Глобус-Неделен весник

  • Македонија
  • Свет
  • Ревија
  • Архива
  • Контакт
  • Фељтон
  • Колумни

ВАДЕЊЕТО НА БУГАРСКИ ПАСОШ НЕКОМУ НОСИ ДОБИВКА А НЕКОМУ И РИЗИК

July 22, 2025 Filed Under: Македонија

Треба да биде јасно на секој е малку политички писмен дека обавувањата на важни функции и барањата на странски пасоши е играње со оган и дека секогаш постои ризик некој однадвор да го злоупотреби. За тоа не треба да обвинуваме странски служби, ризикот на барателот!

БУГАРСКИ ПАСОШ Немој да го браниш Гоце Делчев аако веќе се чувствуваше дека си од бугарски праисход – порачува политичарот Жерновски

Деновиве бугарски весник објави дека шремиерот Мицковски поднел барање за издавање на бугарски пасош. Таму стоеја и податоци за тоа кога се случило, на кое место и на каков начин. Мора да се истакне дека ова не е некаква новина ама е прва информација од нешто што се вика прва рака. Сето другио беше едноставно на ниво на гласишта, без било каков основ за отворање на такво прасшање.

Во 2008 година, премиерот на Македонија, Христијан Мицкоски, поднел барање до бугарското конзуларно претставништво во Скопјe за бугарско државјанство“, објави неодамна бугарска „Лупа“. Како што стои во текстот на бугарскиот медиум, во тоа време, генерален конзул на Бугарија во Македонија бил извесен Венцислав Цветанов. Бугарскиот медиум пишува и дека дел од роднините на Мицкоски имаат фирми во соседна Бугарија. „Лупа“ додава и дека снаата на премиерот има бугарски пасош. Неодамна бугарскиот министер за внатрешни работи, Даниел Митов обелодени дека над 216 илјади пасоши со бугарско државјанство се издадени на граѓани на Македонија.

-Во периодот од 1 јануари 2007 година до 17 јуни 2025 година издадени се 216.594 пасоши на бугарски државјани за кои има информации за второ државјанство на Република Северна Македонија, изјавил Митов. Министерот нагласил дека „основата за издавање бугарски пасош произлегва од стекнувањето на бугарско државјанство од страна на лицата“. Според Законот за бугарски лични документи, пасошите се издаваат само на бугарски државјани.

После оваа вест во јавноста се јави поранешниот градоначалник и несуден амбасадор во Романија – Жерновски кој побара премиерот јавно да каже дали  поднел барање за бугарско државјанство или бугарските медиуми лажат?

„Знам многу добро како умее да демантира вакви вести 5 минути откако ќе се појават, па дури и по полноќ. Но, за оваа вест, го снема во дупка..Граѓаните, но и дипломатскиот свет, ги интересира одговорот на следново прашање: дали  Мицковски поднел брање за бугарско државјанство? Нека ни одговори премиерот на сите дека оваа вест е лажна и готово. Ја затвораме темата и сите заедно ќе ги критикуваме бугарските медиуми и оние кои стојат позади нив дека злонамерно и подмолно пласираат дезинформации.- напиша Жерновски додаде дека искрено се надева дека сето ова е една голема лага. „За крај, ќе се обидам да бидам јасен. Секој македонски граѓанин има право да аплицира за друго државјанство. Мотивите се индивидуални, во најголем случај економски. Но, ако тоа го прави некој политичар, кој сега е и претседател на македонската влада, и кој на таа позиција во голема мера дошол градејќи кариера на голем патриот и војвода кој, нели, немилосрдно се пресметува со бугарските политики, тогаш тоа е веќе сосема друга работа. Не може “Не ми ги спомнувајте повеќе Бугарите” со “Сакам бугарски пасош”. Не оди, нели? Да постетам дека за да започнеш постапка за добивање на бугарски пасош, мора да се изјасниш дека имаш блгарско самочувствие. Ова најдобро го знае неговата министерка, која ни после 10 месеци сѐ уште не се сеќава дали има бугарска самосвест и за тоа го консултира адвокатот. Истотака, мораш СВОЕРАЧНО ДА ПОТПИШЕШ ДЕКА ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ Е БУГАРИН, односно дека сите македонски дејци се Бугари.

Дури по ова јавно прозивање владејачката ВМРО-ДПМНЕ ги демантира наводите на бугарскиот медиум „лупа.бг“ дека тој во 2008 година аплицирал за бугарско државјанство во конзулатот во Скопје, па се откажал, оценувајќи ги како бугарска пропаганда против Македонија.

„Информациите дека наводно Христијан Мицкоски барал бугарски пасош се производ на бугарската пропаганда против Македонија и нејзините платени слуги во самата држава. Ваквите удари и лаги се резултат на едноставната вистина – единствената и најсилна пречка за негирачките барања на Бугарија кон Македонија се ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски.

Сликата е кристално јасна: од една страна е Венко Филипче, кој без никакви гаранции за македонскиот идентитет и јазик, се залага Бугарите да бидат внесени во Уставот; од друга страна е Христијан Мицкоски, кој ги стопира максималистичките барања и го брани националниот идентитет и македонскиот јазик. Затоа бугарската пропагандна машинерија со сите сили ги активира своите инсталации и соработници во обид да нанесат штета на македонските позиции“, вели партијата во соопштението.

Инаку листајќи некои порано објавени материјали на оваа тема дојод до текстот на колешката Соња Христовска Угриновска под наслов „Да се објават сите македонски функционери со бугарски пасоши!“.Текстот е објавен пред 4 години и тоа непосредно пред тогашните локални избори!

„Министерството за надворешни работи сè уште нема одговор на соопштението на бугарското МНР, кое во понеделникот обвини за говор на омраза во кампањата за градоначалник на Скопје, што според нив поттикнува дискриминација и нетолеранција на граѓаните со бугарска самосвест. Бугарското МНР најави дека „Бугарија ќе посвети посебно внимание на сите процеси за создавање неопходни услови за слобода на самоидентификација и почитување на правата на граѓаните“ и потсети дека „доследната, совесна и целосна примена на меѓународно обврзувачките законски обврски е од клучно значење и останува предуслов за напредок во пристапувањето во ЕУ – пишува во воведо на тиј текст. Поната,му, се констарира дека МНР не одговорија како ќе се постават кон новата реторика на Софија, која инсистира дека Скопје врши дискриминација и го прекршува Договорот за добрососедство, а не откриваат ниту дали и кога ќе се реализира билатералната средба што се очекуваше до крајот на октомври или на почетокот на ноември. На оваа средба требаше за да се усогласи т.н. „Патоказ пет плус еден“, во кој најновото и одеднаш најприоритетно стана барањето Бугарите да се вметнат како малцинство во македонскиот Устав.

Додека во Македонија траела консолидацијата по пресвртот на локалните избори и оставката на премиерот Зоран Заев, во Софија се заострувала реториката во врска со бугарското државјанство на скопската градоначалничка Данела Арсовска. Историчарот од Бугарската академија на науките (БАН) Светлозар Елдеров побарал МНР на Бугарија во даден момент да ги објави имињата на сите општествени или политички дејци во Македонија кои имаат бугарски пасоши.

– Во случајот со Арсовска беа покажувани некакви лични карти и таму едната страна одрекуваше, а другата инсистираше. Мислам дека нашите власти не можат да ја остават без последици таа шашма со симболите на бугарската државност. Во практика, или е вистина, или е лага. И во двата случаја бугарското министерство мора да направи нешто. Политичките лидери за кои се говори некаде јавно, а некаде неофицијално, дека имаат пасоши, треба или сами да излезат и да кажат или бугарското МНР да го направи тоа наместо нив. Бидејќи, да си Бугарин и да имаш бугарски пасош и бугарско државјанство, кога законот тоа го дозволува, не е конспирација, туку чест, достоинство и законско право – реекол Елдеров.

(Р.Т.)

 

Filed Under: Македонија

ДВА ИЛИ ЕДЕН ЕКСПРЕСЕН КОЛОСЕК ЗА СОЛУН
ВАДЕЊЕТО НА БУГАРСКИ ПАСОШ НЕКОМУ НОСИ ДОБИВКА А НЕКОМУ И РИЗИК
НЕВИДЛИОТ И НЕЗАПИРЛИВ УБИЕЦ: ЕКСТРЕМНАТА ТОПЛИНА ОДЗЕМНА СЕ ПОВЕЌЕ ЖРТВИ НИЗ ЕВРОПА
СРЕДЕ ЛЕТО НА ЛОВ НА ДИВИ СВИЊИ
УСТАВНИТЕ ИЗМЕНИ МЕЃУ ПОСТОЈНОТО И МОЖНОТО

Најново

  • ДВА ИЛИ ЕДЕН ЕКСПРЕСЕН КОЛОСЕК ЗА СОЛУН
  • ВАДЕЊЕТО НА БУГАРСКИ ПАСОШ НЕКОМУ НОСИ ДОБИВКА А НЕКОМУ И РИЗИК
  • НЕВИДЛИОТ И НЕЗАПИРЛИВ УБИЕЦ: ЕКСТРЕМНАТА ТОПЛИНА ОДЗЕМНА СЕ ПОВЕЌЕ ЖРТВИ НИЗ ЕВРОПА

Импресум

Издавач - Здружение за нови политики и слобода на медиуми "Јавност" - Скопје,

Партизански одреди 23/1/3 Скопје

globus@globusmagazin.com.mk

Барај

Сите права задржани© 2025 · ГЛОБУС · Log in

Developed by Unet