Глобус-Неделен весник

  • Македонија
  • Свет
  • Ревија
  • Архива
  • Контакт
  • Фељтон
  • Колумни

ВЕДНАШ ПО ДОАЃАЊЕТО НА ВМРО НА ВЛАСТ СЕ ЗАБЕЛЕЖУВА ПАД НА ГРИЖАТА ЗА ВЕДНОСТИТЕ ЗА КОИ СЕ ИНТЕРЕСИРА ФРИДОМ ХАУС

February 3, 2026 Filed Under: Македонија

Власта од надворешните лоши оценки сде брани со тоа што го игнорира мониторингот – велат од СДСМ

СОВЕТОТ НА ЕВРОПА Зошто Мицковски ги затвора сите прозорци кон ЕУ?

Затворањето на постмониторингот не е успех на Мицкоски, вели СДСМ

СДСМ преку соопштение вели дека е горд на постигнувањата за време на нивниот мандат од 2017 до 2024 година и реформските мерки што ги презеле за подобрување состојбата во земјата како и состојбата со човековите права.

„Анализата на меѓународните индекси јасно покажува дека токму овој период бил обележан со напредок во областите на владеењето на правото, слободата на изразување и граѓанските слободи.

Според индексот на Freedom House ‘Freedom in the World’, резултатот се зголеми од 4/3 (политички права/граѓански слободи) во 2017 година на стабилни 67–68/100 до 2023 година, со подобрување во политичките права од 4 на 3.

Слично, World Justice Project ‘Rule of Law Index’ покажува подобрување на рангот од околу 70/113 во 2017 година на 67/142 во 2024 година.

V-Dem ‘Human Rights Index’ се зголеми од 0.78 на околу 0.82, нагласувајќи подобра заштита на слободите на здружување и изразување.

Овие резултати се директна последица на нашите реформи и зајакнувањето на медиумските слободи, поддржани со активно ангажирање во ЕУ интеграциите.

Меѓутоа, повторното доаѓање на ВМРО на власт во мај 2024 година веќе покажува знаци на влошување, што се гледа во благ пад на резултатите во 2024–2025 година.

Според Freedom House, резултатот падна од 68/100 во 2023 година на 67/100 во 2024 година, за само неколку месеци владеење на режимот на ВМРО/ЗНАМ тендер коалицијата, со критики за корупција и притисок врз медиумите.

Особено загрижувачка е состојбата во областа на медиумите, каде што се гледа повторен пад сличен на оној од периодот до 2017 година, кога под режимот на ВМРО, рангот на Reporters Without Borders ‘World Press Freedom Index’ падна на 116. место во 2013 година.

Во нашиот мандат рангот се подобри од 111. место во 2017 година на импресивно 36. место во 2024 година.

Меѓутоа, во 2025 година, рангот падна на 42. место, што укажува на растечки притисок врз новинарите, дезинформации и намалување на довербата во медиумите.

Ова влошување се гледа и во ЕУ извештајот од 2025 година.

Денешното укинување на комисијата за постмониторинг дијалог од страна на Парламентарното собрание на Советот на Европа (ПССЕ), која постоела повеќе од 25 години, не е никаков успех на тендер коалицијата ВМРО-ЗНАМ, како што тоа го претставува Мицкоски, туку чекор, врз основа на реформите започнати во претходниот период

Ова денешно укинување на комисијата е премин на друг вид известување: Комисијата е укината, но Советот на Европа (и ЕУ преку своите механизми) и понатаму ја следи состојбата преку периодични прегледи на сите членки, годишни извештаи и можност за повторно отворање на мониторинг ако дојде до назадување во човековите права или демократијата.

Тоа значи дека известувањата ќе продолжат да се испраќаат, а надзорот останува активен, само во поинаков формат, без посебен дијалог за Македонија“, вели СДСМ во соопштението.

 

Filed Under: Македонија

„ИГРИ НА ПРОШИРУВАЊЕТО“: ЕУ БАРА ЗАБРЗАН МОДЕЛ ЗА УКРАИНА А ЗАПАДЕН БАЛКАН СЕ ПЛАШИ ОД СТАТУСОТ НА „ВТОРА ЛИГА“
ИЗВЕЗЕНИ МАКЕДОНСКИ „КОРНИШОНИ“ СТАНАА ГЛАВНА АФЕРА ВО СРБИЈА
MЕТЕ ФРЕДРИКСЕН – ЖЕНАТА ШТО СТОИ МЕЃУ ТРАМП И ГРЕНЛАНД
KOЈА Е РАЗЛИКАТА МЕЃУ АНТЕ ГОТОВИНА И ДРАЖА МИХАЈЛОВИЌ, ВИДЕНА НИЗ ДВАТА ПОСЛЕДНИ ФИЛМОВИ ЗА НИВ?
КИНЕСКАТА СТАПИЦА: КАКО ТРГУВААТ ПЕКИНГ И МОСКВА

Најново

  • „ИГРИ НА ПРОШИРУВАЊЕТО“: ЕУ БАРА ЗАБРЗАН МОДЕЛ ЗА УКРАИНА А ЗАПАДЕН БАЛКАН СЕ ПЛАШИ ОД СТАТУСОТ НА „ВТОРА ЛИГА“
  • ИЗВЕЗЕНИ МАКЕДОНСКИ „КОРНИШОНИ“ СТАНАА ГЛАВНА АФЕРА ВО СРБИЈА
  • MЕТЕ ФРЕДРИКСЕН – ЖЕНАТА ШТО СТОИ МЕЃУ ТРАМП И ГРЕНЛАНД

Импресум

Издавач - Здружение за нови политики и слобода на медиуми "Јавност" - Скопје,

Партизански одреди 23/1/3 Скопје

globus@globusmagazin.com.mk

Барај

Сите права задржани© 2026 · ГЛОБУС · Log in

Developed by Unet