданието, изградени се од Набукодоносор IIоколу 600 п.н.е. за неговата жена која копнеела по родниот крај каде имало бујна вегетација.
Овие бујни висечки градини се опширно документирани од старогрчкитеисторичари како Страбон и Диодор Сицилиски, но освен тоа, нема наоди кои би го потврдиле нивното постоење, т.е. не
постои ниту еден вавилонски запис кој зборува за ваква градина. Иако се собрани извесни наоди кои укажуваат на нешто такво, тие не го потврдуваат она што ние го знаеме од историчарите, што впрочем личи на фантазирање. Низ вековите локацијата на градината можеби се помешала со градина во Нинива, бидејќи таму наоѓаме јасни прикази на градини. Текстот на овие таблици зборува за (можна) употреба на направа слична на Архимедовиот винт за подигање на вода на дадена височина. Доколку навистина постоеле овие градини, веројатно е дека биле уништени некаде после првиот век од нашата ера.
Меѓу новите локалитети на листата на УНЕСКО се и Хирканските шуми во Азербејџан, древната металуршка работнилница во Буркина Фасо и Охридскиот регион од албанска страна.
Исландскиот парк „Ватнајокул“ е основан во 2008 година. Зафаќа 14 отсто од островот и распространет е на југоистокот од земјата. Со вулкани, земјотреси, топење на глечери, кратери и геотермална активност е толку драматичен што во номинацијата на УНЕСКО се опишува како подрачје на алармантни природни судири, но и заносна хармонија.
Локалитет на листата на УНЕСКО доби и Кина. Станува збор за резерват за птици преселници долж брегот на Жолтото море и заливот Боха, но и голем број видови на риби и ракови и има богат екосистем.