Глобус-Неделен весник

  • Македонија
  • Свет
  • Ревија
  • Архива
  • Контакт
  • Фељтон
  • Колумни

ВАКЦИНАТА ПРОТИВ КОРОНАВИРУСОТ НЕМА ДА ДОЈДЕ БРЗО, ВО ТРКАТА ВЛЕГУВААТ И НЕЧЕСНИ ПОНУДИ

March 24, 2020 Filed Under: Свет

Трамп се обидел да добие ексклузивно право врз евентуалната вакцина против Ковид-19. Американците веќе испробуваат вакцина на доброволци, но оценките се дека вакцината нема да дојде брзо, можеби после 12 месеци

ТЕСТИРАЊЕ НА ЛУЃЕ Џенифер Халер (43) е првата која послужи како пациент за новата вакцина

Администрациајта на американскиот претседател Доналд Трамп понудила „големи суми“ за да добие ексклузивен пристап до вакцината за новиот коронавирус, која ја развива германската компанија „КјурВак“, откриваат германските медиуми.

Според нивните пишувања, Трамп се обидел да ја убеди компанијата да го премести својот истражувачки оддел во САД и да развие вакција ексклузивно за САД. Централата на „КјурВак“ се наоѓа во Тубинген, но таа исто така има канцеларии и во Франкфурт и Бостон.

Германското министерство за здравство ја потврди информацијата и соопшти дека единствениот интерес на Берлин е развивањето на вакцина против новиот коронавирус да се одвива и во Германија и во Европа.

Информацијата исто така ја потврди и минстерот за внатрешни работи Хорст Зихофер, кој соопшти дека за тоа ќе дискутира и кризниот тим на денешниот сотанок.

За разлика од нив американскиот амбасадор во Германија, Ричард Гренел, ги негираше наводите на германските медиуми. Минатата недела извршниот директор на „КјурВак“ Даниел Меничела, заедно со повеќе претставници на фармацевтски компании присуствувал на состанок во Белата куќа, со претседателот Трамп, потпретседателот Мајк Пенс и членови на претседателската работна група, на кој се разговарало за напредокот во развојот на вакцина против вирусот. Одржувањето нa состанокот го потврди и компанијата „КјурВак“, но во соопштението рече дека Меничела само ги информирал за напредокот во развојот на вакцината и надежите дека таа може да биде подготвена за широка употреба на почетокот на летото.

Информациите дека Вашингтон се обидел да добие ексклузивно право врз вакцината предизвика гневни реакции во германската јавност, која побара од владата да стори се’ за да ги спречи САД да добијат контрола врз вакцинaта против Ковид-19.

Наводно, според некои медиуми Трамп нудел 1 милијарда долари за вакцина за коронавирусот. Излегоа нови детали за приказната која ја е објавивена претходно а според која американскиот претседател Трамп ја убедувал германска лабораторија која развива вакцина за коронавирусот, истата да и ја продаде ексклузивно на САД

ИЗБРКАН Даниел Маничела, кој вројатно го организирал состанокот на компанијата со Трамп е избркан од работа

Администрација на американскиот претседател Доналд Трамп покрај пари и нудела на германската компанија CureVac (КјурВакда преминат да работат во САД (или за САД), јви весникот Велт.

Германското министерство за здравство го потврди извештајот на Велт, и дополни дека се прават напори вакцината да остане на европско тло. Германската влада се спротивставила на понудата од САД со сопствена понуда на финансиски поволности со цел фирмата да остане во земјата.
„Германската влада е многу заинтересирана развојот на вакцините и третманите против новиот коронавирус да се реализираат во Германија и Европа“, вели портпаролот на германското министерство за здравство.

Компанијата CureVac е со седиште во југозападниот германски град Тибинген и соработува со Институтот Паул Ерлих кој пак е поврзан со германското министерство за здравство. Таа има претставништва во Франкфурт и во Бостон, САД.
Во петокот, шефот на производството на CureVac Флоријан фон дер Милбе за Ројтерс изјави дека започнале истражувања за неколку можни вакцини и дека двете најветувачки ќе бидат избрани за клинички тестови. Компанијата се надева дека ќе има експериментална вакцина за тестови врз луѓе до јуни или јули годинава.
Во меѓувреме, од германската компанија беше отпуштен досегашниот извршен директор Даниел Меничела, инаку американски државјанин, кој присуствувал на состанок во Белата куќа со Трамп и други членови на работната група за коронавирусот. На негово место е поставен основачот Ингмар Хоер.

Глобус во бројот од почетокот н март, во пренесеното интервју на Џонатан Квик од СЗО најави дека во почеоткот на април ќе се направи првата „жива проба“ на вакцина на која работи една американска компанија. Тоа и се случи.

ВЛЕЗ ВО ЛАБОРАТОРИЈАТА Компанијата КјурВак се наоѓа во Тибинген

Во меѓувреме американските лекари ја дадоа минатата недела првата експериментална вакцина за коронавирусот, со што започнаа обидите за пронаоѓање на најдобрата заштита од опасната пандемија.

Со внимателно боцкање во рамото на 43-годишната Џенифер Халер, научниците од истражувачкиот институт Кајзер Перманенте од Вашингтон, го означија стартот на долгоочекуваната прва етапа од развивањето на потенцијалната вакцина за заштита од респираторната болест Ковид 19, која од Кина се прошири низ целиот свет.

„Сите се чувствуват толку беспомошно во моментов. Јас сфатив дека има нешто што можам да го направам за да помогнам и затоа сум среќна дека сум тука” – изјави Џенифер Халер, првата волонтерка за експерименталната вакцина. Вакцината ќе биде испробана на 45 волонтери во период од еден месец ќе примат по две дози од вакцината.

Ова е само првата фаза од серијата испитувања за безбедноста и успешноста на вакцините, но дури и се да се одвива во најдобар ред, евентуалната вакцина нема да биде подготвена за употребоа уште најмалку 12 до 18 месеци.

ВНАТРЕШНОСТ НА ЛАБОРАТОРИЈАТА Во КјурВак работат истоврмено на два типа вакцини

Пандемијата корона вирус продолжува да се шири во светот. Според последните податоци, бројот на случаи надвор од Кина сега е поголем од бројот на случаите во земјата каде првично избувна епидемијата.

Европа е епицентарот на заразата а државите се повеќе ги заоструваат мерките за справување со здравствената криза.

Filed Under: Свет

ГЛОБАЛНО ИСТРАЖУВАЊЕ: КАКО ВИ ОДИ РАБОТАТА?
ИЗЛЕЗЕ НОВИОТ ИЗВЕШТАЈ НА РЕПОРТЕРИ БЕЗ ГРАНИЦА: МАКЕДОНИЈА ИМА ПАД ОД ШЕСТ МЕСТА, СРБИЈА НА МИНИМУМ
ЦРВЕН КРСТ: ХУМАНИТАРНИТЕ ОПЕРАЦИИ ВО ПОЈАСОТ ГАЗА НА РАБОТ НА КОЛАПС
ПРЕВИРАЊА ВО ВЕЛИКА БРИТАНИЈА: СОЈУЗНИКОТ НА ТРАМП ВО ПОЛИТИЧКИ ПОДЕМ
ТАНЦОТ ЗБОРУВА КОГА ЗБОРОВИТЕ МОЛЧАТ – ТАНЦ ФЕСТ СКОПЈЕ ГО ОТВОРИ СВОЕТО 21. ИЗДАНИЕ

Најново

  • ГЛОБАЛНО ИСТРАЖУВАЊЕ: КАКО ВИ ОДИ РАБОТАТА?
  • ИЗЛЕЗЕ НОВИОТ ИЗВЕШТАЈ НА РЕПОРТЕРИ БЕЗ ГРАНИЦА: МАКЕДОНИЈА ИМА ПАД ОД ШЕСТ МЕСТА, СРБИЈА НА МИНИМУМ
  • ЦРВЕН КРСТ: ХУМАНИТАРНИТЕ ОПЕРАЦИИ ВО ПОЈАСОТ ГАЗА НА РАБОТ НА КОЛАПС

Импресум

Издавач - Здружение за нови политики и слобода на медиуми "Јавност" - Скопје,

Партизански одреди 23/1/3 Скопје

globus@globusmagazin.com.mk

Барај

Сите права задржани© 2025 · ГЛОБУС · Log in

Developed by Unet