Во услови на неиспорачани резултати, а огромни очекувања, власта е принудена да импровизира“, вели во изјава за „Фронтлајн“, Ивон Величковски – лидер на Движењето за нова република, поранешен пратеник и лидер на Либералната партија, коментирајќи ги политичките и економските актуелности во земјава
„Кадровски, оваа влада е „пријателска”, сведена на пријатели, кумови и братучеди. Политички, владеењето на правото, борбата со корупцијата, судските реформи, евроинтеграциите – се е во застој. Економски и социјално – останува истата економија на буџетска зависност и ниска продуктивност. Во такви услови – власта очигледно е принудена да се однесува „пиромански“ во меѓуетничките односи: прво да потпалува оган, а потоа да се претстави дека го гаси“, вели Величковски.
Според него, она што ги изненадува е отпорноста на опозицијата да не влезе во етно-партиско договарање и да не наседне на провокациите со кои власта проектира политичка дестабилизација преку толерирање на говор на омраза – било кон припадниците на народите во Северна Македонија, било во соседните држави.
Во понов текст овој автор пишува дека „иако ВМРО-ДПМНЕ бара начин за провокација кон „Шиптарите” за да ги обвини за дестабилизација: За Македонците – Албанците биле и се Албанци Пред се затоа што тие сакаат така да ги нарекуваме. Исто како што Албанците не нарекуваат Македонци затоа што ние сакаме така да не нарекуваат.
Затоа на почеток да им се обратиме соодветно на југо-македончињата:
Ви имате потребу да докажете да сте још увек употребљиви политици поделе Северне Македоније клином српског и руског света који тражи излаз на Егејско Море.
Македонци и грађани Северне Македоније не.
Та политика је деценијама пројектирала Македонце у стању зависности од Србије (већ пројектирана у руску зависност) преко наметнуте конфликтности према Бугарима, Грцима и Албанцима и према 4 од 5 суседа.
Хоризонти ове операције се назиру још током 1980-тих: Како је Милошевић јуришао ка Газиместану, а места словеначких, хрватских, македонских, бошњачких… старешина унутар ЈНА су заузимана од оних лојалних њему за припрему крвавих југословенских ратова – тако се код Македонаца тихо ширила друштвена и медио-партиска култура “античко-православног” супремационизма у односу према суграђанима и суседима.
Зато су Албанци у Северној Македонији осамдесетих “изненадно” постали “досељеници са планина” и “Шиптари” у истом тренутку када је Милошевић “открио” да је “Космет седиште шиптарског иредентизма” укидајући аутономију Косову, а Скопље је блокирало сигнал Радио-телевизије Приштине да се не би знало шта се догађа “на Косову”.
Речник “Албанци-Шиптари”, “Бугари-Татари”, “Грци-Цигани”… је био инсталиран да би омаловажавањем свих и до и после 1991-ве (Северна) Македонија остала југословенска караула – клин старог Београда који од Прешева продужава ка Солуну. Територијом “Старе Србије”.
Зато је, задње, аутокефалност Охридске Архиепископије томосом СПЦ постала “довољна”, не би ли се умањила улога Васељенског патријарха и прећутело да Православна црква у Северној Македонији циља канонском јединству са свим, а не само са православним црквама у Србији и Русији.
Оттука, неколку пораки до владата и особено до ВМРО-ДПМНЕ:
- ДУИ не ја „лапна јадицата” преку неа мнозинството непретставени Албанци да бидат третирани како етно-дестабилизирачки фактор.
- Опозицијата не наседна на потребата на Белата палата од етно-македонски меѓупартиски договор за продолжување на југо-македонистичката политика како до 2016.
- Атина, Софија, Приштина и Тирана не влегуваат во играта на „Илинденска” 2 и „Вила Водно” за отворање нови спорови на Скопје во интерес на Белград. Затоа
- Штетно за државата и особено за македонскиот народ ќе биде доколку ВМРО-ДПМНЕ продолжи со политиката „Провокација за дестабилизација”.
- Играта е провидна. Злоупотребата на познатите инструменти: потпалувачки потези и зборови на шовинизам, од споредни политичари од власта или од навивачки групи сеедно, „спонтани” тепачки по автобуски станици… сето тоа е познато и предвидливо. И оди на конто на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ. Со се што тоа ќе (треба да) произведе.
(civilmedia.мк)