Заев треба да остане на функција до крајот на мандатот кој му го дадоа граѓаните. Засега на Бугарите им успева да прават хаос во земјава. Мора да постои премиер кој би преговарал за влез на земјата во ЕУ
Меѓународниот медијатор Питер Ванхауте, во интервју за Цивил Медија (интервјуто го правеше Џабир дерала) изјави дека премиерот Зоран Заев има мандат кој го доби од граѓаните и дека тој треба да креира стабилност и да остане на премиерската функција до крајот на мандатот.
Меѓународниот медијатор Питер Ванхауте, во интервју за Цивил Медија изјави дека премиерот Зоран Заев има мандат кој го доби од граѓаните и дека тој треба да креира стабилност и да остане на премиерската функција до крајот на мандатот.
„За мене состојбата е мошне комплицирана, бидејќи веќе се соочувате со различни видови проблеми. Не е само исходот од локалните избори, за нив сметам дека генерално беа во ред. Значи, исходот се испочитува и работите продолжија понатаму. Главниот проблем е на национално, државно ниво. Сметам дека не е добро тоа што премиерот на средината на мандатот поднесува оставка, имајќи го предвид фактот дека вие се соочувате со низа кризи. Имате процес на пристапување кон ЕУ, што моментално е комплициран, така што треба да најдете начини да разговарате со ЕУ. Ако нема премиер, кој ќе разговара со ЕУ утре?“, вели Ванхауте на прашањето што ќе се случи по најавената оставка на Заев.
„Друго прашање е секако конфликтот со Бугарија. Бугарите ова го сакаат, бидејќи ќе излезе дека тие се во право со своите постапки и дека нивниот пристап за креирање хаос успева. Очигледно, тоа е она што го сакаат и се чини дека засега им успева. Трето, гледајќи го однесувањето на одредени политички партии, не верувам дека сега е вистинското време да се остават сами на себе и да бараат наследници за г-дин Заев. Не. Прво, треба да се креира стабилност и да се води владата до крајот на мандатот. Доколку сака да биде заменет како лидер на партија, во ред, тоа може да се среди, постојат процедури за тоа. Ве молам, не треба да се мешаат работите како што тоа сега се случува. Лидерството на партијата, премиерската позиција и поразот на локалните избори се различни работи“, вели Ванхауте.
Медијаторот додава дека Заев ја добил довербата од граѓаните и оти е штета да ја напушти функцијата среде мандат.
„Доколку сте премиер, имате мандат кој доаѓа од граѓаните, преку парламентот. Но, имате мандат. Не можете едноставно да го фрлите тоа и да речете збогум, си одам дома, не го правам ова повеќе, барајќи некој друг да ја преземе работата. Тоа е штета. Имате мандат и мора да се придржувате до мандатот до неговиот крај. Значи, го завршувате вашиот мандат до крај, до следните избори. Да се откажете среде мандат не е добра идеја. Не би требало да го правите тоа и сметам дека тоа претставува и непочитување кон граѓаните. Сметам дека ова навистина е погрешен пристап, тоа не го правите како премиер. Ова го немам видено во ниту една друга земја, би рекол во европски контекст. Така што, не го правите такво нешто, туку останувате“, вели Ванхауте.
(civil media)