Во Велес ќе ве осудат на 18 месеи затвор за 10 тегли ајвар, три години за кебапи ама два пати ќе ви дадат условно за посеризни дела ако сте полицаец. Па и кога ќе се обидете да ја убиете партнерката а таа ќе се одбрани во ситуација „или тој или јас“ можете да бидете казнети… Во овј суд делењето правда е како да се игра томбола
Се сеќавате ли на велешанецот Петре Кариманов? Не, да помогнеме – тоа е оној човек што беше осуден на казна затвор заради тоа што украл кебапи! Предизивкал штета од шест илјади денари. Ја призна вината и за обивнение – тешка кражба доби казна затвор од три години. Го помниме велешкиот суд, заедно со обвинителите од соседството по многу слични бисери а за сегашното актуелно обвинение по кое Пале Илпска ќе треба да излезе пред суд со обвинение за убиство во миг иако таа трпела физичко насилство од невенчаниот партнер. Долго и сурово… типот бил веќе осуден два пати условно за ниту малку наивни дела (!), ама останал во полиција на работа. Во мигот на убиството било „или јас или тој“. Дали не е тоа нужна одбрана? Реагираше и Хелсиншки.
Имено, Хелсиншкиот комитет за човекови права реагира на одлуката на Јавното обвинителство да покрене обвинение пред надлежен суд против Пале Илоска од Велес, долгогодишна жртва на семејно насилство. Сметаме дека во конкретниов случај станува збор за акт на самоодбрана, односно, за институтот нужна одбрана, а не за сторено кривично дело „убиство на миг“ – велат од оваа невладина.
Според достапните информации и изјавите на сведоците кои беа пренесени во медиумите, Илоска неколку години била во врска со велешкиот полицаец, кој претходно бил осудуван за изнуда и други кривични дела. Во текот на нивната врска, таа често била малтретирана и тепана. Имајќи предвид дека убиството се случило во момент додека починатиот вршел физичко насилство и директно го загрозил животот на жртвата, се јавуваат индиции дека станува збор за нужна одбрана. Впрочем, овие индиции се потврдени и во соопштението од Јавното обвинителство:
Хелсиншкиот комитет бара судот да постапува со должно внимание во овој предмет и да ги разгледа сите решителни факти. Особено, треба да ги има предвид историјата на насилството врз жртвата, интензитетот на нападите и на повредите кои претходеле на настанот, раздразнетоста и уплавот кај жртвата во моментот на случување и истовремениот противправен напад – ударите по телото на жртвата, давењето и сериозноста на заканата по нејзиниот живот. Судот ќе треба да утврди под кои околности се случило убиството, но сметаме дека нужната одбрана не треба да се гледа само во времето кога се случил настанот, туку треба да се земе предвид дека Илоска била долгогодишна жртва на психичко и физичко насилство, со што кај неа се развил интензивен страв за нејзиниот живот.
Понатамошното постапување на правосудните органи во овој случај несомнено ќе го одрази и нивото на општествена свест, а ќе придонесе и за охрабрување на жртвите за пријавување на насилство врз жените и семејно насилство – завршува хелсиншкиот.
Велешанецот кој настрада заради кебапите веројатно е излезен од затвор. Само да не му се пријаде. Ете, неговиот сограѓанин Роланд Адемовски добил 18 месеци за украдени десет тегли од туѓ подрум. Се прифаќа ако биле теглите полни со домашен ајвар.