Глобус-Неделен весник

  • Македонија
  • Свет
  • Ревија
  • Архива
  • Контакт
  • Фељтон
  • Колумни

ВАЈГЛ: ЗАД НЕЈАСНИОТ СТАВ НА ВМРО ДПМНЕ СЕ КРИЕ ЖЕЛБА ЗА НЕУСПЕХ

September 22, 2018 Filed Under: Македонија

Го читав последното соопштение на ВМРО-ДПМНЕ. За разлика од ЕПП, чии членови се и тие, ВМРО-ДПМНЕ и натаму инсистира на негативен став и мислам дека тоа, за перпсективата и улогата на ВМРО во македонската политика не е добро – вели Вајгл.

Вајгл, го критикува „негативниот став“ на опозицијата кон решението за спорот за името и вели дека стравува оти овој референдум може да е „последна шанса“.

„Мислам дека сега е момент кога сите треба да застанат на иста страна, на страна на долгорочниот интерес на Македонија. Затоа што тешко е да се поверува дека некогаш повторно ќе се укаже така поволна прилика и дека ќе добие поддршка од сите меѓународни фактори за влез на Македонија во ЕУ и НАТО. Ако не успее овојпат се плашам дека е ова последна шанса„ вели Вајгл во интервју за МИА.

Вајгл додава дека нејасниот став на ВМРО-ДПМНЕ всушност крие желба за неуспех на референдумот.

„Што се однесува на другата страна, оние кои се против Договорот, мислам дека има доста нетранспарентни ставови, доста политички игри има во тоа. Го читав последното соопштение на ВМРО-ДПМНЕ. За разлика од ЕПП, чии членови се и тие, ВМРО-ДПМНЕ и натаму инсистира на негативен став и мислам дека тоа, за перпсективата и улогата на ВМРО во македонската политика не е добро“ вели Вајгл.

Известувачот за Македонија ги отфрла и аргументите според кои етничките разлики во ставовите кон референдумот претставуваат некаква опасност за државата и оценува дека етничките односи во земјата се “позитивни како што можеби и никогаш не биле“. Тој исто така вели дека гласањето на 30 септември не е етничко гласање, туку гласање за иднината на државата. Вајгл, исто така, ги отфрла аргументите според кои Договорот не носи гаранции за старт на преговорите со ЕУ, доколку бидат исполнети другите услови.

– Македонија ги има сите гаранции и расположението во ЕУ е такво, и тоа се виде вчера во расправата за состојбата на ЕУ, дека вклучувањето на сите земји од југоисточна Европа во ЕУ е перспектива на целата Европа. Не треба да има сомнеж во тие обврски. Тие обврски ќе бидат исполнети и Македонија ќе ги започне преговорите со ЕУ идното лето, порачува европратеникот и известувач за Македонија во ЕП Иво Вајгл

Filed Under: Македонија

ЕВРОПСКА УНИЈА ДО ЗАПАДЕН БАЛКАН – НЕМА ВЕЌЕ ПАРИ „НА ЖИМИ МАЈКА“
ЕВРОПА ДА СЕ ОБЕДИНИ, РЕФОРМИТЕ СЕ ТЕШКИ
ОБВИНЕТИ ЗА НАПАДОТ ВО БАЊСКА ВО „ЌАЦИЛЕНД“ ВО БЕЛГРАД
ЦАНЕ АНДРЕЕВСКИ: НЕ ЗНАМ ЗОШТО СЕ ПЛАШИМЕ?
НОВО ОБМИСЛУВАЊЕ ЗА ФИНАНСИРАЊЕТО НА РАЗВОЈОТ ОД ПЕРИФЕРИЈАТА

Најново

  • ЕВРОПСКА УНИЈА ДО ЗАПАДЕН БАЛКАН – НЕМА ВЕЌЕ ПАРИ „НА ЖИМИ МАЈКА“
  • ЕВРОПА ДА СЕ ОБЕДИНИ, РЕФОРМИТЕ СЕ ТЕШКИ
  • ОБВИНЕТИ ЗА НАПАДОТ ВО БАЊСКА ВО „ЌАЦИЛЕНД“ ВО БЕЛГРАД

Импресум

Издавач - Здружение за нови политики и слобода на медиуми "Јавност" - Скопје,

Партизански одреди 23/1/3 Скопје

globus@globusmagazin.com.mk

Барај

Сите права задржани© 2025 · ГЛОБУС · Log in

Developed by Unet