Глобус-Неделен весник

  • Македонија
  • Свет
  • Ревија
  • Архива
  • Контакт
  • Фељтон
  • Колумни

ВЕСНИКАРСКИТЕ ФОТОГРАФИИ НЕ СЕ ХОЛИВУД

April 30, 2019 Filed Under: Ревија

Имал само момент. Забележениот момент му донел Пулицерова награда. Нему и на остатокот од Ројтерсовите фотографи што ја снимиле бедата на бегалците од Јужна Америка

ВЕСНИКАРСКИТЕ ФОТОГРАФИИ НЕ СЕ ХОЛИВУД

Имал само момент. Забележениот момент му донел Пулицерова награда Нему и на остатокот од Ројтерсовите фотографи што ја снимиле бедата на бегалците од Јужна Америка

АВГАНИСТАН Маринец на фронтот во Авганистан во судир со талибанците

МАРКО ЛОВРИЌ

Петел се перчи во прв план, изрешетан Хондурашанец лежи во вториот, а око лу нив е урбаната пустелија на Сан Педро Сула. Можни се бројни читања на таа фотографија на Горан Томашевиќ – и дека човечкиот живот е ефтин, и дека природата ќе триумфира кога сите луѓе ќе се поубијат меѓусебно, и дека Хондурас не стои баш најдобро во Индексот на човековите права на Обединетите нации. Но, рековме, ние сме го имале целото време да ги сватиме тие работи а Горан Томашевиќ имал само момент.
„Весникарските фотографии не се Холивуд. То се работи кои ќе се случат а време се нема. Препознавам момент, и забележувам или не забележувам со камерата.“
Тој забележен момент на Томашевиќ му донел Пулицерова награда. Нему и на остатокот на тимот на Ројтерсовите  фотографи што го снимиле бегалскиот јад на  Латинске Америка.
„Се обидував минатите години да направам приказна за локалните криминални банди во Хондурас, Ел Салвадор, Мексико, оние кои го имаат клучното влијание на трговијата со бело робје и со наркотици. Имаат прсти у сите сфери на општеството.. Било тешко да се добие пристап на тие луѓе – и од нив самите и од властите. На крајот ме пуштија да сликам и во ќелиите и да се видат наркотиците, оружјето и маскираните криминалце“, вели Томашевиќ за НИН.
И во затворот и вон него се бавел со организации што се познати и на тукашните следбеници на американската криминална сцена – Мара Салватруча и Барио 18. Ако правите приказна за едната, не можете за другата, ривалитет е тоа. Ама Томашевиќ успеал да ги покрие и обете. Фотографијата што му донела „пулицер“ ја снимил на полициски увид, и одлично се вклопила са работите на колегите кои ги следеле латиноамериканските бегалци, како на сомнителните би им покажала од што тие несреќници бегаат. А несреќниците што бегаат од некого се чест мотив на Горан Томашевиќ. Две недели пред Олимпијадата 2012, за која го готвел фото-апаратот, шефот го прашал дали би заминал за Сирија. Веднаш гозаборавил спортот. Завојуваните некогаш ги делеле 15 или 20 метри а тој бил меѓу нив..
„На теренот нема време за емоции. Морате да се однесувате во согласност со борбената ситуација. Кога ќе се вратите дома, му е враќаат тие слики; тука доаѓаат и емоциите. Подготовката е многу битна. Фотограф мора да знае зошто оди на таквото место и да биде свесен шта може да му се случи. То е клучот да изезете живи од приказната.“

НАГРАДЕНА ФОТОГРАФИЈА Фотографирано во Хондурас, за време на полициски увид

Роден во Белград, Горан Томашевић, првите воени кадри ги направил во Хрватска, Босна и Косово. Фото-апаратот подоцна го одвел во Палестина, Ирак, Либија. и Бурундија. Извештај за среќата во светот – да навистина така се вика – ја става оваа земја на 156 место (во 2018 година). Во обидот на државен удар толпата сакала да линчува полицајка во 2016 година. Од друга старна Томашевиќ го сликал претседателот додека играл фудбал.„ Успеав да одржам контакти со двете страни“, – велк лаконски. Не сте помислиле дека минатогодишната епидемија на ебола во Конго минала без него?

ГОРАН ТОМАШЕВИЌ Има правила во фотографскиот занает за да се остане жив

„Тука нема шега, правилата се стриктни, ама не било така тешко – само треба да се држиш на дистанца од болните. По посетата на нивните простории се симнува заштитното одело, чизмите, се дезинфикува неговиот апарат… Фала богу, се минало како што треба.“

Одкаде ќе се донесат следните трудови за насловните страници на светските медиуми? „Венецуела, Либија, Конго, ќе одлучам следните денови.“

ВОЈНИЦИ ВО КОНГО Го терале да оди со нив и да ги слика нивните „победи“

 

Filed Under: Ревија

СДСМ НА МЕЃУНАРОДНА СЦЕНА ГИ БРАНИ НАЦИОНАЛНИТЕ ИНТЕРЕСИ А ВЛАДАТА?
ОРДАНОСКИ: ВОЈНАТА ВО УКРАИНА ГОДИНАВА НЕМА ДА ЗАВРШИ, РУСИЈА НЕ Е ПРОБЛЕМ ЗА НАТО
ИСТОРИСКИ МОМЕНТ ЗА ДЕМОКРАТИТЕ ВО ЊУЈОРК: КОЈ Е ЗОХРАН МАМДАНИ
БЛАГОЈ МИЦЕВСКИ (2): ИДЕНТИТЕТИ – БУДЕЊЕ И УМЕТНИЧКАТА СОРАБОТКА СО РИСИМА РИСИМКИН
СТУДЕНТИТЕ И ГО ОДЗЕДОА ВИДОВДЕН НА ВЛАСТА

Најново

  • СДСМ НА МЕЃУНАРОДНА СЦЕНА ГИ БРАНИ НАЦИОНАЛНИТЕ ИНТЕРЕСИ А ВЛАДАТА?
  • ОРДАНОСКИ: ВОЈНАТА ВО УКРАИНА ГОДИНАВА НЕМА ДА ЗАВРШИ, РУСИЈА НЕ Е ПРОБЛЕМ ЗА НАТО
  • ИСТОРИСКИ МОМЕНТ ЗА ДЕМОКРАТИТЕ ВО ЊУЈОРК: КОЈ Е ЗОХРАН МАМДАНИ

Импресум

Издавач - Здружение за нови политики и слобода на медиуми "Јавност" - Скопје,

Партизански одреди 23/1/3 Скопје

globus@globusmagazin.com.mk

Барај

Сите права задржани© 2025 · ГЛОБУС · Log in

Developed by Unet