Голем дел од жителите на пограничните области на Венецуела се гладни, во постојан страв од локалните нарко-босови и свесни дека нема да дојде заштита од владата, па затоа неволно ја прифатија терористичката група која им нуди заштита и основни услуги
Тие им носат вода за пиење на жителите во сушните области, ги учат земјоделците како да не ги губат своите посеви и ги лекуваат оние на кои им е потребна помош. Тие помагаат при спорови околу земјиштето, решаваат разводи, истражуваат злосторства и казнуваат крадци.
Но, тие не се полицајци, инспектори или членови на владата на Венецуела, чие влијание практично исчезна од овој сиромашен дел од земјата. Тие припаѓаат на една од најпознатите бунтовнички групи во Латинска Америка. Соединетите држави и Европската унија ги сметаат за терористи, поради бомбашки напади и киднапирања за време на неколку децении насилство.
Економскиот колапс на Венецуела толку многу ја уништи земјата што бунтовниците зазедоа големи делови од територијата под нивна контрола. Како што се распаѓаше земјата, така се распаѓаа и мини-државите.
Голем дел од жителите на пограничните области на Венецуела се гладни, во постојан страв од локалните нарко-босови и свесни дека нема да дојде заштита од владата, па затоа неволно ја прифатија терористичката група која им нуди заштита и основни услуги.
Бунтовниците се „оние кои ни донесоа стабилност“, вели Обер Ернандез, водачот на локалното племе на полуостровот Гвахира, веднаш до Колумбија.
Марксистичките герилци од Националната ослободителна армија, познати под кратенката ЕЛН, се најголемата преостаната бунтовничка група во Латинска Америка. Тие започнаа да ја преминуваат границата со Колумбија минатата година – во последната земја тие беа во војна со владата повеќе од педесет години.
Венецуелскиот авторитарен претседател Николас Мадуро одби да признае дека колумбиските герилци пристигнале на негова територија, иако според некои проценки на колумбиската армија, активисти и аналитичари, скоро половина од герилците кои биле во Колумбија сега се во Венецуела.
Во главниот град Каракас, Мадуро сè уште ги држи цврсто сите нивоа на моќ, а неговата армија е способна да одговори на каква било закана по неговото владеење со сила. Но, во многу делови на земјата, државата и нејзината влада попуштија драстично, дозволувајќи им на вооружените групи и криминалните организации да ги преземат работите во свои раце. Последиците се често трагични.
Економијата на Венецуела пропадна, поради долгогодишните лоши потези од врвот и американските санкции против владата на Мадуро. Тоа доведе до војна меѓу завојуваните криминални групи за контрола на илегалните трговски патишта кон Колумбија, велат жителите на полуостровот Гвахира. Цели две години, домородците од племето Вају живееја со герилците, формирајќи појас од двете страни на границата.
Фатени меѓу два пожара, семејствата на Вају мораа да ги напуштат своите домови под покритие на ноќта. Зад себе оставија сè што имаа, целиот добиток и свежите гробови на нивните роднини.
Стотици од нив некако успеаја да стигнат до Колумбија. Оние што останаа живеат во постојан страв, огорчени што владата на Венецуела не им помогна.
И тогаш, велат тие, пристигнаа борците на ЕЛН, со своите пушки и нивните колумбиски акценти. Организирани и добро вооружени, тие брзо успеаја да ги избркаат локалните банди кои ги тероризираа селата. Герилците воведоа строги казни за грабеж и киднапирање на говеда, учествуваа во решавање на земјишни спорови, донесоа вода за пиење со камиони, донесоа лекови и истражуваа кривични дела, велат локалните жители. За возврат, тие ги презеле патишта за шверц на стока и дрога. Тие воведоа и даноци на трговци и сточари.
Како и другите земји од Латинска Америка, Венецуела имаше проблем со вооружени групи, дури и пред сегашната економска криза. Но, ретко кога криминалните организации уживаа толкава територијална и економска контрола, и ретко владата отсуствуваше толку многу, како што е случајот сега.
„Венецуела, ако продолжи вака, ќе биде територија поделена од многу вооружени групи“, рече Андреј Сербин Понт, експерт за Латинска Америка. „Враќањето на контролата врз територијата ќе биде огромен предизвик“.
До неодамна богата со нафта, Венецуела создаде силна држава низ децениите што успеа да стигне до најоддалечените делови на земјата, преку училишта, патишта и полициски станици.
Но, од почетокот на економската криза во 2014 година, извозот на нафта опадна за скоро 90 проценти, вели Пилар Наваро, економист од Каракас. Државните службеници се повеќе се вклучуваат во измама и изнуда. Припадниците на силите за спроведување на законот продавале оружје и информации на криминални групи и ги рекетирале, тврдат полицајците запознаени со настаните. Владата полека започна да се повлекува од некои делови на земјата.
На југ, бруталните вооружени групи познати како „синдикати“ управуваат со нелегално минирање, обезбедувајќи електрична енергија и гориво, а понекогаш дури и медицинска опрема за клиниките во градовите што ги контролираат.
По должината на границата меѓу Венецуела и Колумбија во должина од 2.250 километри, главниот збор го имаат ЕЛН и другите бунтовници. Само пред десет години, градот Парагвај на полуостровот Гвахира имаше неколку банки, пошта и суд. Сега сè е затворено. Болницата нема ниту основна опрема, ниту лекови. Со денови нема струја. Чешмите се суви со години.