Глобус-Неделен весник

  • Македонија
  • Свет
  • Ревија
  • Архива
  • Контакт
  • Фељтон
  • Колумни

ВЕТИНГОТ Е БЕЗБЕДНОСНО А НЕ ПАРТИСКО ПРАШАЊЕ

January 26, 2021 Filed Under: Македонија

МО ги отфрла како лаги и манипулации обвинувањата на Ковачки – ветингот го врши тим обучен од НАТО експерти

ДРАГАН КОВАЧКИ ВМРО ДПМНЕ го предлагаше за министер

Помина времето за пазарење со безбедносните сертификати и нивно политизирање, рече денеска полковникот и офицер за безбедност во Министерството за одбрана (МО), Горан Василевски, отфрлајќи ги како лаги, манипулации и двојни аршини обвинувањата на ВМРО-ДПМНЕ и Драган Ковачки во врска со ветингот.

Василевски напомена дека ветингот го врши тим обучен од НАТО експерти врз чија работа не се врши апсолутно никакво влијание, додека двете лица кои ги спомнува Ковачки, добиле НАТО и национално-безбедносни сертификати во времето на претходната влада, раководена од ВМРО-ДПМНЕ.

– Како припадник на безбедносниот сектор кој носи одговорност во дел од процесот за издавање безбедносни сертификати, изразувам силна осуда за тенденциозно наметнатата тема за ветинг процесот која Ковачки и ВМРО-ДПМНЕ упорно ја форсираат во јавноста. Наспроти обвинувањата дека станува збор за непрофесионализам и партиско влијание, одговорно тврдам дека постапката за ветинг ја врши тим обучен од НАТО експерти врз чија работа не се врпи апсолутно никакво влијание, истакна Василевски во изјава пред Министерството.

Очекував, дополни, да престанат, зашто е непрофесионално ова што го прават и зашто во овој сектор лагите и манипулациите со кои се служат се опасни.

– Но, бидејќи не престануваат, одговорност ми е да кажам дека маските мора да паднат. Денес ВМРО-ДПМНЕ и Ковачки паднаа во дупката која за друг ја копаа. Двете лица кои тој ги спомнува ги добиле своите НАТО и национално-безбедносни сертификати токму во времето на претходната влада, раководена од партијата која ги организира прес-конференциите. Добиле сертификати од нив, од нивно време, а за едно од лицата во досието фигурира и потписот на Ковачки кој потврдува дека нема никаков проблем на тоа лице да му се издаде национален и НАТО безбедносен сертификат. И сегам зошто лаги, манипулации и двојни аршини? Како офицер за безбедност тврдам дека е поминато времето за пазарење со безбедносните сертификати и нивно политизирање, подвлече Василевски.

ПОДДРШКА Ковачки имаше силна подршка од експретседателот Иванов, што значи дека беше несомнен партиски миленик

Ковачки и денеска на прес-конференција обвини дека „институциите под власт на СДСМ издаваат НАТО сертификати само на лица подобни за власта“.

Во еден период од својата кариера, додека ВМРО-ДПМНЕ е на власт, а Ѓорѓе Иванов Врховен командант, Драган Ковачки бил раководител на Воената служба за безбедност и разузнавање.

Неговото име се актуелизираше неодамна откако Стево Пендаровски ја презеде претседателската позиција. Имено, Ковачки беше меѓу неколкуте спорни унапредувања кои Иванов ги потпиша во предизборниот период. Затоа, новиот шеф на државата и Врховен командант потпиша нови укази за разрешувања, поставувања и отповикувања во Армијата. Така, Ковачки беше разрешен од позицијата на која го постави Иванов – командант на 1. Механизирана бригада.

Но, посериозен проблем во потегот на Мицкоски да го предложи Ковачки за технички министер за внатрешни работи лежи во Уставот на земјата кој забранува униформирано лице да биде цивилен шеф на министерството за внатрешни работи или за одбрана.

Ковачки важи за човек близок до Синиша Алексовски, поранешниот советник за национална безбедност на претседателот Иванов. Името на Алексовски беше споменато на судењата за настаните на 27 април.

Во текот на процесот браќата Стефан и Михаил Младеновски, кои беа учесници во инцидентите, сведочеа дека Алексовски им пренел дека Ѓорѓе Иванов планирал вечерта на 27 април да прогласи воена состојба и дека припадници на воената полиција се подготвени да го уапста раководството на СДСМ.

 

Filed Under: Македонија

СДСМ НА МЕЃУНАРОДНА СЦЕНА ГИ БРАНИ НАЦИОНАЛНИТЕ ИНТЕРЕСИ А ВЛАДАТА?
ОРДАНОСКИ: ВОЈНАТА ВО УКРАИНА ГОДИНАВА НЕМА ДА ЗАВРШИ, РУСИЈА НЕ Е ПРОБЛЕМ ЗА НАТО
ИСТОРИСКИ МОМЕНТ ЗА ДЕМОКРАТИТЕ ВО ЊУЈОРК: КОЈ Е ЗОХРАН МАМДАНИ
БЛАГОЈ МИЦЕВСКИ (2): ИДЕНТИТЕТИ – БУДЕЊЕ И УМЕТНИЧКАТА СОРАБОТКА СО РИСИМА РИСИМКИН
СТУДЕНТИТЕ И ГО ОДЗЕДОА ВИДОВДЕН НА ВЛАСТА

Најново

  • СДСМ НА МЕЃУНАРОДНА СЦЕНА ГИ БРАНИ НАЦИОНАЛНИТЕ ИНТЕРЕСИ А ВЛАДАТА?
  • ОРДАНОСКИ: ВОЈНАТА ВО УКРАИНА ГОДИНАВА НЕМА ДА ЗАВРШИ, РУСИЈА НЕ Е ПРОБЛЕМ ЗА НАТО
  • ИСТОРИСКИ МОМЕНТ ЗА ДЕМОКРАТИТЕ ВО ЊУЈОРК: КОЈ Е ЗОХРАН МАМДАНИ

Импресум

Издавач - Здружение за нови политики и слобода на медиуми "Јавност" - Скопје,

Партизански одреди 23/1/3 Скопје

globus@globusmagazin.com.mk

Барај

Сите права задржани© 2025 · ГЛОБУС · Log in

Developed by Unet