Сега обвинетиот Васил Божков, кој избега од Бугарија и веќе две недели е во притвор во Абу Даби, започнал постапка во странска земја за помош и застапување пред локалните судски власти, со цел да биде ослободен од притвор. За него го пишуваше Глобус уште во далечната 2008 година во свој осврт за главните мафиози во соседна Бугарија
РЕДАКЦИЈА ГЛОБУС
Против бугарскиот – официјално – бизнисмен Божков, кој е уапсен во Обединетите Арапски Емирати, Според последните податоци се покренати уште две обвиненија – за трговија со влијание и за поседување и отуѓување на антиквитети. Со тоа бројот на обвиненија против него достигна 11, изјави портпаролката на бугарскиот jавен обвинител, Сијка Милева.Засега нема информации дали ОАЕ се подготвени да го исполнат барањето на руските партнери на Божков. Тој избега од Бугарија на почетокот од овој месец. Против него веќе се покренати седум обвиненија, меѓу кои за предводење на организирана криминална група, за принуда, изнудување, за обид за поткуп на службено лице .. Според Обвинителството, организираната криминална група, предводена од Божков, дејствува низ цела Бугарија од 2014 година и има цел да врши принуда, изнудување, перење пари.
Некои материјали за бугарскиот тајкун содржат и информации за други незаконски дејствија – убиства, принуда и силување, за кои е покрената нова предистражна постапка.
Божков се третира како еден од преостаните на врвот на криминалот во Буггарија. „Глобус“ често пишувал за оваа криминална групација. Во 2008 година имавме такво компаративно истражување за балканските мафии и кажжавме дека онаа поговорка за тоа дека некоја земја има мафија а некаде мафијата има држава и дека тоа е Бугарија е цитат кој се користи во угледните „Њујорк тајмс“ и „Хералд трибјун“. Најголемиот дел од 130. нарачани убиства во 90-тите години, според списокот на американската амбасада во Софија, беа се уште нерешени.
Да потсетиме одново дека иако спорадични пресметки меѓу криминалци имаше и порано, се чини, дека хаосот ефектно започна со егзекуцијата на една од најважните фигури во посткомунистичка Бугарија, Андреј Луканов, кој беше убиен пред својот дом на 2 октомври 1996 година, во периодот на најжестоката криза, кога тој беше член на Управниот одбор на компанијата „Топенерџи“. За смртта на поранешниот комунист, и во еден период во 1989-1990 и премиер на Бугарија, кого во медиумите го нарекуваа и „творец на пазарната економија во бугарската транзиција“, дури во во 2003 година беа осудени на доживотен затвор двајца Украинци и тројца Бугари. По три години, бугарскиот суд им ги укина казните, за на десетгодишнината од атентатот, поранешниот директор на компанијата „Булгаргаз“ Васил Филипов да излезе со тврдење дека зад убиството на Луканов, стоел претседателот на компанијата „Мултигруп“ (подоцна, корпорација „МГ“), најбогатиот или еден од најбогатите Бугари, Илија Павлов. Филипов тврдеше дека атентатор над Луканов бил Ганчо В’чков – „Ганецот“ (шеф на мафијашка група што крадела автомобили, кој беше убиен при полициска акција во 1999), но дека причина за убиството било расчистување на сметките меѓу Луканов и Павлов, по судирот на интересите во трговијата со гас.
И додека Луканов медиумите го обвинуваа дека е заслужен што поголемиот дел од државниот имот останал во рацете на поранешни комунисти и по 1989 година, и дека стоел зад формирањето групи за контрола врз економските текови – и преку подмитување политичари, и но и преку елиминирање на ривалите во бизнисот, Павлов кој со „Мултигруп“ беше поврзуван за многу матни зделки, на врвот се зацврстува во 1997, со купувањето на првиот хотел во Боровец, и со започнувањето на тесни врски со врвните личности во обвинителството, полицијата и разузнавањето. Павлов беше убиен во март 2003 година, од професионалец, со снајперски куршум во срце, само ден по сведочењето на судскиот процес за убиство на Луканов. Човекот кого медиумите од соседството го нарекуваа и „урнек за новобогаташите“ и кој изјавувал дека „историјата на пост-комунистичкиот бизнис во Бугарија ќе почнува со Мултигруп“, зад себе остави огромно богатство од две милијарди долари, 20 хотели, казина, резиденции, мотели, клубови, рент-а-кар фирми, туристички агенции, дморалишта… Неговата „МГ“ корпорација имала над 50 фирми, со седишта и финансиски удели во Британија, САД, Бугарија, Русија, Македонија и во Швајцарија, каде и било и главното седиште на целата корпорација која остварувала обрт од 1,5 милијарди долари. Беше познат по вложувања во фудбалски клубови, но останаа непотврдени шпекулациите дали инвестирал и во кампањата на царот – премиер Симеон Саксобурготски. Павлов и „Мултигруп“ беа посочувани и во врска со атентатот врз Киро Глигоров, но тоа беше само еден од ќорсокаците на неуспешната истрага.
Ако убиството на Георги Илиев во 2005 година (сопственик на фудбалскиот клуб „Локомотив” од Пловдив, шеф на ВАИ Холдинг и брат на Васил Илиев, основачот на агенцијата за обезбедување ВИС на која и била изречена забрана за работење поради рекетарство) и ликвидацијата на Милчо Бонев – „Бај Миле“ во јули 2004. (еден од основачите на најголемиот конкурент на ВИС, агенцијата СИК, заедно со петтемина негови телохранители) беа објаснувани како пресметка во подземјето или пресметка на државата со подземјето, големите нерешени убиства и денес ја скокоткаат љубопитноста на бугарската јавност за тесните врски на криминалот и политиката.
Во октомври 2005 година во центарот на Софија, со 15 куршума од „калашников“ беше убиен бугарскиот банкар Емил Ќулев, поранешен полицаец, кој низ бугарската транзиција беше избран за најдобар бугарски економист за 2002 и поставен за советник за финансиски прашања на бугарскиот претседател Георги Прванов во 2002-2003. Со дипломи од полициската економија и за меѓународни економски односи, Ќулев беше осоновач на првата приватна бугарска компанија за административни и правни услуги – „Контракт Ќулев”, издавач на три весника и банкар во неуспешни банки, се’ додека не ја формира “Росексимбанк” преку која одел дел од финансиските релации на Бугарија и Русија и станува претседател на нејзиниот надзорен одбор. По купувањето на „Државниот застрахователен институт” за 21,5 милиони евра, се формира ДЗИ, најголемата финансиска група во Бугарија со исклучиво домашен капитал од повеќе од 100 милиони евра. Пред убиството, полското списание „Впрост” објави дека Ќулев е вториот Бугарин според богатството, по таканаречениот „бос на хазардот” Васил Божков – „Черепот“ и дека неговата ДЗИ вреди 500 милиони долари.
По неговото убиство имаше и теории дека причините треба да се бараат во матните бизнис релации, но надвладеаја опциите дека моќни финансиски групи во Бугарија имаат финансиски интереси да се продолжат односите со Москва, односно, да продолжи хаосот и Бугарија да не стане членка на НАТО и на ЕУ. Експретседателот на бугарската Комисија за досиеја, Методи Андреев, го окарактеризира Ќулев како претставник на таканаречениот национален капитал, „порочно зачнат во лабораториите на бившата Државна безбедност“.
Во февруари 2006., во софискиот кварт Лозенец, во неговиот џип „порше чајен“ беше убиен мафијашкиот бос Иван Тодоров – „Докторот“, кого софиското Обвинителство го обвини за перење пари (во износ од околу 50 милиони долари) и за учество во организирана криминална група, за што нему и на соработниците им се закануваше долгогодишна казна затвор. Интересно е дека дел од обвинението беше и за шверц на цигари во периодот меѓу 1997 и 2003 година, од Бугарија во Македонија и обратно. Докторот, според бугарските медиуми, бил и на листата за острел (заедно со Ќулев) на мафијашите Красимир и Николај Маринови, попознати како „Браќата Маргин“. И Докорот и Маринови, во медиумите беа доведувани во врска со владеењето на тогашниот премиер Иван Костов и неговата моќна сопруга Елена, но најголемата афера која немаше разрешница, беше објавувањето на тајните снимки на партијата карти во која, на јахтата на Докторот во Монако, покрај домаќинот учествувале и тројца поранешни бугарски министри.
Но, во тоа истражување, кога се користеа изјави и од сега актуелниот премиер Борисов, се дозна дека бугарските тајкуни сакаат да се играат гнгстер, но дека за клучните дејтвија тие си изјајмуваат „Срби – професионалци“.
Значи, во „Глобус“ Васил Божков Черепот е лоциран како најбогат тајкун во Бугарија, кој според Википедија денес тежи околу 1,5 милијарда евра уште пред 12 години. Стејт департментот го опишува како „гангстер кој највеќе се збогатил од својата дејност“. Тој има 63 години, роден е во Велинград и има две високошколски дипломи – една по математика на државниот иниверзитет во Софија и вотр по матматика на трудот на приватен факултет.
Својот бизнис го започнува со отворање на слаткарницата „Магура“ во Софија, која служела како покритие за илегална тговија со антички предмети.илегална трговија со девизи и оружје. Потоа отвора многу менувачници низ земјата, кога тоа ќе стане легално а заедно со Илија Павлов (Мултигруп) и Младен Николов Маџо тргнуваат во заеднички бизнис со отворање на коцкарници. Има своја банка која се спојува со Комецијална банка на Мултигруп. Во 2000 година со откуп на акции влегува и во Прва частна банка, која има свој оддел и кај нас. Во 2006 година започнува да добива градби на државни патишта преку фирмата „Птица“. Полското списание „Впрост“ во 2008 година цени дека Божков тежи 1,35 милијрда долари.
Една од најголемите замерки за него е изигрување на малцинските акционери во некои од своите фирми, префрлување на капиталот на друштвата во нови фирми без знаење на акционерит (во ќерки-фирми) и доделување на себе си годишпни награди без знаење на акционерите во големи вредности, во милионски суми во евра.
Во 2009 година американскиот амбасадор во Софија објавува за него ека е според нив Божков најголемиот јкриминлец кај нашиот источен сосед.