Адаптацијата на текстот е на Христов, а во тимот се и сценографот Константин Трпеноски и композиторот Никола Коџабашија.
Македонскиот режисер Васил Христов ја поставува претставата „Лимениот барабан“ од германскиот нобеловец Гинтер Грас во Југословенско драмско позориште (ЈДП) во Белград. „Лимениот барабан“ е еден од најважните романи на 20.век, дело кое ги помести границите на книжевностА, велАат од ЈДП,
Во 1979 Фолкер Шлендорф го сними истоимениот култен филм, кој доби Златна палма на Канскиот филмsки фестивал, а исто така е и прв германски филм кој доби Оскар.
Содржината се поврзува со ликот на Оскар Мацерато, триесетгодишен пациент од психијатриска установа, кој како тригодишно момче, во пресрет на подемот на нацизмот и почетокот на Втората светска војна, решил да престане да расте. Протестирајќи против возрасните, Оскар ги коментира историските настани од детска перспектива, претставувајќи слика на светот кој се движи кон самоуништување.
Играат Миодраг Драгиќевиќ, Јована Беловиќ, Марко Јанкетиќ, Небојша Миловановиќ, Зоран Цвијановиќ, Јоаким Тасиќ, Ива Манојловиќ, Лазар Ѓукиќ, Тамара Шустиќ и Теодор Винчиќ.
Премиерата се очекува во декември, на големата сцена „Љуба Тадиќ“ во ЈДП.
Адаптацијата на текстот е на Христов, а во тимот се и сценографот Константин Трпеноски и композиторот Никола Коџабашија.